Паметна одлука. Одлично е што и се нуди поддршка, така треба. Јас дополнително би ја посоветувала да си обнови и зацврсти пријателство со поблиски пријателки кои може ги запоставувала на некое време заради ова што и се случувало. Чисто да има група за поддршка таму кога ќе и падне тешко, бидејќи пиша дека е од мало место и се плаши дека ќе минува низ лавина вербални осуди и критики, дека ќе ја оговараат заради постапката. На почеток ќе и треба да има на кој да се ослони во живо таму, попосле ќе сфати секое чудо 3 дена, најважното е таа да е среќна со своите одлуки и избори во животот.
Му кажав на две другарки. Знаат каква е ситуација исто така и тие ме поддржуваат, па така да се надевам лесно ке помини сето ова. Проблемот беше дури стигнав до овде. А инаку за да го избришам од животот ми треба секунда.
Јас со месеци се прашував да не имам згрешено нешто ама не. Секогаш прва се јавував ама престанав бидејќи таа никогаш не ми се јавуваше, кога одам дома поклони, чоколади се им носам никогаш ги немам запоставено. Кога побара нешто прва сум тука за неа. Сфатив дека е љубоморна што синчето не живее со неа, и од бес ми го прави ова.
Собери се кога нема да е дома Земи си пасош здрествена книшка сите документи Ако ти треба некпј за разговор пиши лп слободно Не дозволувај никој да те предомисли Чекаме да пишеш вечер
Тоа е нејзин проблем, или ќе си легне на брашно или ќе станува поманипулативна до степен кога маж ти ќе ја седне и ќе и предочи дека така повеќе не оди. Ти биди си спокојна и не се нервирај за ништо во врска со неа, ако можеш фаќај и сеир на глупоста и полагано доживувај и гледај на смешка до каде ќе оди со манипулативноста. За утеха барем не живееш со неа и не мораш да ги трпиш сите нејзини испади секојдневно па си во многу поповолна позиција да одбереш успешно и комплетно да ја игнорираш.
Потполно знам како се чуствуваш, само разликата е што јас живеам во заедница. Порано многу се нервирав и замарав сега едноставно се однесувам како да не постојат. Еве пример јас што доживувам: Заедно со мм се враќаме од работа влегуваме внатре и на него му викаат Петко ( измислено име) се врати, а јас стојам до него. - нема се вративте деца. За ручек, Петко ајде да ручаме - јас како да не сум тука - нема ајде дојдете да ручаме. Петко кафе ќе пиеш- јас исто не постојам. Свекор ми носи тањир со лубеница му ја става пред него и му вика земи пробај многу е блага, а јас седам карши него на фотеља, нема земете пробајте. И општо за сите работи, само него го нудат, викаат, разговараат. Дури пред еден месец за на роденден кај братучет му, му викаат Петко ние ќе одиме ТИ дали ќе дојдеш, нема дали и вие ќе дојдете. Во почетокот многу ми беше глупаво и многу лошо се чуствував, ама после си викам Чек малку застани кога они не ме рецкаат па зошто јас нив. Едноставно на игнор цело време исто како да не постојат. Како прават така правам. На тараса стојам цигара пушам, свекрва ми искача и она со цигарата јас на страна и вртам грб ни да те гледам ни да ме гледаш, ни А ни Б муабет. Варам кафе за мене влегувам и само мм го прашувам Петко кафе ќе пиеш и крај други не прашувам. Јас откако престанав комуникација со нив, освен со свекрвами службено за нешто најхитно ако треба многу ми е подобро и полесно. Ти НЕ живееш заедно со нив и се замараш, ич да не ти гајле дали прашува или не. Стави на игнор па нека се чудат зошто така правиш. Јас чекам нешто да ми искоментираат за однесувањето па да ги потсетам на нивните реакции и однесувања, ама ништо не зборат они ќутат јас ќутам. Како прават, така им правам.
Јас лично ти викам фала за тоа што не трубевме на празно Ти кажале и другите членки, за поддршка, за муабет лп кога сакаш Со среќа
За ваквиот третман делумно е и маж ти одговорен и виновен. Еве мене пример да ми речат моите Петкана сакаш лубеница и да ми подаваат само мене чинија, а спроти мене седи сопругот има во фаца да им ја фрлам ако постојано така прават или ако се воздржам на ваква неправда и некултура јас ќе ја поделам чинијата со него. И за се така тие ме прашуваат јас вртење кон него, а ќе ручаме Петко, а ќе пиеме кафе Петко, е после како има да научат како да се однесуваат кон мој Петко исто како кон мене родена ќерка Петкана. Тоа се вика почит пред се, секој треба прво да си го има кон партнерот а потоа ако гледа дека не е испочитуван од другите да се побуни и да објасни дека сака исто така да е почитуван и третиран партнерот. За ова што правиш, игнорирање така и треба и си заслужиле, само се надоврзав на оној дел за кој пишав зошто ептен ми боде очи и ми е максимален одраз на непочит прво од него кон тебе, што премолчува на ова, а потоа од нив кон тебе, бидејќи се невоспитани штом вака прават и заслужуваат некој да им укаже на тоа и убаво да ги превоспита. Нема што ти да чекаш да ти прокоментираат, сопругот во вакви ситуации треба под хитно да стапи на сцена и да им пререче, ако до толку ти пречи ова однесување пред се тебе, а и на него. Мене еве ме чуди како него не му пречи? И што вика он си јаде од лубеницата и си срка од кафето а ти си гледаш само?
