Извини фидани неможам да не искоментирам. Во кој век бе живеат тие твои свекор и свекрва, а највеќе маж ти. Абе какво бацување раце бе аман, кај живеат. Да побараш прошка да, држи, со збор и со збор да вратат, ама рака бацување јас луѓе во образ ретко бацувам. Да, таков е денот и редот да си простиме, помалите од постарите да побараат прочка и јас денес тоа го направив, ама рака бацување бљак, многу ми е некако понижувачки, а и грозно. Па ај они стари, ама маж ти бе што мисли со таа главата. Добро си направила. Јас да бев на твое место може збор ќе кажев да, ќе побарав прошка, ама рака бацување нема шанси ни јас
Леле ирена истото ке го искоментирав и јас, еј абе кој век сме за раце да се бакнуваат абе ало јас невеста бев па раце не бакнував, а и плус нема такви адети кај нас за среќа ама јас и денес си бев цел ден излезена така да немаше потреба прошки да барам јас од мојте не побарав не пак од нив што збор не ми има речено еве веќе 8 месеци скоро 9
Да си кажам и јас како тазе снаа...значи верени сме месец време,не сме сеуште во брак ама ќе биде и тоа во скоро време здравје боже....си побарав прошка од свекор ми и свекрва ми како што е ред мислам без бацување рака и слични ствари,исто и тие од мене побараа и добија,зашто всушност сеуште ништо не ми згрешиле,а се надевам и јас нив не сум им згрешила......Засега сме во добри односи и се надевам така ќе продолжиме
мене општо празников ми е глуп, сега навистина ако си згешила несто не мора на прочка да побараш да ти се прости ,и на свекрвата ти да и простиш,ете можи многу ти згрешила и несакаш да и простиш ни на прочка ни никогаш.Јас сеуште не сум мажена ама ова простувањето со свекрви за прочка е ептем глупо.
Јас како верник си побарав од сите да ми простат и на сите им простив од срце и го помолив Господ да им прости ако нешто ми згрешиле или јас сум им згрешила. За мене ова е ден кога се се рестартира. Празникот е преубав, нема шанси да не сте згрешиле ништо! Не сте имале лоша мисла??? Јас едно 10 пати кога ме изнервирала свеки сум ја утепала во глава (прости ми Господе ), па и со родена мајка и со кој не сум се испокарала, или сум терала безвезен инает. Рака сум им бацила на двајцата само кога ги дарував, и на свекор ми кога му честитам празник. На свекрва ми не, затоа што не се замара со тие работи, а свекор ми си е таков, си сака такво внимание. Шуга не фатив, човекот накриво ме нема погледнато 10 години па и кога сум заслужувала. Воопшто не ми е тешко, ниту пак ми е грозно ниту незнам што. И не се простувам само со свекрва ми и свекор ми, туку со сите мои, па и пријатели. Таков ми бил редот одсекогаш, и ич немам намера да го сменам. Рестарт на односите, рестарт на многу работи. Само едно "прости ми што сум ти згрешила" и "нека ти е простено од мене и од Господ" може многу работи да промени, и повеќе почит да донесе и многу повеќе мир во куќа. Тоа е секако моето размислување, и за мене одговара. Се зависи и со што луѓе живееш по дома, секако!
Како што пишав и претходно мм во 15 часот си замина за Струмица со обврски јас си останав кај моите на свекрвами не најдов за сходно ни да и се јавам девер ми го сретнав надвор сабајлето од него си побарав прошка од моите исто од моите блиски пријатели исто од нив двајцата не можам оваа година навистина не можам можеби тоа ме п рави мал човек или нетрпелива или лоша снаа ама ако се би и простила и кога не е прочка но после екцесов со детево веќе не тука е крај .Инаку ако и простам тоа го праам од срце не затоа што е таков редот ама овојпат не можев
Е сега кога рече за свадбата, свекорот ми се налути во ресторанот затоа што кога ги делев бонбоните не сум му бакнала рака. И кога ми го рекоа тоа плачев на сред свадба,колку сум била тапава глава.
