Ме потресе ова што го прочитав.. Не знам каков совет да ти дадам. Не кажа како изреагира на сето ова ? Јас сфаќам дека ти е претешко. Јас не доев дете ама бев преокупирана. Можам да замислам колку ти е потешко. Маж ти барем се извини ? Какви ви се односите вообичаено ?
Тука се пронаоѓам.. може сте ме читале, на 19 се омажив па секако моите ја платија свадбата и плус 1000 евра како поклон за свадбата. Откако починаа баба ми и дедо ми, моите продале 3 ниви и куќата сега ја продаваат за да се селат на друго место и одново да градат нова куќа. Со среќа нека им е и на моите, особено на брат ми и снашка ми за новиот почеток. Ни на крај памет да побарам нешто, меѓутоа така целиот имот да се продаде и оваа куќа кај што израснав (огромна и големо двориште) татко ми ја препишал на име на брат ми. Сум слушнала дека на такви работи ги викаат сите деца и се потпишуваат, мене не ме известиле, криво ми е малку иако знаат дека ќе потпишам се да остане на брат ми.
Алал да му е на мажот ти шо толку лесно се испровоцирал па и да те мава. Не само што треба да е задоволен покрај тоа бебе што успеваш да го испереш и да исчистиш, туку треба малку да се чукне и да ти помогне некогаш, а не да те критикува. Во каква фамилија си се зацрнила девојко... Те жалам. Седни го мажот ти да разговарате. Ако мислиш дека не можеш да разговараш со него како со чивек... Барај си чарето, барај помош од твоите.
Не ме мавна ама замавна готово да ме мавне и застана. Не разбира како е да чуваш дете мисли дека само лежам јас. Детето си сака занимација да го играш и сеа како што вади заби цело време е нервозно и ме бара плаче има среќа што барем ги завршувам сите мои обврски некако наоѓам време и да е средено и да е испран и испеглан и он и детето. Единствено нешто е што не правам секој ден ручек, а кога правам правам само за над двајца, нема што да правам и за другите. Не сме баш у добри односи сеа јас и он само се караме се само ради неговите родители за се го буцкаат и на мене се истура. Детево ни ме остава да спијам навечер ниту да се одморам преку ден цело време сум над него а маж ми не ми помага ич околу детето како само мое да е а се дрзнува да збори дека било лесно да се чува дете на него му било само тешко што работи и на неговите јас не сум требала да се жалам. 24/7 сама го чувам, по цели денови во раце ми е. И за тоа зарем не ми било жал на мене дека они работеле да им чистам требало а не да искачам некаде. А сеа последно ми префрлија јас сум им трошела многу струја со климата што сум ја пуштила детето пиштеше од жешко.Патем на 2 спрат сме и е пекол жешко 30 степени.
Јас да сум ќе го оставам мајка му да го пере и пегла, па неа нека ја мава ако не направи ручек и за вас. Скот
Таа е луда немам коментар за неа. Во фрижидер ми брцаше да гледа дали сум оставала нешто да се расипе па ми префрлаше маж ми за мене ли работел за јас да фрлам јадења, а јас за греота нилој нр ме ни праша дали можам да јадам и дали јадам ама тоа не беше битно. Сеа па се фати госпоѓата да ме учи како да пружам алишта ќе сум ја посрамотела пред комшиите што ќе кажеле они снашката не знаела да пружи алишта.
Жал ми е. Тебе ти е потребна поддршка од сите страни, и емоционална и физичка. Барем да ти го вреднуваше трудот ако ништо повеќе. Јас би ти рекла да си користиш прилика кога ќе спие бебето и ти да спиеш, да јадеш, да се средиш. За домот има време. Нема ништо да му биде ако вклучиш перална само во недела или ако не изџогираш денеска. Сигурна сум дека маж ти нема ни да примети.
Жити се, не трпи, искрено те замолувам. Имаш клуч на спрат? Ако имаш заклучувај врата и ич муа да не те лази кога префрлаат и се љутат. И што побрзо создавај услови да се иселиш од таму, ќе станува уште потешко со поголемо дете верувај. А маж ти ако му треба уште цицка од мајка нека си живее со неа, ти бегај, што побргу и што подалеку
Епа не си зашто не живеете заедно,и не зборев за тебе лично ,не те спомнав ,казав за оние што се жалат.
