Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.898
    Јас свекрва ми и свекор ми навистина ги почитувам, и досега апсолутно никаков конфликт не сме имале. Вчера кога се вративме од пат само им се јавив дека стасавме, направивме муабет, не ми ни текна дека е прочка па да спомнам - кај мене во фамилија барањето прочка секогаш било повеќе на зезање, и со таков тон, така да и не би ми било природно на свекрва ми да и барам прочка (дури и да ми текнеше).
    Едноставно - секој прави онака како што мисли дека е најдобро и како што е навикнат, посебно кога се обичаите во прашање. Ако е нешто изнасилено - не вреди (посебно не простување)
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.735
    Допаѓања:
    38.472
    Пол:
    Женски
    Со свекрва ми и свекор ми немам проблеми. На почетокот имав проблеми со свекрва ми, бидејќи многу ми се мешаше околу син ми. Ама кога му се пожалив на маж ми, престана да се меша. Ретко ги гледам и неа и свекор ми (живеат во друг град).
     
  3. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    300
    :up: Е ова ми беше зборот. Сите се жалите дека ви се вакви или онакви свекрвите, ги нарекувате секако, и после им бацувате рака, бидејќи нели така ве учеле од дома и многу сте културни. Малку ми е тоа лицемерно.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Немам никаква грижа на совест за тоа што сум му бакнала рака на некого, или не сум му бакнала. Само знам дека свекор ми го почитува тоа, и немам ниту една причина освен идиотизам за да му го ускратам тоа. Свекрва ми несака ни да види ни да чуе, и тоа е тоа. Не се замарам. Дека било заостанато, традиционално, гадно или незнам што, мене не ми е. Јас за свадбата не терам ни еден единствен адет освен што ќе дојдат да ме земат затоа што и на моите и на неговите им е ќеиф, и толку. Кај мене дома не се бацувале раце никогаш, ама 10 годишната врска ме научи со свекор ми како треба а исто толку вложува и он. Свекрва ми пак си е со повеќе бубачки, ама веќе научив и со неа горе-долу. Имам шанси некакви за да се мавнеме од таму, ама тоа ќе потрае. До тогаш мора да се вложува и толерира од двете страни инаку маф ни е работата и нас и нив. Отпосле веќе друго е, еднаш неделно на ручек да се гледаме. Секогаш било и ќе биде вака со бакнување рака, на едни ни е сосема нормално а на други несватливо. Нема сигурно на свадба да одам по луѓено пари да собирам :rofl: Од дома НЕ ме воспитале да бацувам раце бидејќи тоа не го правеле, и не се доживувам како лицемерна затоа што денот е таков да се прости и ако 10 луѓе имаат различни навики и желби, ако заслужуваат од мене да им ги испочитувам тоа и ќе се случи. Фамилијата е света работа, и вреди да се почитува. Можеби со свеки имам 300 разлики, можеби ми згорчува по саат време во денот, ама не верувам дека до толку се труди она намерно. Не ми е верно да сака неко да ми штети, само жената е малку проста. Се надевам дека е вака. Ми пукал филмот 100 пати, ама и сама сум си крива, брзоплета сум. Неморам да одбрусам одма назад. Е ова мене Прочка ми до прави, размислувам како да се променам и јас кон ситуацијата а не само ситуацијата кон мене. За расправија секогаш треба двајца. Мене Прочка ми е важен празник, и така ќе правам секогаш.
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Јас со свекрва ми не се простив ни ништо...Отидов кај моите сама со малиот мм не дојде пошто он не збори со мајка ми и го молев да дојде несака и несака и јас горе кај свекрва ми не се ни качив а она па не се ни симна да ми честита роденден...Не се замарам ама баш ич мирна глава вака....како што ме почитубаат така и ќе ги почитувам! ;)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Не сум во тек - што стана со свекрва ти 17 март? Нели операција правеше на роденденот на малиот, па после ти збореше за развод :?:
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Колку што паметам, не се разведоа со мажот, но само се формално во брак, барањето го поништиле, не знам зашто, мислам заради детето (март, поправи ме ако сум грешка)

    едит: и среќен именден (со задоцнување :$ ).
     
