Премолчував многу на почеток, сега кпга почнав и јас да се штитам себеси и детето, сум лоша. Еве конкретно околу пандемијата бев преплашена, не се мешав со никој, плачев многу често од помислата што може да ми се случи, па кој ќе го гледа детето...Сето тоа беше осудувано преречувано, како сум досадна со таа тема и слично. Поддршка од сопругот, слабо, излудена сум од прости муабети. Се служела и со лаги само како би останале светци, а поинаквата верзија не се ни кажува. Човек да препукне од мака
Во брак се делат обврските помеѓу партнерите. Дали и двајцата полно работно време а домашните обврски секој еден дел, дали едниот турбо, можеби и две работи, а другиот домот и децата итн....Секој за себе, на начин што за нив е најдобар или околностите како им наложиле. Обврска плус е обврска за двајцата партнери, сеедно кој ја извршува. Колку посложно заеднички се договорат за најефикасен начин за нејзино извршување, толку подобро. И ја стварно не сфаќам негови родители, он мора да им зготви, зачисти, пушти машини итн. Доколку сопругот заврушува со работа во 18.00 часот па потоа единствениот час и пола додека се децата будни и треба да ги види, да си поигра со нив, он мора да оди таму оти се негови, не мои, и тогаш мора да пушти машината, да зготви манџата итн. Еве, стварно не сфаќам, цела фамилија ќе трпи поради нефлексибилност во распределбата на обврските, важно негови си се, нема што јас да трчам, он нека си ги гледа.
Баба ми кога залегна, мајка ми готвеше, татко ми беше околу неа, по доктори ја носеше,апчиња даваше, ја стануваше по малку, ја пресоблекуваше замислете. Тетка ми доаѓаше чистеше. Никој не е бил до неа 24/7. Ама сите беа тука. Жена не викнаа, а немаше пензија за во дом. Помагаа сите колку можат.
Ццц ти си дрска и безобразна. Маж ми и рече да си оди тогаш кога она почна да се шега. Па она после се правдаше дека на шала било се. Ама што ти се објаснувам па тебе. Вие ако сакате и нозе мијте им, јас нејќу, па може и мојот маж нема да сака, тебе или на одредени ликови овде ќе им објаснувам?
@danichap и жените работат и треба децата да си ги видат. Или не треба? Или за да биде добра снаа нека се прости и од спиење и одмор и јадење, само за она да биде по балкански добра жена? Јас во семејство имав стара жена, тука има ќерка и син, другите во странство. Плаќаа децава 2 жени, едната да и менува пелени, да ја избања, а другава зошто не дакаше вакви работи, она и готвеше и седеше со неа. Синот има жена, она немаше никаква обврска кон жената. Ќерката доаѓаше за се што треба друго. И супер функционираа, снаата не ја распнавме на ломача, многу нормално дека беше така, жена си работи, си има свој живот и обврски. Едит. Зетот па ич. Како и секој втор
Мислев дека се подразбира реципроцитет кога пишувам за флексибилност во распределбата на обврските. Тоа беше и целта на постот, сеедно кој и сеедно чии се родителите, заеднички да се распределат обврските. Муабетиве со балкански мачни жени..добивам впечаток дека ич не ме прочита(сфати), па бргу побргу напамет научена реплика за чукање во гради.
Многу ми е тешко...Вчера се скаравме буквално за глупост, благодарение на сопругот, кој на многу грд начин испреврте се, сега со свекрва ми не зборуваме. На крајот си изнакажав и јас се што ми правела и што сум ќутела сето ова време, а за неа тоа биле ситници и што имало лошо, како на пример за моја роднина да се каже дека е странец, секогаш да менува тема кога ќе почнам да зборувам за некој мој, или некогаш само ќе каже УБАВО на ироничен начин, значи не можам. Живееме во иста куќа, буквално ме има прашано зошто толку пати сум пуштила вода во вц? Ете до таму се навлегува во се. Или кој одеше синоќа толку касно? Слушав чекори. Само солење памет околу детето во смисла моите вака не правеле, па маани еден куп, сум била нарекувана и невоспитана за баналности. И ете така си седам сега и ме јаде внатрешен немир. Немам ни кому да кажам. Секогаш и веруваат, тежок манипулатор е. Се меша буквално во се и вели што сакате правете си јас не се мешам и оп, кога ќе ги избришеш стаклата? И ете пример ќе и кажам кога ќе имам време, бришани се пред 10 дена. Е да ете јас ги бришев пак, дожд врнеше, ќе дојде некој срамота е. Да живее некој маж вака со родителите на жената, дали би го издржал ова кажете ми?
