Мама очигледно не те обича ама и он пишал Ќе видиме.... Пример одма можел да пресече, да каже и она има одмор и сакам да сум со неа... Вака некако ми е без везе што преќутел... Штом се дружите и запознавате фамилија веројатно има планови за иднина, ама ако ќути на овој муабет, што ќе биде во иднина....
Не гледам ништо лошо што напишала мајката на дечко ти. Она сака да си поминат неколку фамилијарни денови, па ти да им се придружиш за ден, два. Фамилијата е на прво место, а вие двајца сте во врска која можеби ќе премине во брак, а можеби и не. П.С. Од машки што се мамини мази се бега.
И, мајка му ќе си биде со татко му, брат му со снаа му и детето, а тој, сам. И не ми рече ништо за тоа, посака утре да сме отиделе на Мечкин Камен да ја гледа манифестацијата, а после да идеме во Маврово. Го прашав дали планира со неговите да се види, ми рече дека има време до 15 ти. Одбегнува ситуација и не знам јас дали да му олеснам, да му кажам да иде а јас ќе сум зафатена нешто демек па ден два само да појдам. Или, да чекам да видиме што ќе направи.
Часни сестри и браќа не ми изигравај, не постои битие шо да има шанси не би го сторило истово, колку и да попуваме за отворени карти и слично. Информацииве и тајните го движат Светов. Кога не сакаш да погрешиш, жртвуваш и прајш работи кои на трето лице од страна изгледаат нон сенс. Ама истото тоа лице, адвокат за себе, судија за други. Поздрав
Не се замарај толку, не си направила ништо страшно. Штом размислувате за брак и деца заедно, не е воопшто невообичаено да му чепнеш во телефон, впрочем ако нема што да крие, нема што да се лути. Божем си му чепнала на колега во телефон или на дечко со кој си излегла на прв дејт па некултурно е, не дека размислуваш животот да го поминеш со него. На топикот, на мајка му секако не и се свиѓаш штом му пишала Што мора и неа да ја носиш, ама нека не ти е гајле ако дечкото застанува на твоја страна, ако не планирате да живеете заедно и да се гледате пречесто и ако знае да поставува граници. Скоро никоја свекрва не ја сака снаата, ама тоа не е проблемот, проблемот се синовите.
А бе да, ама маживе се малце необични, не се замараат и не го сфаќаат тоа толку лично. Пример сега да земе да ѝ објаснува на мајка му бла бла (не знам, можеби е и поинаков тип, поповрзан со мајка), ама обично за да откачат некако така прават. Можеби сака и со девојката да се договори. Инаку, мене ќе ми пречи да не ме сака мајка му. Гледате сите сплетки од женски род идат. Ако тој пак е послушен, окапавме. Ај може да ја доведе во ред, ако е таман чоек. Ама пак таа ако е посесивна хммм. Добро шо им е на мајкиве бе?? Не се нормални жими сѐ.
Фала ти на разбирање. Инаку, тој не ги гледа тие знаци што јас ги гледам од мајка му. И немам како да му ги објаснам. И вакви работи ко пипање телефон се неизбежни за јас да добијам целокупна слика. Нема тука недоверба и слично, чисто онака сакав баш да видам, а и бидејќи титна баш коа се тушираше и горе ми означи мајка му па морав да видам. Телефон од мене не крие. Од претходна потенцијална свекрва бев вака малтретирана пошо не сум еврејка а тие сакаа еврејка за син им.
Ти си го знаеш најдобро. Многу мажи не гледале знаци па смениле мислење со зборување, со гледање колку им се нервира жената. На некои и да им нацрташ пред нос, пак ќе ја бранат мама. Зависи од човекот колку има потенцијал да работи на себе и на вашата врска. Твое е отворено да зборуваш за се, да нема толкување, читање мисли, со отворен муабет најдобро ќе видиш до кај сте.
Се сложувам, колку и да се водиме од муабетот, он да е арен и да те сака за мама и остала фамилија не се грижи, пак не ни е сеедно кога мајка му не не' сака. Едноставно не е деллива работава. Сепак му е мајка и лошо е кога треба да бира меѓу тебе и неа... И баш, што им е бе на свекрвиве П.С Кога читам овде што аждаи од свекрвишта има, ми благодарам на космосот што ми ја даде мојава, колку-толку арна.....
Што и да биде никогаш ама никогаш не му зборувај за мајка му додека он сам не согледа а после можеш отворено да си зборуваш, не му кажувај дека си прочитала гледај си со него да ти е убаво и реди си ги коцките сама (сами да си живеете, сами патувања, сами деца да си чувате...се тоа од страна малку,биди итра) Тој не гледа така мајка му е...со тек на време остај ја неа ќе собира минуси и ќе се прелие чашата па он ќе свати и ќе вика остај ја стара е не знае што прави... Не брзај за брак, ама и не мисли каква му е фамилијата него си го цени. Секоја свекрва ама има едно такво глупо понашање као еве сега снајка ќе ја преваспитам ќе и кажам како треба да биде домаќинка, како да го чува син ми. Како да несака да го препушти на друга жена. И тоа е од љубов ама се си има и граници!
