За моите да, ќе помогнам колку можам, ако треба здравје и жена ќе ангажирам. Но за свекор и свекрва не ми е обврска, ниту планирам да им изигрувам дадилка. Си имаат свои деца. А и плус не ни заслужиле, ама ај да не навлегувам во тоа, може па нема да залегнат, не се зборува ништо предвреме. И да заслужиле и да се најдобри кон мене, немам обврска за нив.
Не знам кој тоа од снаата го бара? Баба ми кога залегна, мама готвеше,а тато чистеше кај неа. Патем под моите не мислев само на моите родители,туку на свекор и свекрва. Би им помогнала колку што можам.
Во ред, немаш. Ама навистина не би помогнала на некој кој бил предобар спрема тебе и го заслужил тоа?
Јас зборувам за чување, а не за помош. Не знам сега зошто мешаме поими. Не би земала обврска постојано да ги бањам, да им готвам, да им чистам ако залегнат и да сме во нај нај односи.
Јас нема да им помагам на моите свекор и свекрва туку ќе му помагам на сопругот во грижата за нив. Замислете вашите родители да залегнат, а вашиот сопруг да ви рече: прави шо сакаш не е моја работа тоа. Не може така црно - бело да гледате на работите.
Баш… само повеќето случаи што ги знам, сопругот не се ни замара, снаата трча, бања, чисти тоа е, изместени работи
Зборувам за чување, ама ај нема врска. И може не сакам ни да им помагам ете, мое право нели? И плус јас не знам некој зет да готви и да чисти куќа за мајката и за таткото на жената, но ајде, може ти познаваш такви.
Прво провери колку чини еден дом каде што добиваш човечка нега. А што добиваш во државни домови, геријатрија ли беше, дали и постои. Прво дали можеш таму да однесеш човек, а и да однесеш ако ти е душман па да не ти е жал. Маж ми е единец. Не би дозволила тој да на бања мајка си, ако некогаш има потреба. И тој не би дозволил јас да го бањам татко ми.
И јас сум една. Не чекам од маж ми ништо. Ако сака ок. Во глобала не чекам од никого ништо, никој ништо не ми должи, ниту должам. Моите родители се моја обврска, а маж ми ако сака ќе помага. Се надевам нема да бидам никогаш во ситуација родителите да си ги видам така слаби, зошто знам дека никој жив не сака да зависи од никого, но јас не би имала проблем да го бањам татко ми. А други луѓе, не. Да се разбереме, не зборувам за кратка помош, неколку дена или не знам, пост оперативно. Зборам за долгорочно завземање обврска.
Може не би готвел или чистел, ама би можел на друг начин да помогне. Мене би ми било криво ако моите залегнат а мм мува нема да го лази
Ама да те праша маж ти, сакаш ли да ти помогнам нема да одбиеш? Јас зборувам за повремено помагање. Стари луѓе со години знаат да се болни, за таква нега има жени кои можат тоа да го работат. Денес кога сите работат, не знам дали некој би имал сила и време да чува стари лица и дома да се грижи за себе и децата.
Тоа што кога имаш човечки однос со некого, нормално е да сакаш да помогнеш. Од гаќи до чување дојдовме, ама горе долу ист заклучок.
Чување повозрасно лице е како работа во смени, некогаш е тука едниот, а некогаш е тука другиот партнер, и двајцата помагаат за повозрасното лице. И да, повеќето од нашите мајки, татковци, свекрви итн ќе имаат потреба од помош. Во дом да, ама во многу од нив нема воопшто хумани услови, а е и многу скапо. Некогаш и самиот родител сака да остане дома. Многу е битно да се третираме меѓусебно со свекрвите со достоинствен однос. Значи конкретно за @gentle.girl би рекла дека веројатно сакаат да "ѝ го покажат местото" со тоа што им го собира валканиот веш, што воопшто не е фер од страна на нејзината свекрва. И како и за се` друго во заедничкото живеење, макар и со најблизок, битно е да се знае кој што и кога прави од "заедничките" обврски. Да се договорат кои денови кој си ја има машината за себе, пример пон сре и петок пуштаат gentle girl и мажот ѝ, а другите денови, другите членови на фамилијата. И во посебни корпи да си ги чуваат. Ако свекрвата сака да ѝ наметне и други обврски на снаата, снаата треба да постави граници и правила, со цел да работи по дома само колку што може, а да го задржи односот со свекрвата.