Е вака: Вчера - Прочка. Си реков, ајде миднајт, било што било, стани и поправи ја ситуацијата. И онака со маж ми си простивме претходниот ден - а тоа ми беше најважно. И така јас станав, се облеков и отидов да испазарам нешто за ручек. Свекрва ми ме испланирала за појадок . Она болна од претходниот ден, глава ја боли, едвај оди, едвај збори. Кај нас дома обичај беше кога ќе седневме на маса да ручаме, помладите први бараат прошка од повозрасните. Направив ручек, сопругот ми помогна за поставување на масата и чекам сите да се сместат на маса. Штом седнаа сите јас станав и прво од свекорот побарав прошка, а тој: „ Еееее, ништо не си згрешила, се грешава, чудо големо, не е тоа важно.... “ Човекот не знае што да одговори или не сака? Нејсе, се гушнавме (нема раце бацување), а тој не побара да му простам. На ред свекра ми. Јас и‘ велам прости ми што сум ти згрешила, а таа, едвај низ заби како со последен здив, дека многу болна и глас нема: Простено - едвај ја слушнав а до уво ми беше. Ни таа не побара прошка од мене. Си реков, ајде ја боли глава, не може да збори, ама разврзавме некоја тема за време на ручекот и оп! и‘ се отпушти гласот - значи можела да збори. Прочка е убав празник. И човечки и христијански е да се прости, особено ако некој на тој ден ви побара прошка. Навистина е тешко со еден збор да се избрише се‘ што ви тежи на душа, но ако некој веќе собрал храброст да побара да му простите, треба да подголтните и да му простите. И не грешат само помалите! Сите грешиме! Можеби оној што е помлад треба прв да побара прошка, но тоа не значи дека и постариот не треба да побара прошка од помладиот! Бевме и до кај моите родители. Од двајцата побаравме прошка, и двајцата побараа од нас прошка. Тоа е. Некој знае како треба, а некој само завршил факултет и толку.
Леле луѓе читам и не можам да верувам. Бацување на рака!?!?!? Па јас на татко ми не сум му бацила рака не па некој таму. Во кој ли век живееме. Без разлика јас вчера ни побарав прошка ни дозволувам вакви празници да ми диктираат начин на однесување и наметување на обичаи. Ако некој ми рече прости ми, јас одма имам само еден одговор: Ако чекаме еден ден да се извиниме и да бараме прошка кај ќе ни биде крајот. И тоа и го мислам. Цела година да се љутам и опппп вчера се ми поминува. Ма ајде молим те. Јас не побарав прошка од никој, ни од маж ми, ни од моите, ни од неговите. Не зашто не сум грешела, туку кога ќе згрешам одма се извинувам.
Поддршката од мажот е меѓу најважните работи кои би го оддржале еден брак. Ама уште поважно од тоа е како е таа поддршка изразена. Мене искрено не ми треба поддршка изразена преку ќутење додека некој ме прави лом, па после на само да ме мази и да ме теши „ти си во право душичке, ама што да правиме...“ А ги има и такви... и после како можеш да и` веруваш на искреноста на таа поддршка. Ако ме поддржуваш, ќе застанеш зад мене во добро и во лошо и сите ќе го знаат тоа.
Прочка е убав празник, ама годинава не побарав прошка од никого. Не е дека не сум згрешила никому, не сум цвеќе за мирисање, ама од сите проблеми што свекрва ми ги прави, не ми е дојдено до славење празници. Исто и на мм. Едноставно, немам што да барам прошка од неа (а сум згрешила сигурно), како што ни таа не бара од мене, иако јас веќе простив (ама не заборавив). Не сум ја видела со месеци, ниту пак комуницираме, па воопшто и не размислувам за неа, освен кога мм ќе се изнервира поради нејзината параноја. Не сакам тој да се нервира, ама мајка му не размислува логично. Ама воопшто. Добро, болна е, и се трудам да ја сфатам дека болестите и делуваат на психата, ама не може секој жив да ти е виновен за тоа што си болен. Роденденот на малиот го славевме два пати, само заради неа, додуша таа ни лани не дојде на прославата на првиот роденден (беше болна), а годинава бидејќи не комуницираме, немаше што да доаѓа. Ни таа, ни свекор ми, иако со човекот реално си немам проблеми, ама тој мора да ја поддржува неа, инаку тешко него. Моите не смееја да дојдат дома кај нас да го видат малиот и тоа ми е најтешко. Не сме во иста куќа, само во ист двор, ама ете, не смеат заради неа. Додуша ни татко ми не сака да доаѓа дома кај нас, и тоа ме боли. Мм пресече дека е подобро да не доаѓаат, затоа што не знае што може мајка му да направи во афект, па за да избегне скандал, се собравме на друго место. И мака ми е, ама тоа е. Не сакам да се нервирам, ама не можеме да ги избегнеме нервозите колку и да сакаме. А не може со неа да се направи разумен муабет, тоа е најголемиот проблем. Мислам дека немаше да можам да го издржам овој период да не беше мм. Ја имам неговата поддршка, како што тој ја има мојата, и тоа го знаат и едната и другата страна. Си велам, како стареат луѓето, бетер од деца се. Ова не е само за родителите на мм, ова и за моите важи. Ама ова е веќе друга приказна...
