Јас сум крава поблиску до 30ка, ама и те како ќе ме боли ако ми тропкаат коментари бабите и ако нè делат со братучедите. Можда дека како дете не сум осетила такви поделби, фала Богу. Бабите и дедовците си ги сакам како исто како родителите, јас сум дете кое растело со баби и дедовци од двете страни, бидејќи моите се зеле многу млади и нон стоп си бев кај баба-дедо. Јас никогаш не би делела ни деца свои, ни внуци. Свекрва ми си тегни ептен апла на кај другата страна, благо кажано сите се опседнати со внучето и искрено тоа знае да иритира понекогаш, поготово кога ти си имаш свои проблеми и дешавања во животот, а тие цел саат ти кажуваат што направило детето во денот, во неделата, во цел месец и како е тоа најпаметно на светот. Разбирам дека секој си се радува на свое дете и внуче и за секој своето си е НАЈ, ама нема потреба да гњавиш околина. Сите имаат деца и сите тие деца имаат запче, прв чекор, прв збор, почнуваат да јадат сами итн. Тоа е радост за родителот, а не за некој надворешен член со кој воопшто не си во блиски односи и нема потреба да им тупаш пред нос. Јас често знам да кажам дека можеби некој не може да има дете, имај малку осет на кого што му зборуваш, од кај знаеш како ке се осеќа? Не би му зборела на мое дете ништо против никого, ќе увиди само кога ќе дојде време и ќе си донесе одлука дали сака да контактира или не. Дечињата се многу љубопитни обсерватори и искрени, па ќе си кажат ако нешто не сакаат да прават. Похрабри се од нас Маж ми е свесен за нашата ситуација, ниту ме тера да имам контакт, ниту да одам. Ние си живееме на страна и од едните и од другите, многу ретко се гледаме, така да јас сум раат Чарето било само по настрана.
Како бе родителите имаат омилено дете? Ако ти исечат еден прст од левата рака помалку ќе те боли да ти исечат прст од дената рака? Еве ние сме 3 деца ако првото е омилено што да каже брат ми 3то дете? Не бевме вкупно 13 внуци (од двете страни) и ни едни баба и дедо ( бпг да ги прости) не не делеле и мајка ми секогаш викала не ве делам и никогаш нема да ве делам посто сите прсти на раката исто болат. Еве ја сум прва што им подари внуче и утре дај боже и сестра ми и брат ми да имаат деца и да ги приметам мојте да ги делат внуците прва ќе бидам што ќе им се налути
Еве ние сме две женски дома и сме делени од родителите...ама немам замерки нити се осеќам повредено (напротив секој пат позрела) сестра ми е многу нежна (плачка ) некој пат и децата како деца праснале со еј на брат/сестра ми повеќе како сестра ми едноставно таква си е не дека љубов е во прашање ( исто и кај од татко ми страната па не дека повеќе е сакан чичо ми или тетка ми )
Значи тајната за детето да не ти биде плачко, односно да биде позрело е да ги двоиш? Ептен убав начин на воспитување.
Не! Секое дете е различно и различен карактер (еве близначка сум) за секое дете своја мера на воспитување,давање,изразување...и треба да да се научи да дели, дава, подарува, цени, да не е себично да знае дека тогаш не би му сметало
Неее! (Не ме разбирате што сакам да кажам) на пример на сестрами кога требало патики на неа патики, на мене телефон, па на неа лап топ, па на мене пари за возачка и никој пат не гледале мерка на која колку дале а и ние така не сме ги гледале работите...исто и баби и дедовци кога јас ќе појдам ми дале колку имале кога сестра ми ке појде дале колку имале.... од на мајка ми страната сестрами секогаш добивала и пари и чоколади ама тоа не значи дека не делат барем јас тоа така не сум го видела
Хм, мислам дека членката мисли дека не на секое дете му треба исто воспитување, а тоа е факт. Голема грешка е кога родител воспитува две деца на ист начин. Секако, тука не спаѓа да не им ги пружаат истите работи, истата љубов или пак да се има омилено дете...
