Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Problem123

    Problem123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20

    Опасна глумица е, некогаш е фина, фина, ама муабетите не престануваат. И јас се обидувам, ама ете некогаш ќе ми скисне. Јас сум и викала НЕ на се што ќе кажела. Детето по 100 пати е кај нив, цел ден пееседуваме некогаш и ако некој ден со причина сме изолирани, веднаш ја боли глава, детето не го гледала.
     
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.231
    Допаѓања:
    42.167
    Пол:
    Женски
    Намали го времето поминато со неа и нема да те боли глава.
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    40.153
    Пол:
    Женски
    Имате ли шанса за ооделување? Тоа е прво и најбитно.
    А ич да не ти е гајле главчето дали ја боли, бркај работа и не и се замарај, не ја гледај, намали време со неа.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.490
    Допаѓања:
    136.905
    Пол:
    Женски
    Дај и апче ако ја боли глава. Ама ти имаш поголем проблем а тоа е мажот ти што не се замара и не те става тебе на прво место.
     
    На Skorpija25, Серотин, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.707
    Допаѓања:
    19.721
    Па што не и кажа ако ти се валкани избриши ги и излези си остави ја...?
    И зашто се замараш што рекла за твоите прозори? Не знам што очекуваш маж ти да оди да и каже да не те замара за чистење?
    Мажите ( не сите) функционираат на тој прицинп да бидат во конфликт меѓу мајка и жена за банални работи како миење стакло.
    Значи ако те замара игнорираш.
    Кога ќе дојдат побитни работи тогаш замарај се, а до тогаш чувај си го здравјето ако сакаш да си го видиш детето пораснато.
    Ако не таа ќе ти го порасне...
     
    На Skorpija25, senjorita-v, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Problem123

    Problem123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Знам...нема докажување и таму. Од инает до инает
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.707
    Допаѓања:
    19.721
    Нена смешно е. Што да каже мажов не и викај на жена ми за прозорите? Мислам стварно банално.
    да ми извините. Семејството го замислувам: свекрва бабичка во поодминати години, во село во куќа со нива. Не излезена од селото и како што ја командале така и сега таа. Пукната за пред комшии и луѓе да се види дека снашка седи доле со нив, пошо срамота е горе сама со детето да седи што ќе рече Трајанка. Снааѕа на трајанка мете и меси секој ден.

    Шо да каже мажов? Мамо не и викај така? И шо таа пак ќе тера по свое.
    Се дури снашка и се тресе, оправдува за прозорите, се дури се симнува доле џабе мажов шо и да напрај. да не сака и да си ја истепа мајка му. Таа требала да гледа кај оди.
     
    На Anyshka, Skorpija25, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.490
    Допаѓања:
    136.905
    Пол:
    Женски
    А бе кога ќе се реши да се живее повеќе генерации под еден кров тоа е. Или челични нерви или одделно. Тоа е тоа.
     
    На senjorita-v, MilaSs12, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.707
    Допаѓања:
    19.721
    Тетка моја живее заедно. Таа бабата е таква селска жена од типот дека се само на машките деца треба да се направи. И теткава е таква абе не и чуе. Нит метла фаќа, нит па им се замара, нит па се кара со маж и нити нешто му кажува.
    Бабава ќе и каже нешто, оваа само и вика не можам.
    Горе оди и чисти и мие садови ја прави "неспособна"и пак не и чуе. Деца и симнуваше она горе кафе да пие.
    Нит стана немајка нит ништо. Има двор, среден од свекрвата, спрат во центар на скопје направен за 20.000е од 90м2 што моеш да го сањаш сам да го купиш.
    Така да, џабе мажот ти ако си личност што ќе се замара и ќе се јаде себе.
     
    На Skorpija25, senjorita-v, DoubleK и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Problem123

    Problem123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Е баш добро ти е ова на крајот. Јас сум таква што сака да погоди на сите и се јаде цело време за се. Не сме на село, не е ниту стара, ама верувајте баба ми има помодерни сфаќања. Суеверија, адети, кукање, жалење, ширење негативна енергија. Значи ете кога некој ќе те праша зошто толку пати сум била во вц? Што понатаму.
     
