За првото дете повеќето се такви, паѓаат во несвест по него, второто како да не постои. За првото купуваа поклони, кола на дајлинско и секакви други скапи реквизити, за второво не купиле ништо. Не дека ми треба и онака сме затрупани со играчки, ама не е фер кон децата.Три недели откако се породив, не ни прашаа дали сте добри, дали ви треба нешто. За првово изиграваше маскота само да му е интересна и да седи со неа, а со второво, аааа ќе се расплаче ако го земам вика. Не ни пробува. Нема везе, они си знаат и нивните ги делеле, ги делат сега и нашиве. Мм има многу трауми од такви поделби и затоа ние гледаме за двајцата исто.
Не знам зошто се замарате. Искрено најважни се мајка и татко. Баба и дедо ако не сакаат да го видат внучето, нивни проблем. Јас мојата баба од страната на татко ми ја отпишав на мои 30 години. И мојата свекрва е повеќе за децата од другиот син, но не се замарам. Нејзин проблем.
Јас сум била двоена од баба ми,на татко ми мајка. Никогаш не ме сакаше,дедо ми ќе ми го купеше најубавиот сладолед баба ми ќе го поплукаше. За празници за сите чоколади,пари,пакетчиња за мене ништо. Ти ја разбирам болката -боли да. Бог да ја прости ама никаков аманет не ми остави. Еднаш побарав да ми ја даде една ташна и не ми ја даде,и ја даде на омилената внука пред мои очи. Болеше. Море добро глумеше дека ме сакаше. Подобро ич да не дава отколку да глуми дека дава од што многу “ме сака.” Уште и братучедка ми се дрзна во мој дом да каже дека сме немале слика од баба ми за спомен па и реков “Тебе највеќе те сакаше, дома ставај си слики колку сакаш во оваа куќа слика нема да видиш”
Ич да не и се замараш со такви што делат деца нема да се разбереш. Како што разбрав не живеете со нив стави ја на игнор колку можеш . Јас би му кажала на детето кога ќе е големо и ќе разбира а и самото ќе сфати. А и на неа кога ќе подостари би и кажала како се понашала со моето дете и да не очекува ништо од мене и моето дете.
Za delenje vnuci mozam kniga da napisam. Majka mi gi delese vnucite, deteto Moe bese tugja krv a na brat mi sinot nivna. Od pocetok taka bese.Zboruvav mnogu pati so nea barem javno da ne go pokazuva toa zasto moevo e pogolemo I razbira, da ne ja povreduva.Do den denesen isto se odnesuva, a moevo ne ja saka i mi vika ne me teraj so sila da odam.Krenav race.Koj sto drobel neka srka.Mene mi e majka I nisto ne mozam, jas odam na gosti.
Леле тоа на сила терање.. Како во туша куќа се осеќав, една нелагодност. Уште ја памтам и после толку години. Дете осеќа.
Кога одиме кај моите на гости, мојата дека поголема и сака цело време да е до ќерката на брат ми, да ја храни, да си играат. Ама знае така одеднаш да се расплаче, да вришти и јас нели и велам на мојата тргни се од неа и она се разбира. Арно ама, приметувам и мајка ми и вика на ќерка ми тргни се, си знае она самата и ја зема помалечката Се осетив незгодно стварно, пошто не било вака до сега, а и жал ми падна видов мојата како се осети
Како што веќе ти пишале да ја смениш не можеш , за некое време и детето ќе примети и нема да сака да оди - тогаш ти ќе му бидеш поддршка ќе си седиш со него дома таткото нека оди нека им каже дека детето не сака и зошто не сака да оди ! Никако немој да го терате со сила. Сум го поминала ова со баба ми и дедо ми , па и уште го поминувам сега со правнуци т.е моето и на братучетка ми децата истото го прават.. ама затоа скоро ич не ја гледа дедо ми иако сме на 10 мин. Баба ми почина но од глава не ми излегуваат некои работи што ги правела и колку се огрешила со нас. Значи и мама ја делеа ( сопствените деца фактички) и нас ( внуците) и сега правнуци..
Vidi i roditeli sto imatt 2 ili 3 deca imaat omileno,ne pa baba i dedo,i obicno e toa prvoto sto e najcekano.
И јас ама ниту јас ниту па сестра ми сме биле нешто омилени кај баба или дедо. Такви олоши без љубов се погодиле, немам чувства спрема нив, Бог да ги прости. Инаку сега со мое да осетам различно однесување и поделба, во најмал степен ќе изреагирам кај маж ми и нема да се помирам. Или нема да го гледаат таквите, од срце кога ќе излезе човек џабе е и гледање и глумење. А каква е таа човечка душа внуце да игнорираш гревови. И колку време треба да помине за дете само да сфати дека не е исто сакано, пример? Да порасне па да види дека нему не му даваат количе, а на други да..Грдо. Нема потреба. Јас како мајка ќе се заземам да немаат потреба воопшто да го гледаат.
