А што чекаш ? Или до година ќе почекаш со бебе да си заминиш од таму ? Бракот не опстанува само ако еден се труди. Бракот е многу повеќе, треба да се има разбирање доверба сакање еден на друг. А не ти да се осеќаш како отфрлена и као нивните разговори не ги разбираш. И да не разбираш тој ако те сака ќе ти објасни што планови има а не само со мајка му дрдрдр едит Многу пати не сум разбирала за работата на маж ми ама стално кога сум прашувала се трудел да ми одговори и објасни како прави и планира
@your-girl.-.friend јас сум против развод ако има барем мала надеж да се спаси. Ама не ова ќе оди само нс полошо, после некое време ќе останиш бремена и мн мн потешко ќе ти биде . Остави нека си најде некоја селанка што ќе му прави измет и пола збор нема да му враќа и на мајка му.
Не знам стварно. Чекам да се напраат поголеми проблеми и да си го дозафркнам животот. Да се одродам од сите и да не живеам повеќе со никој, како што тој сака.
Пробав еднаш му дадов шанса, искрено то ми е најголемата грешка шо ја напрајв. Не заслужува да ме види не па да живејме заедно.
Ти кажав јас како да постапиш , утре ќе ти речат жена е за дома дете да гледа. И на нива да оди , ќе бара да напуштиш и работа.
Девојчеее 22 години имаааш. Живот пред тебе е. Немаш деца, за свадба незз дали имаш направено, ама спаси се. Ќе дојде некој кој ќе те цени во целина. Дајте жени почитувајте се самите себе, не паѓајте под влијанија на други и не си уништувајте живот и здравје за другите. Дајте сакајте се себеси си. Еден живот имаме.
Кратко ке ти кажам бегај од таму сега е така покасно како ќе поминува времето уште полошо ќе е нека си седи со мамичка,млада си сеуште фала богу немате деца почни си нов живот мамино синче и некој што не те почитува не ти треба.
Нема доволно пари чека на мене за цигари оти платата му оди цела за кредити, зато сака да одам на работа инаку да беше некој побогат со вавко понашање немаше да одам. Немаме ни свадба ни веридба ни регистрација. За деца не ни планирам. Скраја да е. То и заслужува само со мама да си е. Во право сте.
Вака сега да речем од искуство , макар шо кај мене цело понашање и негово и на мајка му се смени тек од ко родив ( јас не знам деца да чувам никогаш не сум имала мама повеќе знае нека ти покаже - вакво нешто да ми кажел пред да забременам ќе си отидеев одма ) а тебе ти го вели уште сега ! Размисли си убо зошто би останала , веќе си понижена максимално. И да ако се поправат фонансиите кај него и дома ќе те затвори - веќе почнал да те отуѓува и од другарки и од роднини па и од твоите . И јас трпам многу глупости што од свекрва што од сопруг ама фамилијата никогаш не ми ја чепнале на било кој начин. Посебно не да не можам да отидам , јас ретко одам зошто стварно е далеку и не можам да отидам без да преспијам. Свесна си дека не заслужува да те види , свесна си дека не се сменил и нема да се смени односно промената трае 5 дена. На твое место без да кажам би се спакувала и би си заминала. Немој да си после ко мене ,,ех да не беше детево на клупа ќе спиев само да не сум веќе тука"
Извини ама сама си крива. Они сами си се и апла се гледа дека те искористуваат тебе за се. За пари, за ниви, за да им чистиш...ајде да бевте венчани ама и тоа не сте и пак седиш таму???? А зашто немаш храброст? Немаш храброст за да одиш да си го живееш животот кој го заслужуваш? Да најдеш некој кој стварно ќе се треси да не падне влакно врз тебе? Незнам што да ти кажам повеќе.... овие совети сто пати ми се делени на моја другарка која ете вака ко тебе кај еден клошар отиде да живее, тој ништо не работи и ги зема парите, чека да му чисти да му готви а не му е жена, па и плус зборува со други жени на тел пред неа а на неа и вика да молчи, дека тоа го правел за пари да извади. И пред некој ден она си дошла од работа и стигнало плата и овој и ја зел картичката и надвор ја исфрлил. Ако сакаш и ти така да бидеш, седи си таму.
Е да и неа може да ја прочиташ @your-girl.-.friend , види што се дешава ко ќе решиш да останеш и дојде на свет бебе целосно зависно од тебе , а ти треба да одиш по гз на мамичка оти на ,,бебе" маж така му текнало
Ех, тој и сам ги навредува моите. Вакви биле такви биле. Само на шетање мислеле. Рајат си се луѓето, бабами почина пред 4 недели сами се, кај сакаат ќе одат. Па мајкаму ми се фали као демек го карала да не вели така за мојте ама не верувам во то.
Точно. Оти уште не е го видела тешкото затоа така прави. Ама кога ќе дојде ред за со бебе, и кога ќе нема избор, главата од ѕид ќе ја мава.
Боже боже а какви треба да бидат? По цел ден на нивата и да го угостуват цело село? И после немало ова немало она нема време за чистење.... кажи му дека твоите добро праат оти си гледат за нив а не аирот на селото да го гледат.