Ах, ах, да ти се позлати устата. Санкир сите свекрви си го примиле мажот домазет, та од на татета им собата е. Свекрвата е исто толку "дојденка" како снаата, оти така е нормално и природно. Да не треба во инцести да живееме, ту кип ит ин д фемили Боже сачувај.. Самите вака си праат после успешно ќе си ја одбранат, таа аман аман скапоцена соба, па плачат оти ретко се јавувале децата. Едвај се куртулиле кутрите, за секој 1 залак , 1001 лаф после аман зошто... Никој не е ниту слуга ниту господар. Сите се семејство со свои права и обврски. Не ги терајте децата да бегаат од вас за да си ги сочуваат браковите и семејствата. Од тоа никој не излегува победник. Имам една роднина, само си ги слика објавува снаата, децата, внуците. Моите најмили, моите најубави, ова она. Си одат на пикник, си се шетаат по дуќани, си пијат кафиња, круните не им паднаа од глава. Еднаш во неколку недели на ручек ќе отиде, со софрата на снаата се фали, како снаата и внука ѝ ја учела да меси, сѐ со најубави зборови. Шо оти мојата зад мој грб само маани иако ко мајка ја служев и гледав? Веќе снаа ко мене со свеќа ќе бара.
Јас не знам како се согласувате да живеете во заедница, па некогаш и во една соба Тие работи се решаваат пред брак.
Никој никого не брка. Разлика во години и малку квадрати. Нема јака филозофија. Склоп на околности. Со тоа што снаата очекува да е главна, свекрвата уште поглавна. Да се разумни сите страни, убав живот ке имаат. Ама ако нема разбирачка, залудно е посебни корпи да ставаш кога реално ти треба посебно живеалиште. Ама тврдам дека ако на време си побегнат ке се зачуваат сите односи. Родители деца снаи свекрви внуци, се се.
А бе сеа си ја познавам свекрва ми. Да ја прашам шо филозофија е, ама незгодно ми е. Просто нема таква спретност, побавни потези а децава се секајца. А ми сега твоите се такви, мојата е ваква. И нема тука шо муабет.
Да, затоа има опции. Кирија и мир или заедница. Ако си функционирате така убаво, тогаш не гледам проблем. Битно е сите да се среќни.
А кога сте биле дечко и девојка па кога сте седеле кај него во соба кој ги перел чаршафите врз кои сте завршувале работа? Шала на страна, дојдов само да пишам дека на глас се изнасмеав на некои коментари, you made my day
Јас се прашувам и на гости кога идат на неколку дена некој пар дали сами си го перат чаршафот на кој се онаделе. Значи пак ќе повторам, за вакви поделикатни, погадни работи сум секако за секој своето оти туѓо и ја не би перела. Ама и на свекрвата ако ѝ е гади од бебешки повраќаници и пелени нека имаат младиве разбирање. Или ако ѝ е гадно да го бања детето.
Се уште не сум во брак,но нема шанси да живеам во заедница.Ни со моите ни со неговите.На мир и да се сакаш и да се скараш.
Никогаш не сум живеела во заедница, кога сме биле во врска сум преспала кај мм ( со сестра му делеше посебен спрат од куќата со посебно купатило и кујна кде владееа посебни правила) за свеки имав приметено дека: постелнина менува еднаш на два месеци , не се тушираат секој ден , не отвораат да луфтираат со изговор мн е ладно/топло ако отидеш кај нив на кафе се враќаш дома со мирис на манџа и стар зејтин Да ги перам јас? No way!! Откако се земавме и се преселивме со мм на тема перење ке издвојам: - не сум знаела да перам сум ги плескала алиштата , чиниш на раце перам а не во машина - машината ми била крш ке се расипела побрзо од нејзината , нејзината и беше од свадба значи 30+ години и центрифугата не работеше - не ми мирисале алиштата на омекшивач сум штедела … Да не должам , сега живеам километри и преку океан од неа ама и ден денес со мм се смееме на коментариве. Тие се така родени така ке умрат, гледајте вие да се спасите и да си живеете како ви е на вас убаво. На кој не му пречи нека пере, кој несака немора да пере многу едноставно.
Да. На такво домаќинство, дечко ти почист да не беше случајно? Навики за хигиена од родители доаѓаат.
Живееа во куќа на два спрата со надворешни влезови, имаа две кујни , купатила. Нормално дека се симнувал кај нив ама и он си го кажуваше истото и ден денес. Се нервираше и затоа беа поделени. Јас сум отворена и дирекна и би кажала ако немто не ми се допаѓа
Јас стално двонасочно ги правам муабетиве. Не перам гаќи нејзини ниту па очекувам за бебето да ми топли вода. (муабетот од пред некоја страна). Свекрва да пише Не ме пери снаата, ќе и пишам да не се занесува. Снаа да пише - ич не сака внучето да го чува - истото би и го кажала, како што и сум го кажала повеќе пати на темава. За да можеш да одбиеш безобразни барања, мора и ти да немаш безобразни барања. Кога сум била 2 недели кај свеки заради дефект на вода, не заборавив во ниту еден момент дека јас сум дошла кај неа и една сијалица не вклучував без да ја прашам. Е затоа знае дека НЕ СМЕЕ ни да помисли да ми рече да ја перам. Чиста сметка долга љубов.
Точно. Ама не живеете заедно. Да сте заедно ке има уште многу заеднички работи освен перење. Јадење да се прави, да испазариш, чистење на куќа/ стан итн. Не знаеме како се поделени обврските, членката јавно не кажа како стојат работите дома. Ако свекрвата тој ден зготвила и исчистила заеднички простории, зошто снаата да не пушти машина? Ние сме одделени веќе, пишав дека прави ручек и за нас. Кога сме кај неа, знае да каже ке сакаш да направиш кафе, или јас да се понудам да направам ако почнат тие со синко да се играат. Или додека бевме заедно, ке испазари свекор ми пред работа, кога ке се врати мене не ми е тешко да му наместам за ручек. Иако ретко, сум пуштала машини за сите, ама со взаемна почит е лесно, никогаш не сум нашла рафрлан веш во веце, туку се замотано во маица, и потоа мијам раце.
Кои животни лекции? Дека откако ке се ожени постелнина два пати неделно се менува? А до пред тоа на два месеци?
Значи сериозно би фаќале гаќи прљави на свекор и девер? Прво нив треба да им е непријатно, а не да бараат таква работа. Друго е да и рече ако веќе се ставени алиштата во машина да ја пушти само и исклучи, а свекрвата да си ги пружи. Друго она да гледа и допира туѓ долен веш...Едно време перевме во иста машина додека си го правеа купатилото, беше ставила се заедно и и реков друг пат јас и маж ми посебно ќе си ставаме долен веш. Јас на децата не ги ставам нивите гаќи и маици со моите ќе ги ставам со свекор и свекрва. Друго е готвење, чистење да се поделат обврски, а друго е да фаќам туѓ долен веш или свекрва да ми фаќа..