Наоѓаш оправдување за да седиш во таа заедница. Мислиш дека работите ќе бидат подобри кога ќе влезеш во брак? Биди си искрена на себе. Не ми е убаво, ама ќе седам поради озборување. Причинава ти е банална, невалидна и смешна. Секако ќе те оговараат, ако се такви, седела ли ти, или не.
Да, ама нема да биде ,,разведените, , (иако не е ни во брак). Реално, во толку мало место, шанси и за нов маж и за нов живот се премали. И сега девојчево бара магичен рецепт како да ја опраи ситуацијата и да биде како што си фантазирала дека ќе биде. За жал магичен рецепт не постои, или барем нас не ни текнува. Нешто ,,драга Савета,, да се побара во списание од 1953та...
Секое чудо за 3 дена. Јас пак се радувам кога ќе чујам дека на некоја ѝ прекиснало и си заминала од несреќниот живот. Сите што оставиле брак зад себе и ги знам се како препородени. Жени со деца кои изгледале запуштени сега ја живеат својата втора младост, очите им светат кога ќе ги видиш и знаеш дека поминале низ пекол. Народот нема да пати наместо тебе биди сигурна. И сега сигурно те зборат за тоа како си го зацрнуваш животот. Ако за нешто треба да се плашиш тоа е за твојот живот. А само ти си одговорна за себе и што ќе ти се случува понатаму. Не гледам причина зошто ти би се срамела, кога други не се однесувале спрема тебе со почит. А ако мислиш дека сега ти е тешко, замисли за некоја година како ќе ти биде кога ќе ти го исцрпат духот докрај. А бе дете, време ти е за шетање а не за свекрви и гадови оправање.
Се срамела од озборувања, Господе боже Па седи трпи си исфрустрирана свекрва и маж недоделкан, па утре со деца бетер ќе ти е.
Сам себе убил работава. Класичен недостаток на самодоверба и себељубов, потреба за драма и компикации. Страв, како да не
Треба да те боли Стојна што ќе речеле. Пати си цел живот за да не рече никој ништо, ама пак ќе речат ! И пак ти нема да чиниш за никој. Гледај само угоди им и трпи цел живот кога не слушаш совети.
Народот го боле патката за твоите чувства и за тоа на тебе што ти се случува. И да останеш ќе те зборат. Вака барем ако си одеш нема да трпеш ненормална свекрва и маж мамин син што не може да се одделе од суќната на мама.
Тогаш трпи. Уништи си го животот раѓај му деца, биди слугинка, закачи болести од нервози. На 22 факинг години шо ке речел народот Не можеш да му помогнеш на човек шо не сака да си помогне сам.
Не барај оправдувања за да останеш во токсична средина. Види вака, јас бев во врска од 15 до 21. Од мал град сум и јас, секој со секој се знае и секој за секој се знае. Човекот првите години беше не знам што, сродна душа. И потоа пораснавме, се сменивме и двајцата. Амбициите и желбите ни отидоа во скроз спротивен правец. И раскинав. Озборувања и ден денес колку сакаш. Пред брак сум раскинала. Ние бевме бааги далеку од брак ама ајде. Па сум го варала, добро бе сум го варала. Па сум праела не знам што, ако бе - заслужил, сум праела. Ако те тоа толку плаши. Самодоверба девојко. Збори со стручно лице и излези од таа јебена токсика. Цел живот е пред тебе ало. Јас сум 26 години, не сакам ни да замислам кај ќе завршев ако продолжев во таа врска. Ќерка имам, никогаш во живот не сакам да се затвори како ти што си затворена. Свести се те молам. Малку повеќе храброст и самодоверба еј, не е единствениот. Ќе си го најдеш тој што ќе те прашува како треба да направи нешто а не на секое твое правење на било што да има замерки. Малку екстремно ама сакаш да дојдеш до ситуација да те мава со фулџан пошто кафето не е убаво направено? Мислам сериозно, што си ти? На пат си најдена за некој така да се понаша со тебе? Тебе твоите за ваков живот те растеле, ти се радувале, те воспитувале?