  8. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Да да ама во меѓувреме т.е. минатата недела се случија некои проблеми исто заради свекрва ми и пак се испокаравме убаво т.е. јас се искарав со свекрва ми и сега не ни комуницирам со неа.
    И меѓудругото прашање на време е кога ќе заврши овој формален брак бидејќи многу е тешко мажот да не е на твоја страна и да не те подржува!
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Па шознам, според искуства од деца на разведени родители, многу побргу се опоравуваат оние кои како помали станале деца на разведени родители. Така што, ако сте сигурни дека не функционира, подобро прекинете, детето е мало, само една годинка, ако сега се разведете, сигурно нема ни да се сеќава на вашите расправии кога ќе потпорасне и подобро ќе се навикне растејќи така, отколку еден ден да го шокирате со развод кога веќе ќе ја има примено сликата за семејство со мама и тато под еден покрив 24/7. Не се мачете веќе, ни вие, ни детето.

    Едит Сеа ми текна, нели уште кога беше бремена и се испокаравте и ти беше пред одење, мт ти вети дека се` ќе се поправи? Очигледно не си држи до зборот и не треба веќе да му даваш шанси напразно.
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Кога бев трудна не бев пред одење,,,него тогаш си отидов јас кај моите и таму седев 1месец ама бидејќи бев многу ‘паметна‘ после неколку разговори со него и неколку кажани лаги се вратив и башка ова не му е давање уште 1санша него 1001 ама јас последниот пат кажав пред сите дека после уште едно непочитување од него и малтретирање ќе биде готово. Само не се знае кога бомбата ќе пукне! :@
    Иначе тесси фала ама роденден ми беше вчера :rofl: :* :inlove:
     
    На Nikinena му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    А да не чекате да пукне бомбата? Да се разделите без голема ѓурултија кревање, ако ништо друго бебушот да не се потресува многу.
    ЈА па прочитав именден. Да бе, па и никот ти е таков...спора сум денес, нејсе. :D Шо да е, среќа нека ти донесе. :)
     
  12. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Фала ти фала уште еднаш :* иначе работите целосно се сменија на лошо уште на роденденот и башка не верувам дека малиов ќе порасне нешто многу пред ние да се разделиме пошто јас прогнозирам дека јас ќе издржам уште најмногу 1до2 месеци. иначе и моите само ми викаат дека не иде и да не се нервирам повеќе ама кога сум глупава и добра што го сакам а повеќе и го жалам ако ми е.
     
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас никому ниту се јавив,ниту демек ќе простувам ниту рака да бакнувам.Зошто кога тие не ме почитуваат,само проблеми ми прават па демек рака да бацам...нема грешка...не заслужуваат јас не им простувам ни господ знам дека нема да им прости па тогаш нека одат каде што им е местото тоа се ѓаволи...Ма нека се гонат...На мм му реков ако сакаш оди си кај мајкати можеш и таму да си јадеш и да си спиеш.
    Јас,едноставно ќе одам во црква на гроб кај мајка ми...и бев... се дрцнав од плачење си ги кажав маките.Си ги профуцкав парите,нема веза.Воопшто не ми е грижа како сум постапила?!.. бидејки знам дека ова беше најдоброто што можев да го направам 364 дена душата ќе ми ја вадат за само еден ден да се простиме.Не се интересни и не дозволувам никој да ме зеза...и мене некоја ме родила,ме сакала и се грижела за мене.Па дури да дојде и до нешто за кое верував дека нема дојде не ми е грижа ова ми е еден живот мој е и ке си го живеам мирно.
     
