Не дека не сме мажени, мажени сме, и баш затоа, не се криви само мажите во приказнава, општо , не зрели луѓе се тоа, што сакаат да си го олеснат функционирањето, егоисти, што не сакаат одговорност. А секој зрел возрасен знае што треба да очекува кога влегува во брак, кога добива дете. Тоа што сакаат да фураат исто као коа биле сами е малку за мене неизживеано. А на крај страдаат децата. И ок барајте помош и тоа е ок ама не пишувајте во темиве, за свекрвите,како го разболува детето, му дала да јаде ова, му рекла она, тоа е штом самите не си преземате одговорности.
Колку само не е вака. Ако им ги оставаат, не значи дека свека добила титула на Бог па да тера како сака. Треба да се почитува што кажала мајката, а не позади грб да му се бутаат мед и чоколади и смоки, а мајката да си поќути зошто ете морала на работа да оди и тоа е тоа. Јас сум против оставање деца, но гледам дека други немаат друго чаре. Не зборувам за оние кои ги оставаат децата за да шетаат на одмори раат, туку што ги оставаат ради работа и основни обврски, а не можат да ги запишат во градинка. Не е се црно бело во животот.
Ок јас зборам за тие што тераат лични ќефови, а за овие што се мачат одат на работа и немаат средства за градинка , тогаш е во ред да постават правила. Ама ако сакаат да штедат и сл а свекрвата е бесплатна дадилка , тогаш извинете ама вашите муабети тука стварно звучат банално, па уште правила па не знам што.
А демек ако остави некој дете за да излези на вечера на пр, тогаш можи да се гази авторитетот на родителите и да се дозволува или дава на дете шо да е, оти тие личен кеиф си тераат?
Личен ќеф ми беше да одам на свадба, ја викнав бесплатната дадилка - мајка ми што точно до секунда се направи како што и кажав дека треба. Со правила, да. Затоа што чувала бебе пред 26 години последен пат и нормално дека треба да се постават правила. Без разлика кој и да го чува бебето, мајка свекрва комшика треба да се каже на кој начин се чува тоа бебе, што сака и што треба. Стварно мислам дека ако јас се нафатам да чувам нечие бебе треба да го чувам по принцип на кој што тие си го чуваат дома. Нормално, нема да го исчувам како нив ама ако они не даваат пример чоколадо а јас му дадам тоа е веќе излегување од секојдневниот ред на бебе/дете. Да, ништо нема да му биде од една коцка чоколадо или било што ама зошто јас би го дала ако домашните не го даваат? Само затоа што си тераат лични ќефови а јас сум се нафатила да го чувам бебето?
Епа сега може ,нормално ако сакате вечери си има дадилки. Ја се разбирам, ама реалноста е поинаква, сведок сум на такви ситуации и знам дека ќе си прави она како што си ги гледала и своите деца , и твоите правила нема да поштува. А ти башка нема да знаеш. Ќе ти каже супер си беше и толку.
Мене лично ич не ми е проблем да го носам детето ама буквално секаде каде што одам или да се комбинирам со маж, еден оди, друг чува дете. Оти немам баба сервис, така ми налага ситуацијата, така се снајдувам. Ама ете во тие случаи кога сме на гости кај едните или другите, тие се тие што бараат да им оставиме внуче. И да, го оставам за бркање на мој личен кеиф, ама само и само под услов детето да јади, пие, спие, шета исто како да е со мене. Со список, во колку што да јаде, кога да спие, кога во парк, што да се облече. Ако не им одговараат моите "правила" нека не го чуваат, ќе се снајдам и без нив. А одење против одгледување и авторитети од мајката и таткото и тоа на штета на детето (чоколада, грицки, тв, јутјуб, додади по желба тоа што родител забранува) е само докажување колкава е нивната глупост, не љубов. Такви не ми требаат ни мене, ни на детето.
Во која држава живееш ти со дадилкиве? Има такви услуги во мк? И ќе оставам дете туку така на непознат
Нема да знаеш еднаш, два пати, пет пати. Мислиш дека како родител нема да приметиш дека нешто не е по твоите услови? Па и не растеме идиоти, ќе си каже само евентуално што прави со баба и дедо И муабетот со дадилките мало сутра ти држи вода. Ако не сакам на мајка ми да го оставам детето, ќе го оставам на некоја рандом што доаѓа еднаш месечно по потреба. И повеќе ќе и верувам на неа, да
И ти некоја од тие женички шо не ги ни знаеш ни познаваш и прв пат во животот ги гледаш ќе ја оставиш сама со твоето дете?
Не сите се познаваме горе доле таму кај што живееме, значи по препорака е најчесто сигурно нема рандом некоја на улица да и го оставиш детето.
Се согласувам со тебе. Кај мене се нафатија да го земаат 1 саат порано од градинка пошто блиску живеат до градинката и договорени сме кога го земаат да ми се јават и им давам насоки што да му дадат да јаде, пие итн и многу ми пречи ако му даваат други ствари за јадење пошто ете не сакал тоа што сум им го кажала. Едноставно тоа ми е непочитување и ми го ремети остатокот од денот. Башка не може секој ден дете геврече и кисело млеко да јаде, колку и тоа да го сака. Мое дете, мои правила. Нивното дете си го изгледале и ден денес има проблеми со одржување килажа пошто немало ред што се јаде.
Не е џабе, реалност е. Можеби ти немаш такво искуство. Нема да биде еци пец,затоа и 90% од семејствата што имаат дадилки имаат камери во домовите.