@Problem123 А да збориш со маж ти? Според мене не постојат проблеми со свекрви, постојат проблеми само со немање поддршка и заедништво со сопруг. Затоа што вие двајца и децата сте си фамилија и таа сплотеност не смее да ви биде допрена од надворешни фактори.
А што дозволуваш толку да ти делува. Аман бе 8 години велиш си седела си трпела. Земи свикај еднаш, па ако и дошло нека умре од што ќе свикаш. Искрено боље она него ти. Здравје ќе си уништувам, ќе трпам за свекрва ми бе.. Не давај толку да ти делува. Ако праша пак за вц навечер речи и: Е па се туширавме после секоја партија секс со син ти. Ако ти рече не се чисти прозорите: Уфф толку ме измори син ти соноќа не можам да стојам а не да чистам прозори. И такви спуштај и. Со такви прости само така. А бе за мајтап земај ја.
Такви биле жените, само сме зборувале, не сфаќа дека јас се мачам. Не сфаќа дека ми е скиснато да слушам како таа и работела и деца чувала и бањала секој ден сама и ручек правела. Тоа е се зборување меѓу редови, као ти сега не работиш, па јас да ти кажам што е тешко. И така плаче, кука, легнува, пие апчиња, а кога ќе ја соочам со нешто што мене ме повредило, веднаш се зборуваат неповрзани работи. Велам јас сум траела цело време, ова нели биле навреди од твоја страна? Бремена сум трпела и сум ќутела за да не дигнам притисок. Ама толкав и е капацитетот, таа не разбира дека вреѓа, а за ќерето нејзино се е оправдано и неа и е најтешко и најлошо у живот. Ја жали дека била на работа. Па викам нема две добра, ако работиш ќе имаш и плата, ако седиш дома не. Дури кажав пред свекорот работи кое сум ги чувала, му реков доста беше само напаѓање, редно е и јас да кажам нешто што сум плачела. Сега егото и е повредено и не може да ме гледа.
Абе што ѝ се толку замараш? Ова рекла,она рекла. После 8г не знам како можеш толку да ѝ се замараш. На почеток со мм кога се земавме и јас се замарав кој што кажал. Сега веќе не. Ги научив какви се и тоа е тоа.
Таква сум за жал, се ставам на срце, се тресам од нервоза и се допира до мене. Мразам што сум таква. Сама сум си крива што дозволив блискост и секакви "совети". Сум била наивна кога мислев дека сите функционираат исто како мајка ми.
Не си ти крива што си "таква" туку таа е токсична. Нормално дека ќе се чувствуваш навредено од такви скриени навреди, па постојано да те има на пик итн, не е ништо чудно тоа. Нема да ја смениш, само мораш да прифатиш дека со нејзе нема разбирање и колку и да ѝ укажуваш нема да ти се извини. Ко што ти кажаа и горе, ако почне со глупи забелешки и ти врати ѝ на исто ниво и заќути ја. Иако за на подолг рок мислам дека единствено решение е само игнорирање и строго службен однос. На одвоени катови живеете? Ако е така уште подобро, не си принудена да седиш со нејзе.
Ама ти така уште многу ке си пукаш Или ке отвориш уста и ке си кажиш се како тебе ти е подобро или ке си трпиш Јас таква жена ни во список не би ја редела ама ич како да не постои И ко ке види дека ти не се замараш со нејзе сама ке сврти зошто пак таа не ке ве гледа и ке ве губи Ама разговарај и со маж ти да стави граница до каде и е дозволено да оди Не се понижувај не си реди се на срце зошто после ти ке се труеш со апчиња
И што ако измислува? Нека измислува. Имаш ли разбирачка со маж ти, таа нека се занимава со тебе, ти не се занимавај со неа и глеј си твојот живот.
Разбирачка се нема, не зазема страна, ретко некогаш да каже нешто на неа, мене само ќе ме праша вистина ли е ова и ова и толку. Немал време за вакви глупости
Треба да ти даде емотивна поддршка ако не друго и иако е свекрва ти токсична особа, не ми се допаѓа ниту овој твој мајндсет со заземање страни, свекрва ти сите ги вртела против тебе итн. Ти сакаш да идеш против свекрва ти или да си живееш мирно? Пошто првото нема да ти донесе мир, жената очигледно од драми живее. Жал ми е, ама единственото решение е да се опуштиш и да си тераш гајле. Не да трпиш, затоа што тоа значи дека си повредена ама не враќаш. Туку да си кажеш дека ти си имаш своја фамилија, тоа ти е фокусот и точка. Што ти е тебе гајле толку за ќерката нејзина реално и колку свекрва ти ја поддржува? Ако видиш дека не можете да имате позитивен однос, толку, готово, иди си по свое и кажи и да ќути.
Не, не против мене, туку ако она не живее ао некој автоматски и тебе те наговара колку е лош. Немам лошо ништо од ќерка и, напротив, само иритира што секогаш зборува најтешко, најлошо, а пола убави работи што и се случуваат ги преќутува. Ееинствено што сакам е мирен живот и ништо друго.