    На encimenci и tessie им се допаѓа ова.
  14. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Според мене прочка не е единствениот ден за простување,ако требало нешто да се прости ке се простело во моментот.Јас со свекрва ми лом се изнаправив и не очекував да ми бара прошка мене бидејки ако има некој кој треба да бара прошка тоа беше таа.Ми вика нели си простуваме нели бараш прочка и јас,јас тебе да ти барам прочка после се што ми накажа мене на мм,на моите и на малото што му правиш,па викам тебе вардар не те пере а не моето простување и метаани да ми праиш нема шанси да ти простам не си заслужила и се повеке паѓаш во грешки.Таа како избезумена избега еве ја ја нема да дојде ни внукот да си го види.И нема шанси да и простам посебно тоа што сакаше да не раздели со мм и да го прати син ми во дом за дечиња па дали е нормална бе!?!И ко ке пукне пролет да се поделиме и деф таму од нејзе,мм ме разубеди да не купуваме стан затоа што малиот ко ке порснал нему да му купиме и јас се размислив и така одлучивме,ама ако се повтори истото дефинитивно си одиме.!!
     
    На Nedzhla и encimenci им се допаѓа ова.
  15. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    се нервирам,дека не ми текна вчера да и се јавам на екс свеки, (нагалено хистерија,) и да и побарам прошка...
    ке си пукнам...
    да и се јавев ке полудеше...
    абе ми иде шамар да си удрам :D
    да и кажев само-хистерија, простено ти е од мене се што ми имаш направено...
    да небеше ти, немаше да бидам вака одлучна..
    од мене ти е простено, а со Господ види си сама( пошто секогаш е на моја страна) :rofl:

    ти простувам и ти благодарам.

    а да и се јавам денес? :$
     
    На HEV и tessie им се допаѓа ова.
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Од ФБ:

    Доаѓа невеста кај мајката на мажот на денот на свадбата и носи подарок. отвара старава и нешто чудно ѝ е. внатре, ножици, сапун и 300 евра.
    видела не видела морала да праша што е финтава со подарокот.
    - епа ножиците ти се за да си го скратиш јазикот, сапунот ти е да се измиеш и да не се лепиш веќе за син ти и 300 евра се за млекото што си го доела
     
    На ilipili, l-a-d-y-di, Eleonorastrumica и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Јас сум човек што ја почитува традицијата...празникот прочка за мене е еден од најубавите празници.Тое е празник кој не посетува сите нас дека грешиме..човечки е да се греши но,уште почовечки е да се простува.Денот на овој празник треба да ни биде пример како да постапуваме и во преостанатите 364 денови од годината но,ретки се луѓето кои ова го почитувааат..се се сведува на дволичност и извештаченост,суштината е неповратно изгубена..слепо следење на шаблон од една традиција...не може со некој очите да си ги вадите секој ден а,еден ден во годината да глумите колку се сакате и почитувате за мене ова е неприфатливо...можам да простам и простувам ако увидам дека тој што бара прошка навистина и тоа го мисли и чувствува а,не само за тоа што таков бил редот...се останато е непотребно трошење на зборови.Па дури и тоа бакнување рака за мене е врв на лицемерие(пример јас кога бев снаа јатрвава пред празникот и после празникот само дробеше за свеки се и сешто ама битно за прочка и баци рака...од што многу ја сака и почитува)
    Е јас ова не го можам...незнам да глумам ,јас не и бацив.Да знаев да глумам можеби и подобро ќе си врвев во животов..ама сум ете анти талент за глума...сепак секоја им чест на исклучоците некои тоа го прават искрено и од срце...респект за нив :clap:
     
    На Anyshka, Serafima, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.239
    Допаѓања:
    124.537
    Пол:
    Женски
    А да не се замараш со нив? Голем е Господ враќа не заборава!
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  19. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Во право си нена.не се замеарам веќе.од утре му давам нова шанса на светов.
    очекувам позитивно да се изненадам.
    и свечано ветувам веќе за мојата нот мент то бе свадба непишувам:)
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ШТО НЕ СМЕАТ СВЕКРВИТЕ ДА ИМ КАЖАТ НА СНАИТЕ

    Свекрвите се нарекуваат понекогаш и „секриви“ од објективни причини, а понекогаш бидејќи мајката и сопругата несвесно се натпреваруваат за наклоноста на најважниот маж во нивните животи, што често резултира со кавги и непријатни забелешки.