Ќе помине. Дај си време и да тагуваш, и да се лутиш, ама ќе помине. Поминувај време со другарките, со семејството, дојди тука, ама не се враќај. Тој чим првиот пат не научил, допрва нема. Млада си, животот е пред тебе, ќе си најдеш некој што ќе те почитува и цени и ќе бидеш среќна со него.
Стави се на негово место.. Петко го опсипуваат од сите страни со внимание, него му е супер и си мисли дека така треба да биде, а тоа што сите тргнале да го служат е нивен избор.
Е буквално вака и на мене кога сме во Македонија. Иста ситуација како што опиша ти, цело време во еднина јас како да не постојам.
Не можам да се ставам, реков како би изреагирала јас во таква ситуација. Ама можам хипотетички да се замислам и заклучувам себичен е Петко штом само за себе си гледа да е опсипуван со внимание, а за сопругата нека му е гајле како се чувствува и како е третирана. Сепак еве и да не е себичен, туку да не сфаќа дека таа не се чувствува пријатно кога ова се случува таа има уста да му каже па на следно вакво однесување од нивна страна тој да им објасни или покаже со дела. Нудат ручек, кафе, шетање... ајде Петкана доаѓај со мене си кажува и крај на дискусиите со нив. Додека таа се нервира и негодува, нека се нервираат тие некултурните, може и ќе научат нешто од сето ова, како на пример што е култура и почит кон партнерот на нивното дете. Ама се прво мора да започне од него, а за тоа ќе си помуабетат и ќе си се договорат тие двајцата, бракот е заедница пред се помеѓу нив. И што презема околу тоа доколку ти пречи ваквиот игнорантен однос од нив? Разговараше со сопругот во врска со тоа? Зошто не разговарате со мажите за ова, можеби ете тие не сфаќаат како ви делува тоа однесување па затоа ништо не преземале. Мора да имате отворена комуникација за вакви нешта, луѓево немаме способност да читаме мисли и да знаеме на кого што му чини или не. Разговарајте отворено, ако и по се направено од страна на сопругот ситуацијата останува иста и не се променила на подобро, како се однесуват тие со вас така и вие со нив и што помалку придавање значење на ваква некултура.
Сѐ убаво тоа, ама со некои луѓе нема разбирачка. Или ќе си правиш проблеми или ќе си тераш со својот живот.
Затоа пишав погоре ако се друго е преземено и ситуацијата си останува иста, како тие се однесуваат така и членкиве со нив. Тоа е тоа, дистанца и игнорирање се мајката и таткото на решението на сите проблеми.
Еве мојата е на игнор...Ама последниот пат пе прашува како се твоите? (А ги вреѓа пред мене) Јас:супер се ке одиме со бебе кај нив месец два Она:А Петко? Јас: Петко е на работа нема одмор (Тоа што и смета уште толку го преувеличувам недела две ни е муабетот со Петко) (Она кога се запали со муабетот една недела на Петко му зборува како зошто ) Петко и кажува па нека ја ќе и помогнат нејзините ќе си ги наполни батериите од никој помош нема... Исто него го нудеа храна, во еднина зборуваа Маж ми срцка ќе стани ќе направи кафе, ќе пресече лубеница, не нема да јадеме дома ние надвор ќе јадеме, не прејадени сме Петкана многу убаво зготви. на почеток беше секој ден кавга и многу се нервирав дур да сватам дека треба игнор на неа и на свекор (другата свекрва) и на маж ми таа тема да ја одбегнувам
Јас пак ова го сфаќам како да и вели дека ќе видат тие двајца меѓусебе ќе си се договорат дали ќе оди и @1992g или не. Ако имаше напишано „ќе видам“ можда ќе го сфатев пострашно. 1992g, велиш дека ти рекол да одите Маврово после тоа- абре оди девојко, не му се замарај. Тој да сакаше да оди со нив да се види без тебе, ќе одеше досега, а немаше планови да прави со тебе да шета. Оди си Маврово и не се замарај со нив, седи си на страна и политички однесувај се и со идната свекрва, а и со многу добрата снашка што ставила срце на коментарот негов. Биди дипломат и не дозволувај им да видат дека имаат влијание на тебе, ни тие, а ни дечко ти. Понашај си се најнормално и биди мудра- кај што ќе те вика оди, давај сама иницијативи да правите нешто интересно заедно, а не да се затвораш дома и да менуваш расположение ради нив. Штом си од Охрид има можности таму барем летно време, еден ден со катамаран одете да се возите, друг ден на некоја журка, плажа, параглајдинг, планинарење, кајаци, SUP boarding. Направи си го летото убаво со него и види како ќе се понаша тој. Ако и после се процениш дека е мамино синче и како со црева се врзани со мајкичка, давај му ги клоците со време и спаси се од тоа да бараш дополнителни совети во темава. Најважно од се, не му зборувај него ништо против нив- ако е паметен верувај ми сам ќе ги увиди работите многу брзо