Скокај-разбираш-неразбираш,јасно и читко,не разбираш бидејки така ти чини .ИСКРЕНОСТА е лоша особина дури и на форум,и во живо истово го кажувам,и гајле ми е дали се лутат и не им одговара,се разбира ако ме прашаат лично,во сптротивно-ТВОЈ ЖИВОТ,ТВОИ ПРАВИЛА,ТВОЈ БРАК.
Да си ја вртиш водата на својата воденица. Односно да си ги подредиш другите според своите потреби а не обратно. Имам впечаток дека повеќе ти правиш некои работи за да угодиш на други него на себе и тоа ти е најголемата грешка. Не е во ред што си оставена сама на себе од утро до вечер со детето. Маж ти ако работи кога е дома нека ти помогне. Ако преку недела неможе да ти се најде барем за викендите или кога е слободен нека ти помогне. Доволно е да го причува детето додека да средиш нешто низ дома или себе да се средиш. Ако таа свекрва не сака да ти помогне во овој период кога ти треба физичка помош, и ја отворила толкава устата само за критика јасно е дека од неа не само што нема што да очекувате туку и подобро е да ја дистанцираш. Очигледно е дека таа домот го смета за свој, а не за заеднички со вас и ти треба сосе дете да се прилагодите на нејзиниот ред. Или по нејзино или никако, штом ти рекла дека ќе те избрка за незавршена обврска. Многу мизерно од жена која и сама имала бебе во рацете некогаш.. Седни си го мажот, направете си план како да се одвоите од нив постепено. Ако нема начин за тоа да се изведе нека самиот и каже на мајка му до каде и е дозволено ако сака да е тој покрај нив. Не се конфронтирај ти со неа. Таа е негова мајка и тој мора да го направи тоа во ваше заедничко име. Само така и самиот ќе научи дека вие тројца сте семејството кое е најбитно, а не тој и родителите негови и нека почне да си го штити семејството и домот. Не гледам како ќе живее и маж ти со нив кога мајка му нема емпатија за него и е толку посесивна за домот и својот ред. Му го загорчува животот, секојдневниот мир дома и бракот на сопственото дете. Што ти прави на тебе му прави на него. Тука има и малку суета и љубомора дека ти не можеш да бидеш исто толку добра како неа во однос на домот и сето тоа. Ама тоа е нејзин личен проблем. Некои луѓе не се за живот во заедница, ама никогаш нема да признаат дека е до нив. Ќе ги криват секогаш другите за немањето соживот затоа што негираат и пред себе дека тие се криви. Немаат гз да си признаат какви се реално. Почесно е, мислам, да рече родителот дека не ги прима децата со него зашто сака да не му се ремети раатот, него да ги земе па после да се однесува како свекрва ти. Ама што ќе речат другите ако така постапи, нели? Вака ако си одите било заради тебе или заради вас двајцата не заради неа. Нејзе совеста пред себе и пред другите ќе и е мирна. Тргнете се од токсичното влијание. Таа има свои проблеми. Со такви личности мораш да им ставаш граници и јасно и доследно да им ги кажуваш. Одредете ги границите заедно со маж ти и тој нека и ги каже. Нека ја услови ако треба-или ќе правиш/нема да правиш така или ќе си одам.
Не, напротив тој сака да одам, јас вев таа што од по Никогаш не ми рекол да не одам и јас, единствен коментар беше за лекарства на малиот и тоа во мај кога првично рековме ќе идиме. Па јас се премислував, во меѓувреме големиот цело лето кашла, па некако мора да се однеси, ако не сите да оди тој со другарот. И така не беше дефинитвно се дур не и рекол неа ќе одам воопшто. Па ми кажа што му рекла ама не рече еј седи јас со мама одам. Во оваа ситуација не е мн виновен, ниту мене ми рече не доаѓај, ниту неа и рекој ајде со мене.
Тој збори како тоа ние тука сме вложиле за кујна дневна и спална сеа се да оставиме, немаме финансии, ќе сме требале да плаќаме сметки. За се се наоѓа оправдување баш како да не сака да си иде тука он е многу поврзан со нив, а гледа дека за многу работи грешат ама ништо не им збори.. Мене најмногу ме иритира што ми се мешаат во одгледувањето на детето, а не го имаат фатено во раце. Дури си даваат за право да ми кажат дали да го носам на лекар или не. Па еднаш и си дадоа во право да ми влезат во спална наевечер зошто плачело детето им викам го тепам затоа...И јас што сум нервозна што слушам на нив ништо не им викам ама на маж ми му викам и он ги брани..