Јас од едната страна сум прво од другата последно...од двете страни сум сакано дете (бидејќи сум била слатко лошка) А син ми од двете страни е прво па машко -и нема проблем никаков на свекрвата на мајками (баба ми ) сум омилената ама бидејки сум најстара секогаш ме подучувала чувај ги помалите (мајка ми и ден денес ме вика по име на баба кога ќе се подналути, демек на неа сум лошка)
Јас сум дете кое било делена. И мајка ми како дете на баба ми била делена. Мајка ми тоа и ден денес ја боли. А јас, па мене ми е сеедно сега искрено. Имав толку многу љубов од родителите, што другово и не ми беше битно. Братучед ми и ден денес и е омилен, како и тетка ми како нејзино дете. Душа ќе даде за нив, а ние едноставно никогаш не сме доволно добри. Па кога бев мала имаше и патетични работи како давање кришум пари, купување кришум сладоледи и чоколади, најубавата храна за нив... Јас тоа го приметував и тогаш, но тоа е тоа. Се вадеше со тоа дека тетка ми е разведена, а јас имам татко (и он имаше ама разведени). Он сираче бил, а јас сум имала се. Ми правеше да се осеќам глупо да го спомнам татко ми. Ден денес е така. Еве пример колку е патетична ситуацијава: Јас работам, а братучед ми не. Постар е од мене. Он шета навечер, дење спие, а тетка ми го финансира. Е сега, јас си ја имам уништено кичмата со работа. И така си зборуваме јас, баба ми и мајка ми и она ми вика, тебе те боли кичма??? А Х да видиш како го боли, он по цел ден спие со прозор на кип, твоево не е ништо.
Темава на прв поглед изгледа како оговарање. Потоа кога ќе прочитам што се реплицира, гледам како судница е. Поротата со различен став, одлука и пресуда од никаква корист на крај. На темава. Со свекрвата од почеток барав дистанца, она бараше блискост. Попуштив малку и ми почнаа проблеми. Зеде сила, се мешаше, правеше збрки и проблеми. Сите се испокаравме лом се направивме. На крај добив дистанца . Веќе една година со неа сме само на "Добар ден" и "Слободна си утре да го чуваш малиот?". Ниту кафе пијам, ниту на муабет се симнувам. Кога ќе ми текне на почеток по 3 кафиња одев да пијам со неа оти ме викала, да не ја навредам ако не одам, па ручек ќе ми пишеше што има, и на ручек се симнував, за после да си чујам муабет во стилот: "Зошто не ме сака оваа снаа ? И нејзе и другата како мои деца ги гледам, како во хотел all inclusive им готвам, чистам, тие само нивниот простор го чистат." Е фала што ме свести. Ептен ми олесни. Како може да не споредува кога јас живеам на посебен спрат, а јатрвата ниту ден нема живеено тука, од почеток си е на друго место ? Ај шо престанав со кафиња и на ручек заеднички, туку почнав и да се тргнувам на страна. Порано ја прашував помош дали сака, сеа не прашувам ништо, а она сама не бара помош, оти круната ќе и падне Милина. На темата за внуци и делење. Моите баба и дедо сите не гледаа исто. Можеби потајно си имале миленик, не знам. Јас сум прва најстара внука крстена по баба. Не знам, за се исто не дарувале, матурски, родендени, ако на еден дадат парички, купат телефон, лаптоп, обавезно и на другите. Пример јас и сестра ми кога купувавме автомобили баба и дедо дадоа придонес, колку на мене, толку и на неа. Верувам и на другите внуци имаат обезбедено за да им дадат кога ќе дојде време. Ама кај што сум мажена не е иста ситуација. Прво морам да спомнам за себе, како прва снаа и отворив полесен пат на јатрвата. Имаше пример од мене што треба/што не треба да прави и да ја снајде. А исто и свекрвата се свести дека како што јас и дадов црвен картон ќе добие и од другата снаа ако тера така. Ова е во во поглед на чување дете и мешање во тој поглед. Сето тоа мислам се одразува и на поделбата на внуците. Иако јас имав расправии караници и сл. за чудо моето дете им е помило. А детето на јатрвата дали дека од почеток на далечина и немаат иста блискост и поврзаност. Е сеа за син ми. Кога се породив на мене златно синџирче ми купиле(наместо златна алка за бебето) букети, за бебето подароци, постелнини, облека, количка за бебе пред тоа земаа. Потоа му купија дубак. Па трицикл. Кога се породи јатрвата само букет и некое старо злато дадоа. Количка она си избра и купи. Постелнини не сакаше, облека и дадоа нешто ситно, пари и дадоа демек да не израмнат, чим не сакала да и купуваат креветче, количка. И тоа е. Ништо големо додатно. За празници исто им даваат. За родендени исто им даваат. Ама вака ради реда им текнува на син ми играчки купуваат, облека, нешто ќе им се допадне и купуваат. За внуката не толку многу. Сеа кога е нешто официјално, пример земале играчки поскапи, ќе земат и на двајцата. Син ми го чуваат многу често може затоа го чувствуваат како миленик, од бебе го гледаат. А деверот и јатрвата не живеат со нас и девојчето не го гледаа воопшто додека јатрвата беше на породилно. Неколку пати во тие неколку месеци ја донесе, и они 5-6 пати ако отидоа на гости. Знам кога се враќаа стариве од патувања на внуците обавезно носеа по нешто. Ама на син ми повеќе даваа. Не знам, јас ја чувствувам разликата која ја прават меѓу нив. Којзнае колку тешко и паѓа на јатрвата. Еве пример ситуација, се местат за слика дома баба и дедо сакале со внуците, и во ист момент извикуваат : "Јас ќе го држам **** " (за син ми). Глупа ситуација беше.
Па зошто би сакала да имаш повеќе од едно дете, ако имаш намера да ги двоиш, затоа што првото е секогаш омилено? Лошо е што многу и го имаат ова размислување. За греота децата од вакви семејства, што после трауми носат цел живот, бидејќи битно е само да се роди, па нека се растат сами останатите, првото е најбитно.