Јас па не ве сфаќам со фамилијарниве собиранки кога не живеете сеуште заедно. Јас можам да се ставам на место од двете страни. Да, може би сакала некој ден да поминам со син ми сами, особено ако не сум го видела подолго. Девојка, со која можеби ќе биде, можеви и не понатаму, не би сакала толку да ми се вртка освен ако не е он решен така да биде. Твојов не е. Но, од страна на девојката (иако пред заеднички живот, не би терала одмори и викенди со нив), би се осеќала отфрлено, особено ако јас поинаку сум ги доживеала. @Lolitya3 не е ќор, ни глув, приметува тој ама така му одговара, во спротивно треба да признае дека мамичка не е совршена.
Јас се надоврзав на твојот пост не го нападнав твоето мислење како прво, и второ не нема да се расправам, ке излезам уште еднаш за кејф и ке му кажам дека најдобро и за двајцата секој по својот пат.
Не си првата, и не има многу со вакви мајки социопатки, прво треба да ја дистанцираш, второ да и ја земеш контролата, да не може да те погаѓа со ниски удари и трето да ја сместиш кај што и е местото. И оттаму и ти исто ке и правиш ниски удари, таму кај што е тенка ке ја гаѓаш, и на крајот она нека си испадне лоша свекрва и нека приговара кај синот, наместо тие да испаѓаат напаѓани од страна на снаата.
Не знам на кој начин, иако не живееме заедно со мм е на тел дневно најмалку 1 час а кога јас не сум присутна зборуваат и по 2-3 часа (проверено)
За што зборуваат толку време човече? Разбирам да се слушаш секој ден, да се праша кој како е, дали е се ок, да се каже некоја нобост, некое муабетче ама толку време, секој ден? Лудница
Јас со мајка ми ако зборам 1 саат најверојатно се карам и објаснувам. Што муабет бе се прави 1 саат, па и 2-3 саати
Па буквално се, сака да знае секој детал за тој ден, се го испрашува како на работа како дома зошто така зошто вака, кога си на одмор, фрижидерот дали е полн, што јадеше итн. А за мене во цел муабет не и текнува ни да ме спомне.
Брат ми вака да седне и да и одговара на мајка ми, тој ден за куќна слава ќе го земам. Шала на страна, седни си со маж ти и кажи му какви vibes добиваш од жената, напрај се ти жртва - мајка ти не ме сака затоа вака се однесува, што сум згрешила и каков проблем има. Кажи му да обрне внимание на некои ситуации и после прашај го дали мисли дека е нормално такво однесување. Еве конкретно затоа што не прашува ништо поврзано со тебе, прашај го дали знае некоја причина за тоа. Лупам глупости - може некогаш те има нешто грешно сфатено па почнала така да се понаша. Ама штом си зборат толку, не верувам дека никогаш ништо нема кажано за тебе само можеби маж ти ти нема кажано
Еве кога сум присутна го слушам целиот разговор и знае дека дме во иста просторија и дека сме заедно и еден час разговор воопшто не ме спомнува како да не постојам, се што правиме со мм (шетаме,јадеме,чистиме) се го прашува во еднина (што јадеше, каде шеташе…) како тој да бил сам а не со мене.
Игнорирај ја комплетно. Ако си бара причина за кавги и конфликти, ни ѝ ја овозможувај. Мажот ти дури зборува со неа, ти излези или занимавај се со нешто што ти е интересно. Претпоставувам немате деца па имате време со свекрва ти да се занимавате. Ако и мажот ти му е исполнет денот, ќе му стане обврска и напорно да ѝ учинува на мајка му. Затоа биди иницијатор ти за шетање, активности и за двајцата, филмови, серии, игри.. Јас мислам колку повеќе му зборуваш за мајка му него толку поконфликтно и позбунувачко ќе му биде. Не го ставај на средина и остави го сам да се избори за своето време и независност. А и колку што разбрав вие двете немате некои посебни проблеми, туку само нејзиниот однос спрема тебе не е во ред. Затоа ти треба да излезеш покултурна и на ниво, односно да не се спушташ на нејзиното.
Намерно нема да праша за тебе, пошто знае дека си тука, ама кога не си таму има да го испраша се. Дали е јаден, испран испеглан... Во тој саат време пример да го извикаш да одите надвор, Ќе го преќине разговорот, или ќе си остане со мамичка да си прави муабети.
Девојче, оди си. Оди си ама одма. Големо е разочарувањето, ама тој нема да се смени, т.е. ќе се смени ама на полошо само. Утре ден со дете ќе треба да си одиш, потешко е така. Не си сама, поддршка од дома имаш, поддршка од другарките имаш, јас ти се нудам во секое време за муабет ако си осамена. Многу си млада, не си го упропастувај животот, те молам. Едит: како постара сестра ти пишувам. живеев со вереникот 3 години, а вкупно 13 бевме заедно. Одлуката знам колку е тешка, ама не може со сила убавина. Немав ни третина од твоиве проблеми искрено, па да беше таков копук мислам и полесно ќе дојдевме до разделба. Животот продолжува, не останувај кај што не си среќна.
Иха уживанција, сврти го на ова таа не прашува за тебе, ти за сметка на тоа не ја фермаш. Иако навистина е чудно што разговараат 2-3 саата, вака да се слушнеш блиц на 5-10 мин. тој да праша добри се, таа вие добри сте и толку, такво детално објаснување што правите од минутка во минутка па не му е заморно на твојов? А за однесувањето на свекрва ти кон тебе, ако сметаш дека можеш да вратиш со ист тон и на ист начин, терај така. Ако сметаш дека попаметно е да ја игнорираш уште поубаво. А за нејзиното такво однесување кон тебе спомна членка погоре може има причина зошто прави така, ама може па и нема. Ете таква си е жената, не и дозволувај да ти го расипува спокојот и односот со маж ти, ако немате други проблеми освен овој. Делумно таа може и намерно прави така ти да му се жалиш, тој да се прави не приметил, а убаво ти пишаа и те како приметил, си знаат мажите за ова, па изнервирана од неа ти да му се истуриш него. Мајките си ги знаат синовите какви им се и до каде можат да одат и го боцка, за да се расправате, ова е модел на манипулативна свекрва, не и допуштај да играш по нејзини правила на игра.