На маж ти му е убаво дома при мама и тато, зошто да се мачи кога може некој да го гледа? Ти имаш две деца дома, а неговите те гледаат и тебе како дете. Не знам колку години имате, а и не е битно, штом сте направиле бебе треба да се однесувате како возрасни, или ќе им дозволиш да те третираат како дете или ќе пораснеш и ти ќе им го покажеш местото. Од маж ти не би очекувала помош во ситуацијава, затоа ти си таа која треба да пресечеш. Без кавги, без сарказми, отсечно и директно. Ако треба да повторуваш дека ти си МАЈКАТА, дека дневната и спалната се твој ЛИЧЕН И ПРИВАТЕН ПРОСТОР, ќе повторуваш. Во меѓувреме не поминувај време со нив, игнорирај коментари и закачки дури не ги прифатат твоите услови за нормална живеачка и здрава околина за сите. Ако имаш клуч, заклучувај се почесто, ако не стави си, или поминувај време надвор од домот.
Еден одмор мајка ми тера со нас, еден одиме сами. Сама е и бидејќи ми го чуваше малото одеше со нас на одмор бидејќи неможеше да се организира со пријателка заради тајмингот наш и нејзин. Ни на крај памет не ми текнало да и речам ај сеа седи ти ние ќе шетаме, или оди порано напрај ручек и сл. Не го доживувам тоа дека ја носам за да ми го чува детето а јас да уживам. Напротив кај цела година готви и чува дете сакам да не мрда со прст цел одмор да ужива. Себично и нечовечки е да ја носам за да ми “помага”. Дури и на плажа одиме различно време.
Мислењево ти е да се крсти човек со лева. Баш! Сум била на одмор со 3 месечно бебе и дете од 4 год и убаво се одморив. Бебе само цица и спие. Не носевме 300 тракатанци за занимација затоа што на толку мало бебе му е интересна само цицката. Додека бебе спиеше или беше будно и сито јас се бањав, мм го чуваше. Кога цицаше мм се бањаше. Ние сме тим, децата ни се заеднички. Редот си го задржавме од дома и си се вративме здрави, живи и со убави спомени. Јас немам впечаток дека тука некој се прикажува како нај родител, туку тоа се нормални одговорни родители. Маж од 30 + да оди сам со мајка му и детето на одмор, а жената да дреме дома... Поголема Будалаштина одамна немам прочитано..
Битно на синчето мамино да му е погодено, зготвено, се дотерано, детето згрижено додека тој пие кафенце со другарот. Алооо, го има ли тоа некаде на друго место во светот синдромот македонче со вечно непресечена папочна врска и врзан за на мама сукњата до пензија. Па тие такви не треба ниту да се женат а најмалку фамилија да основаат. И да, мислам дека е тотално себично да се носи мајка со себе на одмор само за да некој може да пие кафе и си ја сонча на раат а мајката да трча по децата. Во која улога се носи тогаш ако не во улога на неплатена куќна помошничка.
Леле, ве читам , не сакам да судам, ама си викам еј не се деца за секој, какви родители има боже свашта, нели човек треба свесно да донесе одлука да стане родител, дека тоа е одговорност, дека ќе треба да се израсне и гледа тоа мало човече, кај ви помагаат од што сте неспособни за улогата па уште и мани им наоѓате. Епа ова е врв.
Зошто терате вакви муабети без потреба? Кој се се жени и праи деца е истото. Не се жените неспособни, туку се преоптеретени ради неспособни мажи. И не може се да се увиди пред брак, бракот е многу поинаков од врска.
Зошто овде повеќе жени пишуваат, исто мислам де и за кој се се жени. Не може се ама има луѓе што упорно одат со глава во ѕид. Форум е може да се каже што сакаш, колку офф топик се оди во теми, ова е бар за темата. Крај краева, не е ништо злонамерно кажано само може треба да ги чукне реалноста а не "тапкање"по рамо. Секој си одлучува како ќе го искомплицира својот живот
Ок не викам да тапкаш по рамо ама не знам како ќе и помогнеш на некоја жена со муабетот "што не си отварала очи пред да се мажиш" или "неспособна си да си чуваш дете". Сфаќам јас таф лав, и јас сум генерално директна и си кажувам што мислам ама ова е претерано
Не гледам ништо иронично ама еве ти виде Живееме зсо дм веќе скоро 3 години и не гледам дека ми е нешто поразлично од брак
И нека биде ама мислам бар во делот дали раскрева по дома, дали е одговорен, дали готви, дали е педантен, дали почитува, дали е исполнителен, дали си искажува свој став, дали знае кога да застане на твоја страна, дали знае да решава конфликти, недоразбирања или дали става под тепих и мн други работи што погоре се спомнуваат, се гледаат и во врска.....