Ако за тебе честа и довербата не е вредна, не значи дека и за другите не е. И кога веќе толку си сигурна и сметаш дека е во ред ова што го правиш еве земи кажи му дека скришно го шпионираш, тоа што си прочитала и кажи му ги истите овие филозофии за тајните и светот, на крај види како се ќе се заврши. Со среќа
Еј па и ти па ништо страшно не направила. Утре тој кога според него ќе биде во ''оправдана ситуација'' да и чепка во мобилен и да ја шпионира исто така ништо страшно нема да направи Ајде настрана од тоа, ама да фаќам да чепкам во моб. на дечко ми па и кога ќе видам пишала мајка му треба да сум мераклика за драма или да немам грам самодоверба. Ако сака најголеми навреди нека му пишува на моб. за мене око нема да ми трепне, ама ако во живо во мое присуство истото го прави тогаш има да ме засегне па да си добие соодветна контрареакција, а и да ми даде повод да ја ставам на дистанца на подолго време. Друго алармантно е како на тој нејзин коментар има срце и лајк од другиве млади, јас тоа го толкувам или и тие не ја сакаат неа или само се согласуваат со муабетот на мајкава дека сакаат денови да си се со својата потесна фамилија. @1992g јас би те советувала да си поработиш на самодовербата, да си се опуштиш и да гледаш на тебе и него да ви е убаво. Не би се повлекувала со измислен изговор дека имаш работа за тој да е со нив, ама ако тој сака и си направите компромис дека пример 3 дена е со нив, 3 со тебе, тогаш ќе си ги исполниш тие 3 дена со некои други обврски. Сепак не сте врзани еден за друг, сигурно имаш и пријателки и други активности не само оние со него што ги правиш. За свекрвава што да ти кажам, не и придавај толкаво значење и така е од соседна земја, ако не планирате да живеете со нив во заедница и во таа земја што и се секираш и така нема да ја гледаш редовно во животот. Фокусирај се на вашата врска, гледај вас да ви е убаво. Убаво ти пишаа погоре замарај се со реални црвени знаменца, не со замислени базирани на претпоставки или само за драматизација без асално да поразговараш и се информираш за се како е навистина.
Тоа негово ‘ќе видиме’ мене лично многу би ме навредило и разочарало, си пишала доктор по медицина бил бла блаааа ма ако сака и академик нека е, доста гледате титули, гледајте да му сте на прво место секогаш и секаде, а за дека би бил добар татко тоа никој не го знаеме дури ни тој самиот се дури не се оствари во таа улога
А како и давате вака совети, знаете колку е лошо да не те прифаќаат неговите од почеток, штом мајката е таков манипулатор и синот мора оди по нејзе, рачунај кога ке бидат брачен пар, ќе наоѓа начини да ја омаловреднат на секој начин. Затоа девојката треба добро да си размисли, да не брза ,па и да е доктор на науки ако нема храброст да ги постави нештата правилно тогаш џабе е се. Не е маж.
Така и давам совет бидејќи имам право на лично мислење, таа дали ќе го примени и се допаѓа или не нејзина работа. Сега за сега како што им стојат работите ништо конкретно нема таа како проблем, бидејќи како првично немала право да чепка по туѓи мобилни и сама да си создава проблеми и става трн во здрава нога. А за тоа да не избрзува виде некаде дека така и пишав? Ај препрочитај пак што и пишав точно, да разговара со него, да се договара со него за нивната врска и да прават компромиси што им одговараат пред се на нив двајцата. Ама секоја со свои размислувања, па еве ти по твое на порака што стигнала на мобилен од дечко и од мајка му ќе одиш да се расправаш, само со кој прво не знам?
Најважно од се беше дека е на специјализација и сека е доктор ?! Тоа што рекол ќе видиме, мене лично многу би ме повредило. Настрана другите млади што се согласиле со мајката/свекрвата.
Мене па воопшто не ми забоде очи што е тој, што е до мене и ит специјалист во одредена област нека е или што сака друго нека е по професија. Можеби не гледам така бидејќи луѓето ги ценам според тоа како се однесуваат со мене, а не според кој се и какви се по титула и статус. Ама тоа сум јас. Е сега како надоврзување на членкиве што го приметувате тоа и сметате дека најважно и било само тоа што да пишам, немам зборови. Ете нека се изјасни @1992g дали тоа и е најважното во врската со него, да не кроиме вака на непознато капа на нероден Петко.
Како да постапам ако од свекрва постојано добивам циничко однесување, често игнор, индиректно спуштање на муабети? Постојано глуми жртва и се умилкува на синот, а мене кога ѓе гледа злоба и излегува од очите. Неколку пати му кажав за неколку ситуации каде што ме направила будала или небитна личност ама тој не разбира дека е така и тврди дека погрешно сум разбрала. Не можам во лице да му кажам мајка ти е злобна и превртлива. Како да зборувам со него и на кој начин?