Не можам да замислам вака некој да се однесува до моите ќерки. Абе јас ќе отидам и со сила ќе ги довлечкам ако треба, да знам дека е несреќна и малтретирана. Членката има поддршка од нејзините и тоа е најважно. Ама џабе е. Народот е побитен. Мене ми е криво за неа
Јас пред да се преселам со тогашниот дечко, сегашен сопруг татко ми ми кажа "ако згрешиш, да не се враќаш дома". Е тоа е немање поддршка, @your-girl.-.friend ова твоево е самозакопување.
Јас изгубив желба да и објаснувам. Ај да речеше деца имам, пари немам. Децата ќе и ги земе или нема кај да оди до некаде ќе сфатев дека има за што да се двоуми.
Ти за народот живееш или за себе? Караванот врви кучињата си лаат. Се ќе се заборави за 3 дена. Што ти е гајле Петко, Станко што мисли тие што те знаат убаво знаат каква си ти е гајле за другите.
Не знам дали ова е за тука, дека сеуште не сме снаа и свекрва, ама веќе извесно време после многу неуспешни врски и 2 пати запросена при што одбиени, конечно најдов husband material човек, веќе скоро година дена сме заедно, тој е од соседна земја и ме запозна со неговите, се имаме видено 4 пати годинава со мајка му. Првиот пат, беше нормална вечера, резервирани бевме сите, што да кажеме како да кажеме, до каде да одиме со муабетот и слично. Вториот пат бевме на роденден на внук му, и жената се поздрави со мене и после цела ноќ ме игнорираше. Татко му, безгласен скроз, си трчка по жена му, се познава дека таа е алфа. Снаа им, прекрасна жена, ептен ни оди муабетот. Третиот пат, пак одевме ние за викенд, таа беше отсутна. Четврти пат се случи сега во Јуни, дојдоа во Охрид. Бидејќи моите го обожаваат мојов, па тој фати и ги покани. Не знаев како мајка му ќе се совпадне со татко ми ама добро помина, 1 ден заедно поминавме. Ама ладна жената некако и незаинтересирана. И, сега денес дојдени се пак во Охрид, и ќе седат до 15 ти. Имаат тие фамилијарна група на фб каде членуваат мајка му, татко му, тој, брат му и снаа му. Нормално ние жениве сме знатижељни за се, па дури мојов се тушираше грабнав телефон. Замислете, напишала порака :,, Синко мора ли и неа да ја донесеш, ајде дојди ти сам ќе поуживаме фамилијарно, после нека дојде, не ни мора да и кажуваш дека доаѓаме, ден два пред да си идеме нека дојде." Мојов и одговорил :"Ќе видиме" а пораката нејзина е лајкната со емотикон срце од снаа и и лајк од син и. И сега не знам како да го разберам ова, многу се напнав а и тој насети дека сум разочарана. И баш ќе видам што ќе направи, јас сум слободна и имам време цел Август. Ако не бидува работата и не ме сакаат да знам барем да расчистам на време да не трошам бадијала нерви, 30 години сум и врска стабилна ми е потребна. Дечко ми е стабилен, завршува специјализација на медицина во Скопје, го очекува супер работно место и кариера, многу е грижлив и би бил одличен татко, но е мамина маза.
Оваа уште од сега не те сака, опседната со синчето. Твојов види како ќе изреагира и што ќе направи ако те излаже и ја послуша мамичка размисли си што да правиш.
Секој проблем се става на маса, со партнерот се разговара отворено. Не читаме скришно пораки не си правиме претпоставки и филмови за на крај да не не боли глава. Разговор. И доста се опседнувате со фамилијата се мажиш или си во врска со него не со мајка му. Ако е стабилен човек гајле ми е мајка му дали ме сака. Ако црвените знаменца се реални ставам крај ако се замислени во глава за некоа идеална слика и потреба снаата да ја саакаат сите( ова не можам да го разберам) ке се реши се со разговор. Бидете отворени и не си прајте драми во животот.
Ако дечкото живее со неговите, и те како треба да види каква му е фамилијата прво, оти утре ако дојде до брак ќе почне да се жали тука од свекрвата и ќе и викате ,,епа кај гледаше кога се мажеше,,
Се согласувам до некаде но ако дечкото е ок и сака да има своја фамилија и стои цврсто на нозе сигурно нема да седи во заедница. Како шо кажав црвени знаменца, реалните: ке ставиш крај или ке се лажеме дека ке се смени, замислените: разговор а не претпоставки и драми.