Дали кога ги селектираш кои се ваши алишта, а кои нивни не ги допираш нивните алишта? Како и да е за да земеш што е твое го фаќаш и нивното, освен ако не чувате во посебни корпи валкани алишта. Никогаш не сум размислувала вака на ваа тема. Живеевме еден ериод заедно ама да тврдам дека ми е гад од нивните алишта.... Бурно не сум реагирала. Се перевме башка ама и да требало да се переме заедно без проблем ќе пуштев и нивни алишта.
Не е примитивно тоа, човечно е. Треба ептен да си дивјак да речеш ај што ги матам не пуштам машина. Ако не знаеш да се договориш , тогаш ти за ништо не знаеш компромис да направиш. Прочитав дека не си во заедница ама со размислувањево, мислам намали малку. Сите имаме снаи живот, и тие што се во заедница и ние што не сме. Ама де бре ако ти рече мајка ти пушти машина ок е, ама свекрва ти бог да чува никако. Ај пред да се мажите видете каде одите ( за сите воа ) , или ако ви е вреден газот делете се. Во заедница секогаш мора компромис да има.
Не сум живеела заедно никогаш. Иначе и сега дома имам 2 корпи за облека. Кога подобро ке размислам психолошки е отпорот кај мене, не дека ќе се онесвестам ако допрам нечии гаќи. Не сакам едноставно.
Ама членката која побара мислење кажа дека таа не сака тоа да го работи и дека обврската да ги пере алиштата на свекорот, свекрвата и деверот и е наметната... и да, споредба меѓу мајка и свекрва не може да се прави. Едната те родила, гледала, те перела и ти готвела цел живот а другата е странец кој до вчера не си го ни познавал. Никогаш нема свекрвата да го замени местото на мајка па дури и со "мамо" да ја пееш цело време. Не знам што е чудно во тоа да сакаш да одржуваш одредена дистанца како на пример во немешање на вакланиот веш. Кога си се омажила, си се омажила за маж ти а не за целата негова фамилија и не си должен некому да му ги переш гаќите исто како што и тебе никој не ти е должен да ти ги извршува твоите обврски. Како не ви смета да немате никаква граница посебно кога се работи за основна приватност и интимност не ми е јасно. Ако маж ти е муле и не знае да пресуди во такви ситуации тоа не значи дека ти треба да зависиш од неговата неспособност и да немаш свое мислење и став па да мора да трпиш се што не е по твоја воља.
Споредбиве мајка со свекрва ми се Па ти @CameliaMiller искрено ме изненади со коментариве, како да не пишуваше порано вака. Да, мајка е една, а свекрва не може да биде исто, аман. И перењето алишта може секој да си го прави посебно, не мора да се драми толку.
Мајка ми ме видела гола, ми мењала пелени, измочани гаќи и да не набројувам,додека свекрва ми не ме ни гледала. Примитивно е,одвратно.
Пишуваш како снаите од улица да си ги наоѓаат, па од сожалување им даваат кров над глава и се условени да прифаќаат се и сешто за раатот на свекорот и свекрвата да не го пореметат. А раатот на снаата битен ли е во приказнава? Никој не зборува за тоа снаата да лежи и ништо да не прави. Пишуваш општо за обврски, а конкретно се зборува за перење на алишта за сите. Мене тоа би ми го нарушило достоинството. И нема што некој друг да ми кажува спротивно. Не би перела туѓи алишта и нема што да се навлегува во дискусија, макар и да би нарушила однос за нешто што не би сакала да го правам. Подобро ќе си отидам, отколку моето јас да го ставам на последно место за атер на меѓуфамилијарни односи. Има многу други обврски што може хармонично и рамноправно да се поделат. И не знам како правите споредби со сопствена мајка и свекрва. Ама ич не е исто. Има милион разлики. Мајката не можам да си ја бирам, ама свекрвата, свекор и маж во секој момент можам да ги сменам. Јас пак би напишала, не знам ни како не им е срам на нив да и тутнуваат на снаата нешто толку интимно. За да имаш еден здрав однос, баш тие граници најдобро е да се постават, а не како магаре слепо да климаш глава и после да дојдеш да празниш енергија во темава. Не знам, изненадувачки е како се размислува. Да почнеме и ако не ,,мамо" и ,,тато" да ги викаме и да бацуваме раце. Бидејќи ете, ме избркале од дома и овие кров ми дале. Да, да, важи.
