Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека он е виновен и на многу пати му имам кажано дека е дволичен, кога сме сами е друг човек заедно готвиме, местиме- собираме маса, средување по дома за се што треба се заедно он со усисивач чисти јас џогирам. Абе се заедно АМА се тоа е кога неговите не се дома, ама кога они се дома е сосема друг како друг човек.
    Моите родители за ништо не го делат, јас сама ќе отидам до кај нив ќе си поседам кафе да се напијам мајка ми обавезно праќа за него дали овошје, дали кифлички било што до степен бомбони праќаат ако нема ништо посебно.
    Ама неговите се страшни, дур ќутев им бев слугинка, чистачка, готвачка и личност да си лечат комплекси беше друго АМА кога почнав да плескам се во фаца и повеќе да не им слугувам е тогаш уште полоши се до тој степен што ме игнорираат. Штом ме игнорираат и јас ги игнорирам исто како да не постојат, и така и вака пак нели јас сум лоша, безобразна ама бар веќе не сум слуга.
    Неговите родители кога му се обраќаат во еднина кон него после он се врти накај мене и он ме прашува и ме вика.
    Пример него го прашува мама сакаш кафе он се врти накај мене ми вика сакаш кафе.
    Е тато кога му донесе лубеница да си проба овој мојов тањирот на средина на маса и ми вика земи пробај, а јас му одговорив аааа не фала некни кога бев кај мајка ми се прејадов лубеница.
    Без разлика што и да направат и да речат он ништо не им вика, си ќути се трга на страна. Јас и свекрва ми имаше еден момент такво карање куќата мислиш ќе се дигнеше овој мојов мртов ладен си седеше во спална ни излезе ни рече нешто. После тоа се однесуваше како ништо да не се десило, епа штом така правите со иста мера се враќа. Како прават така ќе им се врати и ич не ми е гајле, еве во моментов сите они седат кафе пијат на тараса јас внатре си седам во дневна кафе си пијам песни на тв пуштено си слушам, пишувам на Фемина. Мм влезе зошто не искачаш надвор му реков не ми одговара друштво си се заврте си излезе ни А ни Б не ми рече.
     
    На Anyshka, Pea, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    На игнор мила моја само игнор, како прават така прави. Не си троши енергија од лично искуство ти кажувам од тие нервози, плачење, карање, непреспиени ноќи здравјето си го расипав со тероидната проблем, хормонски дисбаланс еве уште малку 7 години се борам неможам да забременам.
    Абе ич да не ти е гајле тебе да ти е убаво, па за нив ехеее што сакаат нека прават и зборат.
     
    На Anyshka, Skorpija25, Pea и 4 други им се допаѓа ова.
  3. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    Си разговарала со него дека ти пречи што не е на твоја страна кога ете при кавги со мајка му сигурно паднале лоши зборови за тебе од неа и што се однесува како да му е сеедно кога вака те третираат?
    Твојов ми е многу лабав тип на човек, а и извини вака себичен за лубеницата ситуацијава кога си го одбила јас за ум да му е ќе си станам и цела ќе му ја изедам или случајно ќе ми падне целата на под. Бреј себичњачење и што викаш ти го одби он цела си ја изеде не му ни текна дека си револтирана од односот на неговите и себичноста поточно неразбраноста негова?
    А овде имаш многу работи да преземеш првенствено со него, како така кога сте сами си обавува домашни обврски, а кога се тие тука ти слугувај тој со нозе во вис.
    Па убаво си направила што си прекинала да им служиш на сите и што ги игнорираш, со нив изгледа нема разбирачка ниту ќе ги оправиш, ти не, тој може ако сака, ама со мажево фати си на време ред се однесува како мало разгалено детуле.
    И советот што си и го дала на членката во коментарот пред мојов, е спас за сите маки, игнорирање.
    За другото со среќа, ќе се среди, се во свое време:hug:
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    И јас сум против секакво слугување. Пред да дојдам тука да живеам сите ме советуваа кафиња да правам на свекрва, да чистам, да се покажам како домаќинка. Но имав еден совет од другарка која е мажена. она вели да се понашам како гостинка на почеток. Буквално. Секако на посебен спрат сме. Нема потреба да се покажувам колку сум домаќинка. Нормално ја послушав. Горе и чистев и средував, долу само седев на кафе. Кога се заострија односите се живо ставив на игнор. И многу подобро.
     
    На ReinaDeCielo, Anyshka, marchi-cool и 8 други им се допаѓа ова.
  5. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Мила моја се имам пробано. И со добро и со лошо, сум се правела и наудрена и намерно некои работи демек нешто да мрдне на подобро. Едноставно никако не бива и затоа пресеков КРАЈ неможам веќе времето и нервите да ги трошам за нив. Јас не викам дека па и јас сум најсјајна личност или дека сум безгрешна ама па кога влегува снашка во заедница треба и она да се прилагоди кон нив ама и они да се прилагодат кон неа. Едноставно треба компромис да пронајдат двете страни, ако сакаме сите заедно да живееме во некој вид хармонија.
    Порано ми пречеше дека не реагира на нивните однесувања, префлрање на зборови демек од околу плес во фаца. Е Сега веќе не ми пречи едноставно ми е сеедно за се, ти збориш јас зборам, ти од околу јас у фаца и така се до моментот на ИГНОРИРАЊЕ вие мене јас вас.
    Јас му имам кажано ти дури се свестиш веќе касно ќе биде. Сега дојде моментот кога треба да се делиме посебен спрат ќе правиме па од двај чекам посебно да живеам.
    Јас многу касно дознав треба човек во фаца да кажува, не треба од околу да се вртат работите или тактики да се употребува. И на крај игнор следува.
     
