Ако не сакаш да се караш, кажи и дека финансиите ви се лимитирани за толку и толку гости, не си љубител на помпезни свадби и бидејќи еднаш правиш свадба во живот, сакаш да е како што ти имаш замислено. Инаку не е во ред да вика гости што не ги знаеш, а притоа ти плаќаш. Ако сака, нека си доплати, ќе немаш проблем. Инаку и јас кога правев свадба, од сите страни бисери си редеа. На се одговарав, ако ти е толку ќеиф, направи си уште една свадба за тебе и викај кого сакаш. За мои финансии, не штедам сопствена култура.
Ако гледа дека е мала свадба некултурно е да си кани нејзини пријателки. И не се само пријателките туку со се фамилии во пакет. Колку се луѓево без осет, ти прави да се чувствуваш неубаво да не знаеш како да речиш без да навредиш а твоја свадба е. Еднаш се прави свадба не 10 пати...
Еве јас сум како во твоја ситуација. Регистрација направивме и сега во август венчавка и ручек/вечера со макс. 50 луѓе. Спомна еднаш двапати, си доби одговор ако сака некој плус слободно нека плати( а нема да плати зашто нема финансии), или опција нека си прави сребрена/ златна свадба како и да идат по ред и нека си покани кој сака. Никој не не прашува од каде финансии, имате ли, па ви треба ли нешто. Затоа кратка и јасна биди и не се замарај. Јас сум скратила од некои блиски за некоја нејзина внука атер мм , и уште да ми кажува. Уште кога ќе каже абе да не се лутат НЕ викале. Викам убаво кажа ВЕ викале вас , а не мене. Јас правам, јас плаќам. А на тие што ќе се лутат, поздрави ги и кажи им дека јас се лутам што не ме прашале дали имам. Уживај и терај како ВИЕ двајца што сакате. А свеки нека си ги собере на ручек пријателките.
Плаќаме ние двајцата со наши пари кои самите знаеме како сме ги спечалиле. И маж ми не им идел по свадби, а и не ни комуницира со нив. Никогаш нити дошле, нити се јавиле( исклучок таа братучетката) и треба ли да праваме чест на луѓе кои пред се мм не ги видел со години, јас па ич. Наша свадба е, сакаме да е со одбран круг на луѓе со кои се дружиме, гледаме, живееме. Еве вчера ми кажува како од по мајка и страната биле 15 први братучеди. Последно се виделе пред 20 години по свадби и толку. Зар треба сега да враќа и да викаме луѓе кои и она ги заборавила како изгледаат.
Ако маж ти не идел на свадби е во ред да не сакаш и ти т.е. вие да ги канете. Ама ако тој одел, а сега ти не сакаш да ги викаш неговите роднини оти ти не си одела е многу надмено и себично. Туку ова само за неговите роднини важи или и за твоите? Пошто си пишала дека ти плаќаш, а не вие
Во тој случај и твоите и неговите и сите други роднини се гости на вашата свадба. Мој совет, не слушајте никој. Договорете се само вие двајца кој сакате и колку можете да поканите.
Ќе си се договорите ти и маж ти. Не се мажи свекрвата па она да бира музички желби. Вистина е дека многу од тие генерации патат од комплексот да организираат свадби од по 1000 луѓе оти животен сон им е после тоа да ги зборуваат. Некои у државава живеат за тие свадби, луѓе знам што едвај крај со крај крпат ама за свадба се задолжуваат до гуша само да бидат видени и разбрани. Барем јас имам таков став, не ми се потребни на пример роднини од десето колено кои на улица да ги сретнам нема да ги познаам.
За моите па како важиии. Ама па моите имаат исто мислење, не се замараат кој што ќе каже. Најблиски роднини сестри на свекрва ми и татко ми се поканети. Свекор ми не комуницира со братот, мајка ми нема брат/сестра. Под јас плаќам мислев ние плаќаме. Ние уште на почеток на врска сме одлучни дека сме едно, и секогаш се договараме за се. И јас и он заради среќа и хармонија во врска, а сега брак сме решавале и договарале тивко, без кавги и расправии.
Ние ради нив ни се прошири бројот на гости до 50 ( што не е многу во споредба колку големи свадби се прават). Ние дури сакавме само родители и кум / стросватица. Мислам треба да ја почитуваат нашата одлука, зашто сепак е наш ден и сакаме одбран круг на луѓе. Ова ме наврати на свадба кај роднина каде што роднинава е израсната до мајка 24 години ( таткото починат кога имала 1 год). И поминува свадбичката и се гледам јас со некои братучетки и двете љути и со коментари како тоа нивните родители не биле поканети. Викам а дали некој од вас се запраша дали и колку имаше она за да направи таа мала свадба? 24 години сама со две деца, сметки, храна, школување ( а примања минималец). Ниту една незнаеше што да каже. Затоа си правимр како сакаме, а ако некој за нешто се љути нека му стои.
Ние попуштивме со старите и ферски си платија од двете страни... имавме традиционална свадба по нивни кејф...кој отвори уста ааа супер свадба хахах стари издигање до небо. Македонска работа А за мене и маж ми само беше во прашање љубовта (уживавме во денот како сами да си бевме на свадбата)
На крајот не се ни сеќаваш кој сѐ бил на свадбата, се додека тие што ти значат биле. Најбитно е како си се чувствувал и колку убаво си си поминал
Не знаев кај да ја поставам темата. Кратко, имаме 3 месечно бебе и 5 годишно дете. Дали ви звучи во ред мажот да оди на море со мајка му и поголемото дете. Госпоѓата се самопоканала, мм ништо не и одговорил, планира со другар и жена му и двете деца. Дали сум јас нешто луда. Да одевме фамилија ајде некако, ама вака. Ми е страв дека може да го убеди мм. Уште не е конечно ништо договорено, јас уште се мислам заради бебето, ама ова денес ми се слоши од муабетот.
Заради малиот, сите ми велат одмор не ќе видиш, искрено не сум уште одлучена, на мм му е страв дека мал и ако се разболел не ќе можел ништо да прима.
А како маж ти да оди воопшто на одмор без тебе? Ти беше таа што свекрвата му даваше цицка на твоето дете и што ти се мешаше постојано?
Да. Мораме големиот да го однесеме, има многу проблем со кашлање. Пробувам двете деца да им ги задоволам потребите, искрено знаев дека ќе се самопокани.
Таа свекрва ти воопшто не се сменила. Те памтам кога пишуваше за неа. Оди и ти со бебето. Со тримесечно бебе супер ќе поминеш на одмор.