Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Стојам зад ставот дека проблемите во бракот се јавуваат под влијание на повеќе фактори меѓу кои е и свекрвата. Можеби затоа што и мојата имаше голем удел во расправиите и проблемите.
    Е сега за да пишуваш во оваа тема дека и да бараш совети во врска со свекрвата многу е важно да имаш стабилен сопруг и бракот да не зависи од трети лица туку од брачните партнери.
    @princess02 не знам каква ви била ситуацијата на почеток, какви ви се односите сега, не би ти рекла трчај разведи се, ама ако подолго време веќе не оди работата нема поента да се измачуваш а сите други ќеиф да си тераат. Ако на почеток си игнорирала црвени знаменца, сега не си обврзана да трпиш насилство.
     
    На sj *O*, _beautyy_, elenaklasik и 4 други им се допаѓа ова.
  2. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Сега тазе се земавме и во првата година од бракот и детенце добивме и нормално е додека се прилагодиш има несогласувања ама некои работи идат во крајност.. Јас преќутувам кога нешто ќе ми преречат неговите ама си терам по свое како што мислам дека е правилно...
     
    На Осе и DarkStormm им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Ти можеш да се трудиш да ја оправите работата ама...
    Жал ми е.
    Добра си?
     
    На princess02 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Ама пред да се земете? Пред да се породиш? Во ред е да премолчиш некогаш, да не паѓаш на провокации, да не се објаснуваш и правдаш. Ама на навреди, на насилство и на омаловажување треба да си гласна и остра. И не е нормално да има несогласувања додека се прилагодиш. Жално е што има несогласувања многу често па се тешиме со тоа дека секаде има, па си го сфаќаме како нормално/ Во ред јас велам да пробаме да надминеме. Ама ако има простор и причина за да вложиш напор. Затоа прашувам во какви односи си со мажот. Дали вреди да се трудиш?
     
    На sj *O*, _beautyy_, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.475
    Пол:
    Женски
    Неговите воопшто не ти се проблем, он ти е проблемот (не трпи насилство нити психичко нити физичко) нема грам почит спрема тебе
     
    На sj *O*, _beautyy_, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Не сум. Сум се земала од љубов и сум родила дете исто од љубов, нели плод на нашата љубов е, но откога се роди многу се смени и не очекував дека ќе биде вака..Сега како да е љубоморен на детето не знам... Бега од дома не седи дома во двор ќе се вртка само дома да не дојде

    Тогаш се беше добро и идеално. Имаше некои расправии ама ништо страшно. Но сега стварно е страшно.Јас само кога е за моето дете тогаш сум остра и им пресекувам за друго што збпорат за мене не ме интересира....

    Да тоа е изгледа најголемиот проблем он до толку е заслепен од сите муабети што више нема почит спрема мене
     
    Последна измена од модератор: 31 јули 2022
    На nevermet18, buba4e89 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.526
    Допаѓања:
    191.483
    Можеби е изгубен во новата улога, можеби не му се јасни работите, можеби психолог, брачен советник би помогнал...ама, тој ти рекол дека се остварил, дека не си му потребна. ..многу лош муабет, јас преку такво нешто не би можела да поминам, тоа мене ми било последно:(
     
    На sj *O*, CameliaMiller, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Замислете се запознаваш со дечко фамилијарно си ги кријат маните се навидум перфект фемили.. се мажиш гледаш не иде има проблеми свекрва, јатрва, свекор, девер, дедо сите на еден куп. Не се знае кој јаде кој кај спие кој чиви гаки носи и после година дена се разведуваш и слушаш муабети дека бившиот мм одел за пари со постари жени по наредба на мајка му. Пред да стапи во брак со неа, а додека биле во врска сеуште си идел за пари. Причина за развод несогласување мегу нив двајца. А он мамин син, како каже мама.
    А во за време на таа една година брак што се случува тоа е комедија. Случка на една другарка.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    @princess02 во најмала рака јас би разговарала со моите за целата ситуација и би заминала кај нив на некое време. Важно е да знаат тие за не дај Боже ситуација (овој пат за малку ќе те удрел, следен пат може нема да поминеш со 'за малку'), а и ти малку ќе разбистриш мисли.
    Колку и да е злобна свекрвата и да сака да ви прави сплетки, ако маж ти не дозволи, нема да успее во најмала рака да предизвика кавги меѓу вас двајцата. Тука крив е сако маж ти.
     
    На sj *O*, CameliaMiller, CareTee и 8 други им се допаѓа ова.
  10. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Ќе се освести кога ќе заминете од таа заедница и кога самите заедно финансиски ќе се надополнувате, а и како родители пред се. Детето колку е твоја толку е и негова одговорност, заедно сте го правеле ваше си е.
    Вака како што читам живеете во заедница каде што се очекува ти да си вечно млада невеста, по сите да потрчуваш, да правиш како кажуваат постарите, кога тој си доаѓа од работа прво кај нив ти долу да ги тинтраш и неговите и него, па ручеци за 8 души, па да живеете мирно и спокојно за да се најдобро кажат за вас комшиите...
    И ќе те советував кога свекрвата ти брца во фрижидер и те замара, стави си клуч на врата, кога ќе те учи како да пружиш правилно алишта ти стој си и кажувај и ај покажи да видам и на секое така таа постојано ќе пружи.
    Ама, ама кога стигнав до делот те удрил, па после пиша само замавнал, па расправии со него и она последното што ти го рекол, ако не било во бес и афект кажано и стварно го мисли тоа што ти го рекол, па јасно е се.
     
