Ама снаата треба да трча за свекор и свекрва бидејќи таа ќе наследи имот Колку го имам слушано овој муабет од примитивни луѓе.
Ги измешате муабети од една насока во друга. Ти девојко ако не сакаш да переш алишта на свекрвата и деверот, твојата одлука ќе и ја кажеш на свекрвата во лице и ќе завршиш со таа тема.
Да расчистиме. Во заедница сите имаат обврски. Кој што ке си се договорат. Ако не одговара, младите ке си најдат стан под кирија и никој никому не треба да пере веш. Апсолутно не сум за снаата да дојде и да е пепелашка. Ни да ја зезаат, ни потчинуваат ни ништо. Ама ако свекрвата работи едно, снаата треба да работи друго. Ако и е гад веш да пере, нека каже што друго ке сработи. Ако свекрвата ја приморува тогаш патот под нозе и сами. Со такви свекрви разбирачка тешко. Е ако не сака мажот да замине, тој е крив и за тоа што мајка му наметнува што не треба. Делам снаа и свекрва затоа што свекрва и свекор една фамилија, снаа и син друга. Па снаата ке си се договори со маж и што обврска да превземе тој. Да нема командување. Пример младите треба да пазарат. Снаата се договора со мажот, оди испзари, твоја обврска е. Ако во иднина има потреба да помогнам ке помогнам во граници на нормално. Не да спијам по 5 часа дневно за се да постигнам. За се си има да платиш. Ама прво затоа што јас од старт имам помош секаква, без да преминуваат граници, нема да ми е проблем да им зготвам или да им исперам два пати неделно. Секојдневна нега како што кажав никој нема време денес да пружи и да сака. Работа време со деца маж другарки итн, уште да гледаш некого секој ден, си треба желудник. Баба ми 80+ сама се си прави.
Мојот бивш ако мериме, многу, многу повеќе им се наоѓаше на моите него јас на свекрвата. Така налагаа ситуациите, и така беше.
Снаа не може да наследи имот, може маж и', а и да се разведат не може еден на друг да си бараат дел од наследство. Што е причина зашто не се вложуваат сериозни пари во нешто што спаѓа под наследство и немаш легално право да побаруваш од истото.
И чисто што ја советував конкретната членка што го постави прашањето. Постави си граници. Почитувај ги туѓите. Кој сака нека е во прашање. Ако нешто не сакаш - кажи и не го прави и ако се лутат остани на своето и крај. Ќе им помине. Само еднакво не ни очекувај, оти другите луѓе имаат, исто така, свои граници, кои многу веројатно не се поклопуваат со твоите.
За тоа што не знаеш што носи животот. Татко ми после прележан мозочен удар е во тешка состојба. Мм цело време помага за тоа што ни јас а ни мајка ми не сме физички способни. За полесните работи сме ние. Истото ако еден ден родителите на мм би имале потреба од мене не би ги оставила на цедило.
Затоа мислам дека повеќе resentment е кон мажот, него старите. Јас си знам лани кога татко ми имаше повторен удар колку ми значеше неговата помош и поддршка.
Сум проверила,знам колку чини и знам колку поубаво ќе им биде отколку дома. Оти дома колку и да сакаш да чуваш некој нема ни да можеш ко прво. Така е тоа, како од ракав се чува некој.
Зборуваме за луѓе што се врзани за кревет или за луѓе кои можат ограничено да се грижат за себе? Ако се врзани за кревет и бараат постојана нега, не може никој и да работи и за нив да се грижи, да не се лажеме. Ниту е ок тоа од некого да се очекува. Ама човек што може сам да јаде (не треба да го храниш), да отиде до тоалет, и му треба помош да му се однесе храна која нели, секако ја готвиш па само плус една порција правиш, да му се зачисти или машина да му се пушти, или ете можеби може да пушти машина ама потешко се движи па не може леген да крене и да пружи, не е крај на свет ако помогнеш, ниту е пак индикација дека таа личност е за во дом. Повторно, ако некој/а не сака, не мора ни чаша вода да подаде, само не би се согласила дека е назадно или лошо да сакаш во одредена мера да помогнеш на своите и на родителите на партнерот. Тоа важи за двајцата, не само за жената.
Камелија не би да навлагам во лични детали само ќе ти кажам не размислувам така ко тебе. Едноставно ако немаш време за ништо во денот тоа е едино решение.
Нормално дека зависи од ситуација до ситуација. Но збориме за некој кој живее во ист објект со тебе, и збориме дека веќе секако пример ручек правиш. Плус/минус порција во компир манџата не ти менува ништо, а на тој човек менува многу. Тоа е муабетот.
Верувај ми не знаеш колку е тешко да чуваш некој а да немаш време ни за ручек. Така да, можеме да се убедуваме до утре. Ние како фамилија сме искусиле еднаш и никогаш повеќе.
Знам де, но исто сум слушала дека некои свекор и свекрва така велат - демек снаата наследува, таа ќе ужива и мора да им готви, пере, чисти, синот никаде го нема, т.е. не го спомнуваат, демек на снаата се дава. Со свои уши сум го чула ова и биле озборувани снаите ако мува не ги лази. Јас па за инает на таквите вода не би им подала, мразам уценување за имот. Слободно нека си го носат имотот со себе.
Работата е што членката сака да каже, ама свекрва и да не и се налути... Тоа може само со 'разбрани' луѓе. Со неразбрани, јок...
Ова од лично искуство го кажувам и јас живеам во заедница со девер. Се додека молчев и им ги задоволував желбите и потребите јас бев чистачка, перачка, пеглачка, ручек, миење садови рачно ( машина за садови имаме ама стои така за украс) јас тонев психички и физички. Е затоа сега се во фаца јас нема веќе да ги перам вашите алишта и крај, нема што да се лути и да е тешко како на нив не им е тешко и глупаво да ти дават нивни работи да ги извршуваш без грижа дали ти ќе се налутиш и навредиш.
Од заеднички машини за перење дебатава премина во сосем друг правец. Свекор ми е болен, срам би ми било ако не му донесам лажица, нож, тавче, да му наполнам вода. Не може да му речам син ти нека си дојде од работа па ќе ти наполни вода.Гледање од типот преврски, рани никогаш не се случило тоа а и нема да се случи, си има он жена. Граница мора да се има ама вода не ти полнам не сум должна е веќе безобразлук.