Ама мажите дали толку ви се заангажирани за родителите ваши? Кречење, местење мебел и ламинат не спаѓа тука зошто прво тоа се работи што се прават еднаш годишно или еднаш во 5 години, второ воопшто не се ништо интимно или нешто што е психички захтевно ко што е захтевна грижата за болен човек. Кога ќе ми рече некоја - Маж ми нема проблем да им пере долен веш и да им менува пелени на татко ми и мајка ми и да им готви секој ден ручеци, рака ќе ви подадам што сте толку пожртвувани за неговите. Ама нажалост, секојдневната грижа за свекорот и свекрвата се изедначува со "маж ми еднаш ќе им помогне да го преместат плакарот", а ич не се исти ни споредливи тие две работи. Една не рече, маж ми е спремен да готви секој ден и да им менува пелени во случај да залегнат. А бе една, една не се најде да рече - Маж ми е спремен на ова. Затоа што никој маж не прифаќа такво нешто, порадо ќе оди да работи 3 пати повеќе и со парите ќе плаќа негователка, одколку да се грижи за родителите на сопругата. Епа и многу жени така, и јас исто така. Да залегнат и да им биде потребна неколку часовна грижа, или ќе се плаќа дом или ќе се плаќа жена. Ич немам проблем да се трга настрана од нашите пари и да им се даваат нив, родители ни се, се што треба ќе платам, најдобриот дом ќе им го најдам, најдобрата нега, ручеци ќе им порачувам да им носат, дел од нивните пензии, дел од нашите плати, ќе се покриеме некако. Ама и да сакам, а не сакам, ама и да сакам, не можам при деца, маж, работа, да одам и ручеци да готвам и машини да пуштам и генералки или евентуално пелени менување и терапијата да ја пазам да им ја погодам и да спијам 8 часа и да одам на фризер, и на заболекар, и на кафе со другарка, и детето да го однесам на курс, и домашна да напишеме, и за секс да сум расположена при сите овие обврски и да се молам на Господ на нога да ги држи другиве двајца родители пошто буквално нема време во 24 часа да се раскинеш на сите страни, додека пак мажот оди на работа и уморен е нели. Заборавате дека дискусијава почна за свекор и свекрва што се млади, здрави, прави, работоспособни, ама им е испод части да си ги перат гаќите при снаа дома. Како може тоа што на снаата (членката) и смета да го минимизирате како да рекла нешто небитно, стварно не знам. И мене ќе ми смета да знам дека сами можат да се грижат за себе си, ама не го прават тоа зошто живеат со таков мајндсет. Имав другарка, свекор и очекуваше во 6 сабајле точно турско кафе на маса да има, а вечерта легенче со топла вода за нозете зошто на нозе стоел цел ден, да ги опушти стапалата. Не само што тој самиот беше здрав и прав, маж толкав, туку имаше и здрава и жива женичка, и синот тука, ама не, другарка ми не виде спиење повеќе од 5 и пол саат секое сабајле, секој ден, со години. Мене ова ми е патријархално воспитување и ништо повеќе. Родителите од жената залегнале - како не ти е срам да не ги гледаш. Свекорот и свекрвата залегнале - како не ти е срам да не ги гледаш, родители на маж ти му се, а маж ти еднаш во 2005 им качи телевизор на твоите. Не бе дечки, не е исто. Кога ќе се најде маж од мајка роден да рече Ќе менувам пелени и ручеци ќе правам секој ден на родителите од жена ми - тогаш во ред, и вие како снаи давајте ист реципроцитет. Јас не сум сретнала таков, а не сум сретнала ни некој да ги суди мажите пошто не велат така. Оправдано е за нив.
Снаата нема апсолутно никаква обврска кон свекор и свекрва. Човечки или нечовечки, си имаат деца за тоа. Бизарно е од снаа и зет да се имаат очекувањава, покрај деца што си ги израснал. Кој сака супер, кој не сака супер. Не е тоа мала обврска, па да помине. Не знам како не се разбираме. И плус се што напиша @Mantub иако очи ми испаднаа со фонтов
Јас знам неколку случаи каде што старите беа однесени во геријатрија на 85 години. Мораше така бидејќи децата мораа да одат на работа за да опстанат, а старите залегнати повеќе од 5 години. Не е ни чудно тоа. Во денешно време со оваа скапотија не може некој да остава работа и да се грижи 24/7 за болни и залегнати.
Кој зборува за тие луѓе? Прво е нехумано дома да се чуваат, и за стариот и за останатите. Ама се оди во крајности Еве баба ми е 70+ години, сама за себе се грижи, сама живее, сама се пере, сама си готви, а сите (дури и вујна ми, замисли), и' помагаме. Дури вујна ми би рекла најмногу, оти најблиску и' е. И верувале или не, ама и вујна и вујко имаат такви професии што многу често имале реална потреба од помош во домаќинство, можеа да плаќаат секако, ама ете со интерен нивни договор баш таа баба ускокна и ручеци им правеше, и дете со денови и ноќи чуваше, и машини им пушташе итн. Во животот не сум чула од нив две лош збор една за друга. И до ден денес, кај што веќе ни мало дете имаат, ни толку обврски, сами сакаат и прават работи за неа. Вујна ми со клексани ја боцкаше патем, секој ден од работа кај неа одеше, па ене двете се живи.