    На sj *O*, _beautyy_, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Пишав дека се дрзна да ме мавне, не ми се веруваше дека се осмели да замавне на мене знаеш и тоа поради нивните глупости што му ги кажуваат и му го полнат мозокот да се скара со мене. Кога им е лут он и он ќе се скара со нив ама мене нешто да ми речат или за мене на него да му зборат не се замара да им рече не зборете за жена ми туку си дозволува и они си продолжуваат.. Еднаш некако ми беше во раце и му викав да се преселиме ама он не сака и секогаш се вади на тоа дека ни биле платени сметките што ќе правиме на друго место нема да издржим, па после со што ќе сме купеле место за живеење нејќел он кредити, ако мајка ми и татко и му купеле без да се задолжува ќе сме иделе од куќава... и триста разни изговори.Инаку платени ни се сметките зошто маж ми им помага во семејниот бизнис а они ни пара не му даваат и плус иде на работа приватна. Не знам ама вака веќе не оди или на брачен советник или на суд друго нема..Клуч не можам да ставам зошто спратот ни е поделен имаат 2 соби тука нивни. Да они се тераат по старото традиционалното и секогаш збори јас кога дојдов тука ме чекаа со метла да чистам одма не знам што ... Нецивилизирани се овде и само се оговараат снаа и свекрва (баба му и мајка му) а пред народ нели зошто што ќе кажат комшиите се топат од љубов уште и мамо ја вика
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Каде си мажена? Мислам во кој град?
     
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Мој совет е гледај си го прво детето, па себе си. Од такви нервози може само да се разболиш. А имаш детенце за гледање. Значи нема стари кои живеат во заедница а не очекуваат снаата слугинка да им биде. Поминав низ тоа, буквално ми земаа бебе од раце за јас д правам ручек за нив, да чистам вц и др. Ама тогш бев будала имав 24 години, да сум сега, земам детето легнувам или излегувам и им велам гласно и јасно педијатар ми кажа детето и мајката да одмараат да не се под стрес. А за маж ти, ако сака да живее со тебе мора да се смени, да не мајка му спие со него во кревет, таа да не би се грижела за него ако легне болен. Игнорирај ги сите и ич нe се нервирај, а ако имаш можност појди си недела две кај твоите па нека видат дали можат да прават ручек за 8 души, Бог да чува, речи доктор ми рече измисли нешто дека мора да се тргнеш од таа средина. Па нека види и маж ти како е без жена. Многу знаат да се силат на зборови, ама кога ќе видат дека и жената не се сили само на зборови малку повеќе ги боли. А ако продолжи така, ич не си го троши животот на тој маж и фамилија, посреќна ќе бидеш.
     
    На sj *O*, _beautyy_, elenaklasik и 7 други им се допаѓа ова.
  14. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Во Скопје.
     
  15. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Како да опишуваш кај мене исто е така ми зима дете од раце ај зачисти, ај направи ова, кога ќе дојдат гости како слугинка донеси ова, донеси она ама убаво е тоа што го прави пред нив за да ја видат колку и сече акалот. Иначе дете не ни чепка во раце (моето зошто од снаа е) само нели кога и одговара, а од ќерката постојано го фали и не го пушта од раце кога ќе дојде (го омаловажува моето дека било млитаво, мрзливо, не држело глава, не знам уште што, а другиот внук бил многу пргав, паметен).Кога доаѓаа моите да ми помагаат да одморам малку затоа што со бебе од месец два нема шанси да спиеш навечер ниту преку ден они го чуваа јас да дремнам малку и почнаа коментарите нејзини како моите седеле како бегови во куќава не сум искористувала кога доаѓале да зачистам и така натаму....
     
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека се застанати со умот во 19 век. Снаата доаѓа и слугинка автоматски добиваат. Сум ги пречекувала со маса ставена, салати, алишта пружени, се средено, сум си го оставала детето само за да чистам. И сега од оваа гледна точка гледам колку сум била проста, оти никој не го цени тоа. Дури не ни го памтат дека така сум правела. А и убаво видоа како се однесуваат други снаи. Овде маж ти е нај виновен, тој треба да застане на твоја страна, мајка доилка не смее да се нервира, кажи му ако ти снема млеко, ќе треба да купува формула нели на оваа скапотија сега, вода флаширана, да станува ноќе да држи бебе или да прави млеко, а не да рчи додека ти го доииш претпоставувам на 3 сата. Море, уценувај тука, покажи заби и око нека не ти трепнува, не му се жали на маж ти од неговите, бркај си ја твојата работа и обврски а ако ти преречат, валканите гаќи од син и и алишта и тапосај и ги нека перат, отворено кажи дека си доилка а не слугинка. А, тие 8 души не знам кои се, што прават не знаат да зачистат во куќата?
     