кој ја врти бе нека ти влага у едно уво нека искача у друго. Викај и` само добро. ама буквално она и да вреѓа или нешто, ти добро и у друга соба ако неќе со игнор, покажи и` го местото
Нападна е многу, ме иритира веќе со нејзините роднини само и се најубаво за нив. Цело време само за готвење, чистење и проблеми ми збори, а ако јас почнам да кажувам нешто ми вели, не ми кажувај лоши работи. Епа како да не препукнеш? Ствара одбивност со нејзините форсирања. На раб сум да не полудам, многу ми е тешко, многу
не можам да замислам.. поготово пошто не трпам да ми се команда и некој да ми кажува што да правам. Ја така дома да сме сами, еден ден ќе и` го дотерам мозокот (нс вербален начин), шо нема да и` текне еден збор да ми каже. Мислам, ќе ми ја преелее чашата, ќе почнам да се дерам од петици и ќе сфати дека не сум здрава скроз и ќе си рече ,,ај да ќутам боље“
Зајадлива е, не е стара, мисли дека знае се, а уствари само оговара. Јас не сум растена така, растена сум во мир, хармонија и смеа, за сега некој да ти ја полни главата, негативности 1 куп, фалба фалба фалба. Јас стварно не знам што ќе правам
ако имате можност со маж ти, иселете се, ако не работете на случајот да заштедите пари и да се иселите кажи му дека ти ја јаде душата, дека те замара, дека е досадна стеница, дека не се трпи дека е удав невиден
Не бива, не се замара, секогаш јаа го јадам стапот на крајот. И јаа сум се понела лошо некогаш, ама тоа е од што сум се наполнила ао фрустрации. Бев сосема друга личност кога дојдов, а сњга што станав
нема не се замара, ти си му ЖЕНА, не си на улица најдена некоја. Ќе му кажеш дека има ЖЕНА, и дека ако сака да ПРОДУЖИ ДА ИМА ЖЕНА, дека ќе и` го дотера паметот, или ти дека ќе и` го дотераш зашо не ги седнеш после уште муж ти и свекрва ти и да им кажеш вака : јас со Х се омажив бидејќи го сакам и сакав со него да градам СЕМЕЈСТВО, јас не можам да градам семејство ако ти (сверква ти) ми правиш секој ден тензии, се расправаш со мене.После работа сакам да дојдам дома, да се одморам, да си го видам мажот, не ми е до расправање со тебе и да ти ги слушам зајадливите коментари.Ако сакаш да имаме мир и слога, престани, ако не и јас ќе почнам и син ти ќе биде во мноогу незгодна ситуација односо меѓу мене и тебе,Ако неќеш да не` слуша како се расправаме, како си дофрламе, престани. А на муж ти ќе му кажеш, дека бракот е МЕЃУ ВАС, дека она НЕ ТИ Е МАЈКА, и дека нема она шо да ти кажува шо да праиш шо да не праиш, кога ТИ мислиш дека треба да чистиш и кога ќе ти се чисти, ќе чистиш а таа старата место да се замара со тебе, нека фати она нека чисти дур сте на работа, така ќе троши енергија и нема да замара после
Не знам каква ви е ситуацијата дома, дали сте одделени на спратови или делите заеднички простории, но најмалку што можеш да излезеш од ваква ситуација е да го намалиш времето поминато со неа. Ако толку те иритира не знам зошто воопшто се трудиш муабет да правиш со неа. Едноставно избегнувај ја и пополни си го времето со други активности, нема потреба кафиња со неа да пиеш. Исто така, ако имаш клуч и можност стави го и не дозволувај да те провоцира