Настрана од муабетот за перење и готвење, ама некогаш кога ја читам темава, помислувам дека со ниедна постара личност никогаш не правите нормален муабет, не сте подариле нешто, не сте им помогнале у некоја ситуација за да не се осеќате криви пред мајките дека нив ги заменувате. И ја не би перела туѓ веш и не би извршувала туѓи обврски ако можат сами ама ни она тогаш нема што каките на детето мое утре да му ги фаќа ако ѝ е гадно. Впрочем ни со свекрва неќам да живеам ама не зашто е свекрва, туку зашто неќам со ниедна трета личност ако планирам да основам фамилија. И мајка ми нема да ја примам таму кај што ќе одам со идниот ми маж и нема да ја гледам ако може сама.
Јас првпат кога дојдов да живеам во заедница, многу имало поплаки за мене кај комшиите, ама ептен претерување, со месеци. Тогаш и јас престанав да се трудам. Мајче ќе напраам јас, ама пак комшиите ќе зборат, научени се твојот домаќинлук да го гледаат. Уста не затвораат и сама знаеш. Да видиш како сме си поделиле обврски како со сатар. Од незнаенка и свиленост синдром нема поарно. Еден ден напрај се дека ти се слошило многу, тежина ти дошло, не можам веќе речи. Ако сакаат нека седат во такво. Женидба не е најмување бесплатна слугинка, семејство се проширува и распределба на обврски МОРА да има. Снаата не работи. Да, ама не е ни роб. За една генералка колку се дава на жена од надвор? Сега во оваа сметка тури готвење, перење, чување дете... Толкава дневница на рака можеш да ѝ изброиш на снаата? Ако не, мадро ќе си седиш, Бог да чува. Ќерко, елај заедно да фатиме, јас прашина, ти прозорци, јас ќе мијам, ти реди. И маминото синче, магаре толкаво нека исчука тепих, нека крене каучот. Така бидува, така врви животот. Бог да чува ограничени луѓе. А прозорите, снао? Ааа, тебе те чекав за нив, комшиите со тоа устите сите маани од нивниот оџак си испраа со нас. Мајче, шо ќе ти правам неред само, не научив како тебе да готвам. Мф, многу убаво, може уште еден тањир? Да видиш после за секое кренато книвче од под како велат шуќур.
Не би сакала да имам контакт со долен веш на свекрва/свекор ама ако на некоја и е ок тоа не знам зошто го гледате како омаложување. Во темиве имам читано којзнае колку пати како свекрвите им перат и пеглаат долен веш на снаите (и тоа е ок со снаите), а верувам дека во реалноста тој случај е и мноогу почест отколку обратно. Ама ниеднаш не сум прочитала коментар на тоа во стил како не ви е срам да им го рушете достоинствето на свекрвите. Ако го осудувате едното, треба да го осудувате и другото. Мене лично не би ми било пријатно ниту да факам нивен долен веш ниту па тие мој, и секако тоа би го искомуницирала. Ама тоа е моја преференција. А за друга облека не би ми било проблем да пуштам машина со нивни маици, тренерки итн. Сигурно некогаш е попрактично и поекономично да се искомбинира одколку да пушташ повеќе машини посебно. Многу се драматизира, како снаата се очекува да биде робинка што и рекле ако сака да пушти машина а огромен процент од младите брачни парови што чекаат ручек и еден куп др работи од свекрвата тоа е супер, си имаат помош, своеволно жената