Не разбирам дали е толку тешко еднаш да кажеш дека нешто нема дома на тој од кој што чекаш да купи - еднаш
Немам више сили. Со доенче 4 месеци (што вади заби нервозно бара многу внимание) бараат од мене за 8 души да правам јадење и да сум им чистела на нивниот спрат патем го буцнале маж ми и преку маж ми ми беше кажано тоа и јас кога искоментирав на тоа дека не сум должна не ни имам време да јадам а камоли да ги правам сите тие работи, реков радо би праврла само за мене и него зошто толку можам и маж ми се скара со мене сум била безобразна дури се дрзна да ме мавне. Кај едвај постигам да испеглам алишта на маж, дете, да исперам, испружам, исчистам и кога ќе остане малку време набризнка јадам..Па уште кај нив да сум чистела што сум јас слуѓинка ли?
Добре бе што се праивите луди или наивни.?Тоа делење на деца отсекогаш го имало дури и сега.Сите вие што офкате во оваа тема за свекрви што не си одите дома, и си земете маж под рака.Ама нема ,со мајка ке се скараш и смириш твоја е,со свекрва не може баш така НА КОНЕЦ ке ти виси бракот.Очигледно ве делат родителите со сестра ,најповеке брат и не ве викаат онаму кај сте живееле пред мажачка , со сопруг и деца.,сигурно сте живееле некаде?Знаат дека имате проблеми и никому ништо,или она-не им кажувам на моите како ми е во оваа кука ЗА ДА НЕ ГИ НЕРВИРАМ.Знам дека вистината боли ,ама таа е,ама поубаво е да се кажува како овие на маж ми не чинат ништо,прости и расипани луге,а своите ,своите арни се ,мед и млеко,немој некој лош збор да кажал.
Ти ова озбилно?!Нивно е да кажат се што сакаат и мислат,но твое е вакво нешто да го сфатиш многу озбилно и да побараш под најхитно помош!!!Дете имаш кое треба да се изведе на пат...Се надевам пишуваш од некоја друга земја каде ваквото однесување се процесира соодветно и каде жртвата се комплетно обезбедена..
Ти имаш проблем сериозен со маж ти. Се сеќавам како пишуваше дека ќе те бркаа за алиштата што стоеле во машина ако не се лажам. А маж ти еден аплауз за тоа што се дрзнал да те мавне зашто мама и тато гладни ќе останат. Незнам, може ќе ме нападнат сега други, ама ако со маж ти немаш разбирачка и те третира и он како слугинка замини си. Нема живот и здравје да си уништуваш за други. Еднаш покушал, другпат и ќе те удри…
Занемарувам се останато, не е ни битно после ова. Добро ли си? Имаш каде да одиш? Пријавувај и бегај, имаш бебе за гледање
Мене нешто не ми е јасно Како се изненадивте на коментарот дека има родители што ги двојат децата кога темава е преполна со жени што мораат да трпат се кај свекрвата зошто не можат да се вратат кај родителите пошто родителите цела куќа му ја дале на братот, а на сестрата и *платиле свадба* и ја убедиле скрос дека тие две работи се исти и дека е злобна ако сака да му земе на братот? Има родители што ги двојат децата и тоа како, а ани23 не кажа дека и таа ќе ги двои нејзините, само констатираше дека постојат. Синовите се во преголем процент сеуште фаворизирани, затоа никогаш не се секираат кај ќе живеат после брак, невестата се доселува, ниту пак се секираат кај ќе одат по развод, пак невестата се одселува. Чистењето ти е најмал проблем штом маж ти пробал да те мавне. Ако имаш кај да одиш треба да си одиш од тука и да се разведеш, за себе и за бебето. Не пробувајте да спасувате бракови во кои има тепање.