Сум била во заедница и сум била раат затоа што и тогаш имав поддршка и љубов од мм. Знаеше дека е жртва од моја страна што се согласив на тоа додека го правиме нашиот спрат и не дозволуваше накриво поглед, а камо ли нешто друго. Значи се зависи од мажот и од домашното воспитување.
Ako si pametna ke si odis od tamu. Begaj i ne vrti se,nemas deca uste podobro i polesno da se vratis kaj tvoite. Mlada si,nemoj da si go zagorcuvas zivotot koga nema potreba.
Смеам т.е морам само да работам друго малку потешко. Па после зошто се однесувам како странец дома. Хм не знам и јас еве ... Очигледно ништо не сум мислела. Искрено не знам кај ми беа очите. Толку многу сум наивна и мислам дека сите се добри па така да не ги видов неговите маани претходно. Дефинитивно само тоа е решение. Ко си заминав првиот пат, комуницираше со татко ми бидејќи не сакав да зборувам јас со него и му рече еве ние ке попуштиме ке ги изејме го..... ( Не сакам ни да се потсетувам на то шо рече) и ке дојдиме да зборуваме. Тогаш и мајка му за прв пат дојде кај моите да види кај сум живеела претходно. Инаку на едно кафе не сакаше да ја однесам таму...
@your-girl.-.friend зошто на 22 години се омажи за овој? Еве искрено прашање. Само зашто го сакаше? Ништо друго не примети или се направи дека не приметуваш? И како те убеди да се вратиш кога веќе еднаш си отишла? Врсничка сум ти и стварно не можам да го разберам ова, зошто, млада си и стварно треба да знаеш за подобро...овој ни основното не го исполнува.
Жено спаси се од таа вештерка. Да би гореле во пекол сите такви. Па не те роди тебе мајка нејзе да ѝ бидеш понизна, дај си малку повеќе кураж, раскажи на друг, побарај помош. Срамота за таква жена кон друга жена за бебето ќе ѝ зборува, ќе ја искористува, арам да ѝ е. Застани уште еднаш со него, на смирено зборувај како размислуваш, каква е состојбата, кои сте вие, кои се неговите како прават, ако разбира, убаво, ако не - батали. Ќе споредува бебе ќе кажува какво било, вештерка мочла една, прибери ја таму, покажи ѝ место, немој со тие муабети како плаќаат што прават, зарем треба да си послуга ти? Ама, да, таа вештерка не е сама по себе најкрива, маж ти е проблемот шо не те почитува. Нека размисли кон што води тоа и колку си ја сака фамилијата. Тука сме за други совети, дај боже да си го решиш проблемот за брзо време.
Јас па неможам да сфатам , значи си имате ок фамилија, имате добра работа, имате кола, независни сте и пак трчате да се заглавите со некој недораснат идиот што подалеку од селото не е отишол. И јас направив грешка со таков идиот ама јас ги немав условите вие што ги имате, јас бегав од проблеми и се закачив на поголем. Абе кога ќе видете дека тоа не се пушта пд сукната на мајкаму абе бегај подалеку, со таков неможеш никаква иднина да градиш. И разводот ми беше најубавото нешто што ми се десило иако јас немав кај да се вратам ама ја искористив првата прилика да заминам. И да, на сите ги советувам ПРАВО РАЗВОД!!
Затоа што во врска ко бевме беше многу подруг човек. Овај сега не го познавам. Сето ова маска му беше сигурно. Знаеше дека сум добра фина дека ке се нафатам и за на нива и за секаде па трчаше по мене, не смееше влакно да ми фали. А сега само мама е битна. Мислев дека ке биди човек и после земањето ама гадно сум се излажала..
Браво за храброста. Јас имам каде да се вратам, моите се знаат и само очекуваат да си дојдам дома ама ете како некој страв да имам добиено. Па како и нема покрај таква психичка тортура. Иако имам поддршка од сите јас само стојам во место и трпам секој ден некоја нова тортура...
Ех, истиот е, ама си одбирала да не ги гледаш ситниците. Не е битно, сега е битно да си отидеш. Штом имаш поддршка, треба само да пресечеш, а знам дека е најтешко, ама кога тогаш ќе мора да го направиш чекорот, секако он нема да се смени.
А ќе дојде ден кпга ќе се тргнеш од таму и ќе си викаш ахх како не го направив ова порано.... имаш подршка имаш се, што сакаш уште? Јас немав никој па и покрај закани за убивство се спасив. Сфатете веќе дека никој нема поважен од вас и вашето здравје.
Знам дека нема да се смени. Покрај толку плачење и молење тој не се смена, нема и сега. Браво. Ти посакувам многу среќа понатаму во новиот живот.
Тебе ти треба некој да те охрабри. Знај дека не си сама, има милион приказни како твојата. И јас си заминав, и тоа бремена. Ми викаа ќе се смени откако ќе се роди бебето. Да, се смени, на полошо. Штом имаш поддршка од твоите, ич да не се плашиш. Еден ден ќе застанеш цврсто на свои нозе и себеси ќе си речеш ФАЛА што се спаси себеси и бебето од таа куќа.
Па немала ни дете она. Не барала совет, само да и олесни. Ова испаѓа како да нема проблеми во животот па ајде да направиме некој проблем.
Ви благодарам на сите од срце. Навистина ми фалеше вака да разменам мислење. Од шо сум нервозна заради нив се карам со пациентите на работа. Не знам како да постапам. Аман .
И маж ми мој многу ги жали неговите и за мајка му да не работи мене он ми наредува да правам. Јас и он не ни разговараме више се е караница. Му доаѓаат другари си седи со нив за мене никогаш не нашол време ни 10 мин се кога ќе дојде дома он е уморен и му се спие. 8 души да со се мене и пријателите што им помагаат земјоделие скоро секој ден се тука на ручек. Секој ден кафиња им варам и уште се дрзнуваат да ми речат леле снашката кафе ни направи демек прв пат се случува и оваа одма да искоментира ќе видиме утре дали ќе ни прави кога ќе бидеш на работа(на маж ми тоа му го рече) и јас викам нема да бидам дома утре.