    Порталот Grandparents анализирал кои работи најмногу им сметаат на жените кај мајките на нивните мажи, и според советите на постарите и поискусните, открил како проблемите во односотсвекрва-снаа е најдобро да се решат.
    На снаите најмногу им смета инвазијата на нивната приватност, ненајавените посети на свекрвата, дури и ако тие се многу кратки, велат психолозите. А најдобар совет за свекрвите е да се присетат како им било на нив кога биле снаи и да се држат до пробаните совети на искусните.
    На снаите им е потребно чувството на сопствена самостојност и независност од мајката на партнерот, а со ненајавените посети се чувствуваат како тие да им ја загрозуваат слободата и им се наметнуваат, истакнуваат психолозите. Поради тоа пред секоја посета треба да се најават и да ги прашаат синот и снаата што прават, дали се слободни и да изразат желба за посета, и со тоа да го спречат негативното чувство и кај двете страни.

    ФОРСИРАЊЕ НА БЛИСКОСТ

    Свекрвите кои сакаат снаата да ги вика мамо, кои очекуваат дека ќе бидат најдобри пријателки и дека ќе водат интимни разговори за проблемите, се втори на листата на најнепосакувани свекрви.
    Наметнувањето на блискост е вистински начин за постигнување контраефект. Тие жени веќе имаат мајка, па ако сакате блискост тогаш кажете и дека ви е мило што го прави среќен вашиот син и нека ве нарекува како што таа самата сака, советуваат психолозите.

    НЕСАКАНО СОВЕТУВАЊЕ

    Иако повеќето луѓе се воспитувани да ги слушаат постарите од себе, советите од свекрвите ги доведува снаите во незавидна позиција која обично резултира со лутина. Исто така, ретко кој сака да слуша совети кои што сам не ги побарал.
    Иако советите ги давате во најдобра намера, едноставно присетете се како би ви било вам да сте во иста позиција.
    Најдобар совет за свекрвите е да си го „прегризат јазикот“. Снаата, не само што нема да ги послуша, туку и ќе им забележи поради несаканиот совет. Бидете доследни и праведни, па снаата сама ќе побара совет.

    КРИТИКИ ЗА ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

    Бабите и дедовците имаат големо влијание на детето, но тоа влијание најпрво треба да го остваруваат со својата љубов и внимание, а не со обидите на превоспитување.
    Доколку и зборувате на снаата дека детето е непристојно, нечисто или нервозно, со тоа, всушност, и префрлувате дека таа не успеала како мајка, опоменуваат психолозите.
    Воспитувањето на децата е многу деликатна тема и ако сакате снаата добронамерно да ја предупредите, обидете се да се воздржите. Дадете и до знаење дека сте на располагање за разговор доколку таа тоа ќе го посака, но дека не сакате да и се мешате во воспитувањето.

    ОЗБОРУВАЊЕ НА СНААТА ПРЕД СИНОТ

    Приговарањето на синот и поплаките за неговата жена го доведуваат во тешка позиција во која мора да ја брани својата жена или да се кара со мајката. Затоа, не правете го тоа, без разлика колку вам нејзиното однесување понекогаш ви пречи. Сетете се како вие би се чувствувале доколку некој ви се меша во бракот и запамтете дека вие нема да бидете посреќни ако вашиот син биде несреќен.
    Ако вашата снаа е таа која објективно е безобразна кон вас, пристапете и директно, но со почит и кажете и што и зошто ви смета, наместо да се обидувате синот да го свртите против нејзе за да дојдете до целта.
     
    На Anyshka, l-a-d-y-di, pepita82 и 8 други им се допаѓа ова.