Традиција е, и големо поштување е тоа бакнувањето рака, кое на постарите им значи многу повеќе од било кој збор. А ние што сме модерни и на повеќето ни е понижување или гадно на стар човек да му бакнеме рака, тоа си е друга работа. Макар што еве како млади ставаме многу погадни работи во уста за што не би ни помислила да прави постара жена Спојлер зборам за грицкање пенкала, нокти, придржување банкноти со уста или заби , ама од нечија рака ни се гади. Едната моја баба, на која не се паѓам кај неа на денот да и барам прошка, ама секогаш кога си дојдам да ја видам и бакнам рака. Макар она знае за ставот на младите и веднаш ми се скара малку, немој бе сине јас сум стара и гадна, а и се гледа на лицето колку се гордее и радува. Од сите внуци само јас и бакнувам рака. Ај погодете кое внуче највеќе си го сака? Сепак, само сакав да кажам дека е најнормално постар човек да си го очекува адетот, без разлика колку ни смета дека е заостаната работа, а дали некој заслужил да го добие адетот е сосем друг муабет.
Јас отсекогаш сум бакнувала рака на постари за Прочка. Родители, роднини, а сега и родителите на мажот. Така ме имаат моите воспитано (зборам за роднини по крв, за родители од сопруг никогаш ми немале кажано). Сега навистина не е ништо и не мора да значи ништо, но ете, ми останало како некој манир. Ситница е и мене ништо не ме кошта, како што рече имелда. А на некои може да им значи многу, да ги направиш да се почувствуваат важни и големи. А зошто да не направиш некој толку да се усреќи по цена на некој мал гест кој трае една секунда? Јас искрено се чувствувам многу убаво и вредно кога успевам за еден момент толку да усреќам некого. И така не сум по други гестови, поклони купување за секој празник, не памтам секогаш сечив роденден, особено не ми беа тие работи на памет кога спремав теза и работев со полно работно време истовремено, не ги викам и не можам да ги викам родителите на мм мамо и тато, иако сум растела во средина во која се викало мамо и тато на родители на сопруг, oд родителиве и родниниве па се` до снаа ми. Така сме воспитани со брат ми, растени сме во семејство во кое роднините, особено постарите сме учени многу да ги почитуваме. Па сега ако досега сум и` бакнувала рака на вујна ми, пример која не ми вика здраво на улица откако син и` дојде на важна функција (затоа сега ме гледа само по свадби и погреби), што ме кошта истото да го направам за свекор ми и свекрва ми кои барем ми подариле неколку убави моменти? Ако развијам таква aверзија и непријателски однос кон нив само затоа што ми се свекор и свекрва, како да очекувам мене да ме третираат подобро од туѓинец? Jaс сум таква, почитта ја барам со моја почит, љубовта со моја љубов, поддршката со моја поддршка.
Не мислам дека бацувањето рака има БИЛО КАКВА ВРСКА со воспитаност. Некоја може да е покварена, курва, злобна, да ги труе свекорот и свекрвата, и на Прочка со бакнувањето рака магично тоа ќе го избрише, истовремено покажувајќи манири и духовна воздигнатост? Ама ајде... Јас сум релативно традиционален тип, наспроти современото општество во кое живееме, ама јас искрено НИКОГАШ до сега не сум видела нечија рака да биде бакната за Прочка. Како и да е, и свекрва ми и свекор ми се ептен болни периодов, па не отидовме, ама мм кога им се јави дури не им рече ни „Простете ми“, пошто тоа никогаш не го практикувале во фамилијата. Не знам што му текна, ама свекор ми му рекол „Простете ни синко ако нешто сме ви згрешиле“, и овој мојов „Ај бе чале доста, уживајте таму“ и толку Јас им ѕвонев покасно за да ги слушнам, изгледа спиеја и не кренаа тел. Значи, јас ВООПШТО не ги ни слушнав на вчерашниот ден. Дали тоа значи дека не сум воспитана? Не, нема да ми се исуши устата ако бакнам рака на некого, ама не гледам тоа да има било каква поврзаност со почитта, а уште помалце со манирите. Јас мајка ми кога ја отвори вратата ја изнагушкав и успут и` реков Ај бабо прости ни ако нешто сме ти згрешиле, на што си се изнасмеа и тука заврши муабетот. Сигурно немаше помило да ми биде бацувањето рака ради реда од искрената прегратка. Лош збор нема да кажам за нив, се` што треба ќе им помогнам во БИЛО КОЕ ВРЕМЕ од денот и ноќта, не сме се скарале, лош збор Бог да чува да излези од уста, за се` не` прашуваат, консултираат. Си живеат релаксирано, исто како и ние, не се замараме со општествени правила и прописи, верата до одреден степен ни е застапена во животот и тоа е тоа.