    На Anyshka, Oneo, _beautyy_ и 5 други им се допаѓа ова.
  17. your-girl.-.friend

    your-girl.-.friend Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    1.500
    Пол:
    Женски
    Искрено не очекував дека на мој 22 години ќе почнам да пишувам во групава, ама ете се случи. Не дека барам некој совет туку сакам малку да ми се олесни на душава. Се зедовме на Нова година. Тоа ми беше првата најголема грешка, втората е што се вратив пак таму откако еднаш си заминав дома. Првиот месец цело време со гости со гужви едноставно си реков нема толку време да се посветиме еден на друг. Нова ситуација и за него и за мене па ке биди подобро понатаму. Но за жал сега бетер е. Живееме јас тој и свекрвами, сестраму е мажена а таткому починат. Цело време разговара со мајкаму, јас како да не сум таму. Ко ке поставам некое прашање тоа се игнорира. Свеки цела ќефој е оти така прај синчето нејзино. Пробав неколку пати да му кажам за то, ми рече немало шо да зборува толку со мене. Ако сега нема на почеток кога ке има хах? Ме напрај дека сум болна во мозокот, ништо не сум мислела со глата. Сум очекувала светот да се врти околу мене, не можело така морал тој да прај муабет со мајкаму да се договора за работата (работиме и земјоделие) јас не сум се разбирала во то. Од ко сум таму свеки освен шо прај понекогаш јадење друго ништо не пофаќа. Очекува се на мене. Одам и на работа, работам и дома, работам и на нива, работам тешка психичка работа и тоа ми е потценета. Постојано брецка пред гости дека ако не е таа, синје ке одел со непрани гаќи и не само тоа. Камо да беше така немаше да ми биди криво. Шо и да пазарам јас за дома не и се бендисува не сум знаела јас да одберам то шо треба. Сите сметки ги плаќам и само го подбуцнува мажми да ми вика за пари дека малце сум носела дома (ја слушнав ова кај шо му го вели) Не земам 50.000 плата па да ја гледам како принцеза. Не можам да појдам ни до кај мојте а притоа имам своја кола и свој пари не чекам на некој. За со другарки да не спомнувам. Како така јас невеста сега да шетам по кафиња со другарки, сум имала обврски дома шо морало да ги сработам. Го подбуцнува сопругот дека кријам нешто оти не сум зборувала многу многу, а едноставно немам со кој. Него му смета ако се слушнам со некоја другарка а на последно ми се пожали дека му смета и шо комуницирам со мојте. Не е свесен дека имам поддршка од дома и дека можам да си заминам во секој момент, па ке плачи по мене ко првиот пат ко си заминав. Се смена после то 5дена и пак по старо си почна. Пак само мамо мамо, жена нема дома тој. Имам уште многу за кажување ама денеска сум на работа, дежурна па така да немам време толку многу за да пишувам. Извинете многу на долгиот пост ама едноставно морав некаде да се искажам...:l:
     
    На lale22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    18.009
    Леле луѓе што е ова?
    Во 19ти век ли сме?
    Не ми се верува што читам.
    Снаата дома слугинка и за приплод. Жити Господ не трпете такви токсични средини и не си ги упропастувајте животите. Со деца или без бегајте од таму дур ве држат нозе. Знам дека не е лесно, но не се залажувајте. Таквите нема да се сменат никогаш!
    Со 2 деца сум, подеднакво се грижиме за нив. После работа ме остава да одморам, затоа што станувам и навечер поради доењето. Тој им дава да јадат, ги шета итн.
    Ручек не правам секој ден, а најчесто и тој прави или купува.
    Одам со другарки на кафе, со колеги во кафана и тој ги чува.
    И знаете што. За него сум најдобрата сопруга. Свекрва ми може да и се свиѓа ова или не, не смее да зуцне. Зошто знае дека очи од глава ќе и извади ако рече нешто.
    Некогаш во некоја дискусија со мајка му можеби не сум била во право, пред неа никогаш ми нема одбрусено. На само ќе ми рече, мила за тоа не беше баш во право.
    Тоа е нормален однос. Партнерите меѓу себе да се најбитни. Свекрвите се криви само затоа што не си ги воспитале правилно синчињата!
     
    Последна измена: 31 јули 2022
    На Anyshka, sj *O*, mira.mira и 33 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.104
    Допаѓања:
    131.512
    Пол:
    Женски
    А, бе колку пати човек треба да ви пише во темава дека во заедница не може да биде по ваше и дека нема мир за да ви влезе во глава? :^)
    Ако сакате да бидете раат идете во свое место.
     
    На sj *O*, AAN, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пишам кратко и јасно - бегај дури се гледа!
    Немате деца, немате заеднички теми , не смееш да излезиш , не смееш да зборуваш , не смееш да не зборуваш .
    Шо смееш ?
    Јас со моја плата и моја кола да не можам да си одам до кај моите... не би трпела ни минута !
     
    На ReinaDeCielo, sj *O*, mira.mira и 27 други им се допаѓа ова.