И јас се нервирав и зборев покултурно (на шала на смеа) ама не вродуваше со плод па поради тоа се каравме со маж ми бидејќи јас не можам да кажам а тој не се замара, ама кога се разболе детето виде не виде се скара со неа и од тогаш сме како во разлошени односи јас и она (органски више не ја поднесувам што ми го разболе детето) ја избегнувам цело време.
така така..он нека се издува и расположи,она трева нека пасе дома сама една недела со бебе.Пошто маж е мора некако да се расположи он,она небитна јебига.Можат на одмор да си поделат обврските т.с децата.Он поголемото она бебето(исто како дома кога би биле).Место дома сама да дреме може кафе да пие на плажа дур бебо нана,место дома од нога да јаде може хотелска храна да јаде.Решение има за тие што сакаат,за остатокот изговори… И никад нема да го разберам феноменот ‘мало е бебето ,не може да прими нешто ако се разболи’.Еве не знам како бебињата примаат терапија уште во болница кога се раѓаат? Ја со три бев на одмор годинава.Сега следен месец пак ке одам.Што ми тешко да одмарам?
Да си идете фамилјарно без свекрва. Со 3 месечно бебе е најлесно. Ние бевме кога првото имаше 2 месеци, топ си поминавме. Се изнаспа на плажа, ние се изнауживавме, а сега со две поголемки е напорно, ама пак не ми смета. Битно сме сите заедно и децата се среќни, не ми е воопшто напорно да си играм со нив на плажа, напротов уживам. Треба само да ги смениш очекувањата за одмор. Јас не очекував дека ќе лежам на лежалка и дека ќе пијам фрапе или коктел како да немам деца, баш напротив знаев дека ме чека активен одмор. Јас лично не би идела ни со мајка ни со свекрва. Одморот си е за нас и тоа е тоа.
Се изнервирав до пола што те прочитав. Абе ваквите кај мене ги пракајте, јас глас не повишувам со збор ги решавам. Има секој да си научи кај му е местото. Безобразни!
Се е до мајнсетот не можеш да тргнеш со деца а да отчекуваш одмор како без деца но и те како може да уживаат сите без разлика колкави се децата. А советот шо и го даде за маж и да оди да се расположи додека она сама седи дома со бебе серизна си?
На плажа потешко е со поголемките дечиња, бебето и дома и таму е бебе, во раце, во количка... Ако сопругот ти помага да одиш и да не се мислиш.
Мојот цел живот им работи земјоделие паричка не видел, а се жалат сметки ни плаќале, па ќе плаќаат за што им работи он. Зошто сум пуштала светло навечер а го оставав кога бев 8ми месец трудна да не се сопнам кога идсм во тоалет, сум трошела струја.
Пробај да заклучуваш твои простории, нема да ти доаѓа така. Ако ти каже отвори не отварај кажи гола сум, детето го дојам.
Зошто да те пука нервоза на одмор? Да не може еден родител од здравствени причини да оди, тогаш нека оди здравиот за детето да се избања. Ама со бебе од 3 месеци секаде можеш да отидеш и да уживаш. Да кажеше детето да се расположи, ама таткото?
Кога ќе ви се пружи можност селете се од таму. А ти викни им, со лошо, штом не бива на друг начин. Твое дете, твои правила! А маж ти нека се лути колку сака. Жени бидете строги кон другите, макар и маж да ви е, разгалувајте се само себе си и децата. Децата никој не ви ги сака повеќе од вас и никој повеќе од вас нема да направи жртва за нив. Ми е гајле дали му била мајка ако не знае да се однесува. Се нервирам кога ве читам вака, и си велам утре може на ќерка ми ваква будала да и се падне за свекрва, ама па маж ми што вика ти синот како го воспитуваш, ќерката ќе биде стакло, уште сега го учам дека никој не смее да го бавта и потчинува, на глава да му се качува во никој случај!
Леле те имам читано многу за свекрва ти, значи каков одмор какви бакрачи, ти да одиш со се бебе и да се изнауживаш!
Ако помага сопругот за неговите деца? Членката сама ли ги направи децата, само нејзина обврска се? Ако сака овој да припомогне, сепак на одмор е дојден човекот, да се релаксира.
Епа од вака што голем дел на жени си ги разгалуваат мажињата, се страда потоа. И не! Тука не е проблем тоа што мајка му сака да оди на одмор со синот, проблемот е што на членката веќе и е свртен мајндсетот од страна на мажот, дека со 3 месечно бебе, подобро да си седи таа дома, а тој нека се издува! Јас да седам дома оти ЗАЕДНО имаме бебе, а тој да се излежава на одмор со друштво, е нече мочи!
Да знам што кажав таткото да се расположи,зашто има многу родители што викаат -еве не сме при пари,кредити,сметки,ама деца запнале мора да ги носиме на одмор,па здравствени причини..Ајде бе,кого лажат себе или другите,нив не им се оди,све ради децата,божемски.Таткото не е човек што цела година работи,и не му треба одмор,исто и на мајката?Бебе од 3 месеци,на цицка што е се ќе биде со мајка,а она ке треба да влече триста тракатанци од дома за занимација,плус ке смени средина и ред.Членката најубаво си го знае сопругот каков е,како си живеат и јасно е дека ради тоа и се мисли што да прави,инаку немаше да прашува овде.Мислам дај бидете реални ,на форуми се совршени татковкци,и најмајки ам кој да верува?