Дали е нормално да те излудуваат работи секојдневно слушајќи ја свекрвата како цело време си ја фали ќерката и останатата фамилија, а за сите други има да каже по нешто. Сите постапки да бидат оправдани, мислам и на погрешните и пак да не се признава, а тебе за збор да те фаќаат? Се што си направил да ти го паметат, цел ден да слушаш само рекла казала за сите, рабптите да се извртуваат на секој можен начин, секогаш додавајќи зачин? Манипулирајќи ги сите наоколу со приказна каква што и одговара. Лично сум сведок многу пати како се извртува нешто. Како се обидува цело време да те сврти против некој кој таа не го сака. И просто после 8 години ти веќе да не можеш да траеш и да си кажуваш што ти смета и веднаш да си лош.
Што те интересира? Матичен број сакаш? Јас си кажувам мое мислење, си имам може причина да сум таква. Ми згрешиле на почетокот на бракот многу.
Тоа према било кој е безобразлук, бил свекор или некој друг. На рандом непознат човек ќе помогнеш у некоја прилика, не па... Либе мој ни пазареше кога бевме короносани дома сите и ни оставаше пред врата. И иако не ми е тој и мајка му фамилија уште, у недајбоже ситуација од срце би помогнала што можам, дури и за неа да се работи. Ептен деликатни работи не, ама еве нешто готвење, чистење нема проблем и некои слични ситници И за другарка би и нејзин родител. И за некој не толку близок ако не ми е тешко. А за постојана грижа не би можела и за свој родител да постигнам. Тука ќе најдам алтернатива.
Кој ми згрешил, не го погледнувам. Јас кога плачев и трескав глава од ѕид што се вели дека не можев дете да добијам, се подебаваа на моја сметка.
Океј. Ама истово правило треба и со сопствен родител да го применуваш, ако е битно "каков е" а не "кој е".
Зборувате за еднократна помош понекогаш и се чувствувате како херои што сте им дале чаша вода. Па и никој овде не збори за давање помош понекогаш. Но, животот да си го насочам према нега на старо лице 24 часа, нека ме наречат и себична и лоша, не би си го дозволила тоа.
Па и никој не рече да не се подаде чаша вода некогаш и некаде. А не цело време, секој ден, секоја недела, секој месец, секоја година.
Абе ти си чувала старо лице 24/7? Знаеш ли ти што значи по цели ноќи да бдееш над некого??? Или онака од ракав си вадиш приказни…
Ете ти си пример за тоа што пишав погоре. Кај пишав јас да се чува 24/7 старо лице? Де молим те цитирај ме
Јас те прашувам тебе, не дека пиша. Ти си жив пример за вадење муабети од ракав,појма си немаш и сигурно нема да се објаснувам со неуки пошто не е само оброк во тањир да му ставиш ко на просјак да е, има и други работи!
Истото и за вас важи, како одите во крајност и си претпоставувате дека некогаш не би излегле во пресрет на било за помош?