Моира ако не ми се исконтрира на темава, нема кој. Kај мене има врска со воспитаност, наметнат начин на однесување кој прераснал во навика, прераснал во средство со кое искажувам почит. Значи не зборев општо, зборев за мојот случај, а тоа што не си видела такво нешто, знаеш како викаат 300 фамилии=300 адети.
Леле ма тесси, каква курва, какви бакрачи за тебе! Жените горе се „кршат“ во себе си, како морале да бацат рака, како така ги воспитале, „така требало“, а од друга страна секој ден се караат и очи си вадат со старите. Сакав само да кажам дека ТОА ШТО НЕ Е НАПРАВЕНО ОД СРЦЕ не ни може да биде простено од срце, и да не си ставаат многу на душа ако свекрвата не им рекла „Прости ми“. Се знае кој простува безусловно
Знам убаво шо сакаше да кажеш, ама сакав да ти кажам не зборев општо, зборев за мене, а сега ги има и такви лицемери. Јас пример не можам. Колку и да сум воспитана, золва ми да ми дојде на врата за Прочка нема ни да ја погледнам, не пак рака да и` бацам зашо нема шо да барам прочка од неа, а таа од мене, си знае... А ова кога веќе чувствувам почит спрема некој, а ова е нешто кое можам да го направам, зашто да не. Мислам, поарно еднаш годишно така, отколку секој ден мамо и тато да ги викам, тешко ми е, тоа стварно не го можам. Сега за од срце, не е баш од срце, ама кога почитта ја има, зашто да не ја искажам на јазик на кој постарите ќе ме разберат.
Бацувањето рака е навика создадена во текот на одреден вид воспитување, но не значи дека ако некој е воспитуван без создавање на таква навика за тој ден, дека е невоспитан, или дека ако некој бацува рака е повеќе воспитан, тоа се глупости. Значи се е до навиката. Јас не практикувам такви адети и обичаи, раце не бацувам. Вчера и кај мајка ми бев на ручек па си се поздравив без тие пропратни муабетчиња наменети специјално за тој ден. Татко ми беше на пат, му пратив порака каде е како е, без многу филозофии за денот. Таа знае колку и каде грешам и секој ден може да ми прости а не да чека еден ден во годината и демек готово е си простивме ај сега од почеток. Исто е и со мене, ако погрешам ќе простам, ќе се извинам или преку постапките спрема некого ќе разберат дека се извинувам. Некогаш е доволен збор, но некогаш и постапка. И дома кога се вративме кај свекор ми и свекрва ми пак не сум се однесувала нешто специјално за тој ден. Секој ден треба да споделуваме љубов и простување. Јас па еве од маж ми дознав за еден обичај за денот прочка, се амкале јајца, се врзувале на конец и се натпреварувале кој ќе го фати јајцето со уста. На тој ден се скока преку оган. На тој ден се меси баница. Но не значи дека секој го прави тоа, или ако не направи баница е помалку или неправилно воспитан. Воспитувањето, љубовта, простувањето ги носиме во нашата душа.
Не дека мора, туку самата си се обврзувам. Дури и мм ми вика да не се замарам а негови родители се во прашање. Шо да се праи? Таква сум, после вина ќе чувствувам затоа што за другиве работи, кажав немам навика и желба. На многу поголеми непријатели сум направила така пошо мама и тато така ми рекле, а ова се луѓе кои биле во голем дел па и добри со мене, па зашто да не. Ги осеќам дека ги радува многу тоа. Едноставно некоја потреба да ги израдувам. Пример летото кога учев за испит и живеев кај нив, шо дознале кое овошје го сакам што сум им кажала пред сто години, свекрва ми го преврте цел пазар да најде најубави праски и ми донесе полна кеса. Ги изми, ги нареди во здела за овошје и ги однесе кај мене во соба и уште им викаше на маживе „Ова само за Теси се, да не ги чепнал некој! Цело лето помина над книга, за греота девојчето.“ Не сум толку лакома, не ни јадам многу, ама ете, без да ти каже претходно ти дава до знаење дека запомнила нешто за тебе и од почит сака да те израдува. Edit И јас не мислев така порано, мислев доволно е со дела да покажеш, но ете, омекнав којзнае од која причина.