    На VDT2906, Осе и Milkiway им се допаѓа ова.
  11. Problem123

    Problem123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Додека бевме во врска таа беше предобра, но после тоа јас станав лоша бидејќи виде дека не може се што ќе каже јас да прифатам. Си ги влече сите на своја страна.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.707
    Допаѓања:
    19.721
    Ти кажав мораш со себе да си расчистиш иначе ќе дојдеш и до болести и до разводи. Верувам не го сакаш ниту едното ниту другото
    Мораш да не се замараш . Еден живот имаш
     
    На Осе и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    40.153
    Пол:
    Женски
    Секогаш се такви.
    Ама види, како што ти пишаа погоре, животот е прекраток ради свекрва да си го уништуваш.
    Како и на секоја жена, така и ма тебе ти кажувам, не давај на себе, поарно и лоша да испаднеш отколку здравје да изгубиш.
    А маж ти, маж ти извини ама бе муда е човекот.
     
    На Skorpija25, VDT2906, Hortenzija и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.275
    Допаѓања:
    44.410
    Пол:
    Женски
    Како не се замара ич маж ти? Или како ќе кажа мајка му тоа е главно? Размислувате ли за преселување во иднина? И сама си свесна дека тоа е најидеална опција.
    Јас скроз те разбирам за каква личност збориш и знам колку фрустрира...ама треба буквално контактот со нејзе да го сведеш на да/не и да бидеш поостра. Како да сте обични познаници, така однесувај се, не навлегувај во дискусии со нејзе, ако те провоцира само еден два збора кажи ѝ и толку.
     
    На VDT2906 и Осе им се допаѓа ова.
  15. Problem123

    Problem123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Не знаете каква е, постојано зборува само за тоа што демек некој и згрешил, а нр кажува таа што прави како цело време провоцира и ме размислува дали некој ќе биде навреден. И тоа е насамо така, пред друѓи е фина. Ти испаѓаш лош
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.275
    Допаѓања:
    44.410
    Пол:
    Женски
    Онака ви збори што и згрешил некој само за провокација(во превод си измислува) или искрена е? Зашто има разлика.
    Како и да е, на раат ќе сте кога ќе се одделите, е сега дали само финансиите се во прашање или и нешто друго, не знам. Само знам дека колку подолго чекате полошо ќе биде.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.101
    Допаѓања:
    276.996
    Реалноста е дека таа нема да се промени.
    Затоа ти промени се.
    За почеток, не ѝ се симнувај доле постојано, едноставно седи си кај тебе, сигурно имаш што да правиш.
    Што ти влезе во уво, од друго нека излезе, не давај на значење.
    Ќе почне да се жали, да ѝ фалите, да приумира, не попуштај едноставно. Ќе ѝ помине.
    А ако маж ти те праша зошто си се променила, на него објасни му.

    Не си го троши животот на глупостите на свекрвата, не вреди.
     
    На senjorita-v, Em4e711, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Problem123

    Problem123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Цело време си зборува како некој не чини, а нема ни една пријателка кафе да испие. Се некој нешто му фали,само таа е цвеќе .Финансиите се моментално да.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Problem123

    Problem123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Не зборуваме моментално откако настана кавга за глупост пред 2 дена. Не се чувствувам добро, срцето ми е забрзано, ноќеска станувам жива вода мокра, не е толку жешко како што е од стрес веројатно. Се плашам да не почне да ми измислува приказни. Станав анксиозна, депресивна, нема живост вп мене, глумам пред другите. Косата нагло почна да ми белее.
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.275
    Допаѓања:
    44.410
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам скроз, имам иста таква личност. Мораш да ја ставиш на дистанца, да/не, формален разговор, толку. И поостро, не паѓај на провокациите и буцкањата.