Така е! Се сложувам целосно. Ама од пусто да се упикаме и да се здружиме шо побрзо, се лигавиме со мамо тато, па ајде ќе варам кафе цел живот, па ќе перам гашти на цела фамилија. Смешки и патетики. Впрочем, која како сака нека прави, не сум ѝ на никоја дома и ништо не е точно или грешно. Но, за тоа си најмногу во право, кога се мажиме, овдешниве жени, се мажиме за цела фамилија. Оти нели мора да сме воспитани. Скраја ако сакаме дистанца и свој живот. Па и ако не сака да чува деца и да гледа и да помага, и за тоа постои муабет, жени бе. Не мора сѐ со гугање да е. Еве ние сме одвоени, понекогаш им го носиме на чување два сати, прифаќаат. Ама не очекувам да ми го гледаат како нивно пример. Едно е мајка ми моја, друго се тие. Па некои за среќа и не сакаат да им се буричка во нивни ствари, ниту да буричкаат. Незгодно им е. Ние сме дволичен народ. Од една страна се лижиме, демек тераме адети, од друга страна зад грб секакви работи ќе изнакажеме. Најубо ко во странство. Нит да ми мешаат, нит јас ним. Нит мамки нит татнежи, строго дистанцирано.
Америте имаат една смешка, погодете кој живее rent free во мојата куќа? Кучето или мачката. Кај нас снаата. Сака да не плаќа кирии и кредити, ама сака 100% интима да и е запазена, кафе да не направи, веш да не испере заедно, и сите во куќата да ја третираат како кралица. Само кај нас ги има тие очекувања. Храбра си да се одделиш? Не мора врата да отвориш никому ако не ти е ден. Ама во куќа каде ве примиле да живеете, и ви дале соба, треба да направите компромис.
Зошто им го оставаш детето ако не очекуваш да го гледаат како нивно? Јас им го оставам затоа што знам дека го гледаат како нивно, тоа е дете на син им. Имам доверба во три куќи да го оставам, моите, неговите и тетка ми. Знам дека го гледаат подобро од нивно.
Тоа се подразбира. Една куќа се. Мамо да не ја вика, веш да перат одделно ама кога ке затреба внучето да се причува.
Па не очекувам пелена да му менат или пример ете да е гладен па да го наранат. Не се случило да дојде до тоa, бидејќи гледам да е среден секогаш. Преспивање кај баба дедо нема шанси. Самите не се нафаќаат, и не им замерам, не можат да се замараат, едноставно со дете си сака фат. А за сат два не е проблем, ќе го почуваат или ќе го прошетаат малку. Во таа смислам не очекувам ептен да де нафатат како свое. А со мајка ми е подруго. Може и да го заспие, и како помал можеше, спретна е да смени пелена, јадење да му даде.
А синот каде се спомнува во твојот пост? Жена на жена непријател. Па и тој се уште седи со неговите, наместо кирии и кредити да плаќа. Или снаата е натрапникот тука, па ќе ја третираме како слугинка, бидејќи сме и дале соба, а инаку немала сиротата кај да живее. Што ви е бе? Убаво ви праат на глава кога ви се качуваат после. Компромис ќе правам за туѓи усрани гаќи. Можеби во некој друг паралелен свет.
Снаата е нов член. Таа и мажот ново семејство. Наместо да се одделат, тие седат со свекор и свекрва. Таквиот живот има цена. Не сум ја крива што некоја од вас не е спремна да ја плати. Во свој дом газда, во туѓ ке правиш компромиси. Наместо мажот да е крив, свекрвата лоша што кажала да испере веш или да исчисти што и да е. Денес мислам дека се подразбира дека сите делат обврски, чистење перење пазарање ручек одржување двор итн. Мене никој не ми се качува на глава. Јас сум лошата снаа.
Што филозофија е менување пелена? Ти не сакаш или свекрва ти не сака? Бабите на синко и газе му миеле покакано. За хранење не ни зборам, се подразбира дека ке го молат нешто да јаде.