Звучиш како да се правдаш дека не можеш да постигнеш се по дома. Немој! Не си должна ни за маж ти да правиш ручек и да му чистиш, а не па за сите останати. Најпотребна си му на бебето, за кое очигледно сама се грижиш и таа обврска ти е повеќе од доволна. Гледај бебето да ти е најадено, наспано и пресоблечено, сите останати можат да се грижат сами за себе. Пробај да направиш муабет со маж ти, без карање и правдање. Биди искрена и кажи му дека бебето е на прво место па после се друго, дека може за промена и тој да пофати нешто по дома.
Не вреднува ништо и он да не примети мајка му гледа и одма подмукло ќе го подбуцне и маж ми се кара со мене. Од се ми е више збогтисано не можам више ни да го гледам маж ми. Од работа право доле иде да ги види прво неговите а жена му и детето на второ место. Не знам кога ќе се освести вака не иде ништо на убаво само нервози. Немам сила повеќе јас за себе немам време ништо да направам да здивнам, да се избањам едноставно време на мене да си посветам, не пак да ми даваат дополнителни обрвски. Не го чува детево ич како да не му е мерак не знам више што да мислам. Зборев и на таа тема кога им беше лут да се иселиме од тука не сака да слушне такво нешто он. Не сум била благодарна што ми правеле ручек (2пати) или што ми чистеле (1 кога се вратив од болница). Не доаѓало у предвид иселување. Да сама, потполно сама се грижам за детето 24/7 ниту еднаш не го потфатил како да бега од куќава. И пак слушам како тоа не сум знаела да се грижам за детето не требало вака требало така ( зборови од мајка му нормално). Зборев со убаво, па со лошо ништо не вродува со плод. Еднаш со лошо му реков дека тогаш ќе си одиме од куќава со детето чим се нешто на некој му сметаме и дека не правим ништо како што треба нели и на тоа ми одговори он постигнал се у животот дете имал пари имал и ќе бил слободен да шета насекаде не аум му требала јас детето ќе го гледал кога ќе речел судот и толку.
Зошто не се разведеш, вака најотворено да те прашам? Љубов немате, за влакно не те удрил, нешто што утре може да се случи, детето не го гледа, тоа брак ли е? Имаш каде да одиш, имаш пари, имаш можност да се вработиш?
Имам каде да одам, имам средства, да имам и за вработување можност, но не сакав одма кон раЗвод да целам, сакав да се среди се бидејќи сеуште е мало бебчето греота е и за него... Сакав да пробам со беачен советник да го наговорам да отидеме да видиме дали ќе успееме
Ти прочитав постари мислења, не се плаши, не може да ти го земе детето само затоа што си невработена. Сурово или не, исполни му ја желбата, нека го гледа детето кога судот ќе каже. Ако он постигнал се во животот и вие не сте му потребни, спаси се од него. Имаш ли каде да одиш?
Какво средување со човек што може да те истепа утре, баш за бебчето треба да се разведеш. За ништо не давам совет - разведи се, освен за насилство, како на сестра ти кажувам, ако сакаш да се заштитиш и себе и детето, тргај се од него, далеку е тој од средување. На брачен советник се оди за проблеми во секојдневно комуницирање, за подобрување на секс, на романтика. За кревање рака се оди во полиција, не на брачен советник.
Ти си се омажила за мамин син, уште неодвоен од скутот на мајка си. Жално. Бегај од тој. Штом оди прво со татко му и мајка му да се види, па и плус кревање рака. Немаш ти иднина со таков човек.
Брачен советник? Со маж кој смета дека треба да готвиш за 8 души (кои и да се) и свекрва шо ќе речат комшиите, како се пружени алиштата? I don't think so, Ама пробај, спомни му. И не мислам дека без проблеми ќе те пушти да заминеш, јер што ќе речат комшиите