Јас бев во слична ситуација секако ќе си лоша снаа мој совет штом сте на посебни спратови гледај колку помалку можеш да комуницираш. Ако таа живее доле еднаш во неделата слегни за кафе, ако таа се качи кај тебе горе ти почни нешто као демек имаш работа и сл. Контактот го сведи на минимум. Гледај си ја фамилијата, децата и мажот, за неа ич да не ти е гајле што сака нека зборува. Кога ќе виде дека ти не се нервираш таа ќе почне да се нервира. Јас се освестив во тој момент кога почна навечер многу да ме гуши, неможев да спијам, срцето силно ми биеше, а да не правам муабет кога си доаѓав дома од работа нозете ми се тресеа што како ќе дочекам, како ќе е дома, што ќе ми каже, итн. Ние бевме на ист спрат, и тогаш реков на мм. ако треба ќе одам под кирија ама во заедница неможам веќе да продолжам. Тој ја реши целата ситуација. Е сега за сите јас и тој сме најлоши бидејќи ја "испадивме" свекрвата на посебен спрат кој и онака беше празен. Сега сум раат дошла кажала нешто ама ич не се замарам. Мирот со пари не се купува.
@Problem123 колку што сфатив не работиш, можеби и финансиски сте зависни од нив. Маж ти работи, а вие две жени по цел ден немаат друга работа па кој што и како кажал, секако нема да исправа криви дрини. Немаш ти проблем, ти си преокупирана по цел ден со неа, а и она со тебе. Мој совет најди некоја работа, ќе се тргнеш и физички и со мисли од неа.
Со него имаш проблем и сама знаеш. Најдобро ти е да се тргнеш од неа највреќе што можеш и едноставно не ја слушај.
Тогаш не се оптеретувај со неа, штом и маж ти вика дека нема време за вашите глупости, не зазема страна, претпоставувам дека нема да му е проблем и ако ја игнорираш и си ја гледаш твојата работа. Немој да се измачуваш и да си го ставаш на срце секој нејзин збор. Мораш да разграничиш прво со неа, не го ставај маж ти помеѓу вас, среди си ги мислите, и концентрирај се и работи на односите помеѓу тебе и маж ти. Вие сте фамилијата.
Свекрв ми да не ти е свекрва и на тебе? . И јас така се нервирав од почеток ама после си подразмислив и сфатив дека со прости и неразбрани луѓе никој не излегол на крај па нема ни јас. Не планирав да се спуштам на нејзино ниво и почнав буквално да ја игнорирам. На посебни спратови сме и си седам сама, ретко се симнувам или кога ќе дојде маж ми. Не седам веќе со неа и кафе зошто одма почнува да оговара, многу е љубоморна на туѓ успех, а се сити на туѓа несреќа, токсична и одвратна личност според многу луѓе. Порано се обидував да се објаснам и да се убедувам, ама со ограничени луѓе тешко, затоа пушти " глупите луѓе да си останат глупи". Не вреди нерви и енергија да губиш на такви. Тешко е на почеток целосно да игнорираш, зошто тие се како крлежи, безосетни и без чуство на емпатија спрема другите и само они си се важни никој друг. Полека повлекувај се излегувај почесто, ако имате посебен дел седи си таму гледај што помалку контакт да имаш со неа. На почетокот ќе и биде чудно и ќе се обидува да те изнервира, буцка со коментари ама едноставно замисли си кој ти го дава тој коментар. Дали она е нешто подобра од тебе или попаметна за да и го прифатиш коментарот за озбилно. Ќе сфатиш дека за џабе си се нервирала зошто како што има една изрека " Со глупав и будала никој не излегол на крај" па нема ни ти. Затоа чувај нерви.
Ако добро разбрав живеете на посебни спратови, тогаш зошто го минуваш секој ден со неа, а очигледно не се сложувате? Не разбирам која е поентата да пиеш кафе со некој кој ти предизвикува толку голем стрес? Буквално здравје си уништуваш. Навистина ме интересира зошто? Зошто едноставно не се дистанцираш максимално од неа?
И мојата е иста, нејзините роднини, мед и млеко, на свекор ми само маани им наоѓа. Нејзините маки секој треба да ги чуе, а другите, никој мака ко да не виделе. Ама верувај, научив да не се замарам. Слушам, од едно уво влегло друго излегло. Реагирам само кога нешто не ми се допаѓа за детево. Фала богу и мм знае да и покаже местото, без ја да му кажам.
Дали е културно ако се сам си спремаш и си плаќаш за свадба свеки да инсистира со предлози за гости. Инаку договорот со мм беше да каниме луѓе со кои сме стварно блиски, а натурениве предлози се луѓе со кои ние имаме само едно здраво, ама свеки е пријателка со жените во тие фамилии. Инаку јас веднаш си дадов одговор, дека може да се меша со предлози кога таа ќе организира и ќе плаќа за свадбата.