    На nevermet18 и Milkiway им се допаѓа ова.
  6. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.672
    Пол:
    Женски
    Гледај да го убедиш да си живеете сами,ако имате шанса,но доколку немате тогаш мораш тактика да имаш, тој не е лош сопруг,ама пустиот е под влијание нивно, и самиот не може да се носи со средината, ти биди мудра не ги напаѓај, прави се фина, ама кога си насамо со неговите, удирај ги со иста мера, лош збор не му кажувај за нив, и терај така да видиш со нервите кога ќе се напнат и ке почнат лошо за тебе да му зборат, и тогаш целата игра ја добиваш ти, ти си тука моќната.
     
    На Malesia и AneSk им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.240
    Пол:
    Женски
    Брак ли е, шаховска партија ли е :?:
     
    На warrior, S.W.A.G, Glasna и 10 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Нема полошо од живеење во заедница.
    Кој има можност, нека се дели без секунда размислување.
    .
    Со кој и да живееш во заедница, ќе се расправаш.
    Башка, вие двата треба да се навикнувате еден на друг, а не ти да се приклучиш на динамиката со мајка му...
    ко да си петто тркало... се знај кај стој то, в багашник.

    Од делење децата на 'машки и женски', е ова ни се случува...
     
    На marchi-cool, DoubleK, warrior и 26 други им се допаѓа ова.
  9. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    350
    За се во животот ова е едно од најдобрите решенија, неколку пати погоре пишав игнор му е мајката.

    За нив ти пишав што мислам нема некоја голема промена со нив ти самата да постигнеш. Тој ако сака да ти излезе во пресрет може и да се смени нешто, ама ете него сеедно му е па убаво си се поставила и си тераш со нив.
    Проблемот мислам, немој да ме сфатиш погрешно, конкретно со него нема да ти се реши преку ноќ кога ќе отидете на другиот кат, сепак тој е во непосредна близина со нив и пак ќе си тера до некаде како е научен.
    Заедница во која едниот партнер е ваков а сте едни до други што ако сте на различен кат останува се уште напорна.
    Еве јас не разбирам ако се има можности за друго да се сака по секоја цена свекрвата да е до младиве со местоположба на живеење. Општо ова пишувам, не конкретно за твојов случај зошто очигледно е колку да е до тебе на крај на свет би се преселила.
    Ова што го спомнав ми делува како паразитирање или таа сака да ги искористува младиве за нејзини потреби или тие неа, да имаат баба сервис, ручек направен, куќна помошничка на копче, што ми е многу безобразно од младиве, а да не се правиме слепи колку многу се паразити и во одминати год. и си ги злоупотребуваат родителите за вакви цели.
    Е сега предност ти е што ти ќе имаш просторен раат од нив, па сета она негативна енергија и непријатност што ги осеќаш кога си сега покрај нив на катот нема да е до толку. Заклучи си врата, кафе на балкон сама или со него и око да не ти трепка. Ќе си уживаш во слободата и спокојот, на раат без нив, ама со маж ти мора предочување на некои нешта за да не му е касно кога ќе се свести како што си му рекла.
     
    На Anyshka и AneSk им се допаѓа ова.
  10. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.672
    Пол:
    Женски
    Види некогаш е подобро да си кралица, него пион.
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.240
    Пол:
    Женски
    Yeaaah |(
     
    На CameliaMiller, Oneo, Mantub и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    10.460
    Стануваш сабајле и место искулирано да ти тргне денот си враќаш филм кој потег е на ред, дали да си мил дали да си кучка. Се ќе се направи освен да се работи на здрава комуникација и граници.
     
    На DarkStormm, CameliaMiller, S.W.A.G и 8 други им се допаѓа ова.
  13. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли дете да не ве приметува? Нели прашував како да издржам со свекор и свекрва..

    Еве сега сме заедно, луѓе дете кога е со нив не ме ни приметува си плаче по нив а јас како глупачка си гледам и незнам што да правам.
    Стварно ме боли што не ме ни побарува кога е со нив ниту ме гледа, не ни иде да ја гушнам и земам во раце ..
    Незнам што да правам.

    Си мислам да бевме заедно цело време, детево ќе знаеше ли дека јас сум му мајка?
     
  14. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Колку години има детето?
    Ако е помало нека не ги гледа некое време и може ќе се одвикне.
    Ако е поголемо на некоја возраст ќе го седнеш и ќе му објасниш дека не се му тие мајка и татко. Поминувајте повеќе време заедно, шетајте или одете некаде.
     
    На mira.mira и Malesia им се допаѓа ова.
  15. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.475
    Пол:
    Женски
    Ќе си го зимаш, за се си има граници...
     
  16. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.672
    Пол:
    Женски
    Точно, здрава комуникација е за со здрави луѓе, а со такви ко што сме претежно опкружени , социопатки, психопати,секој ден е нов предизвик и човек треба да знае добро да се брани и суптилно да напаѓа исто како нив.
     
    На Anyshka, Skorpija25, Madrugada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Мало е година ипол. Ние си живееме посебно и кога идат ги сака си игра со нив се океј, не ми смета нека помине време за еднаш неделно или два пати по неколку часа ама сега една недела сме заедно и катастрофа е. Цело време и одат по неа, луѓе цело време има дома, и таа не знае што прави и кај се наоѓа.

    Е кај да го носам? Заедно сме една недела во иста куќа, морам да истрпам ама ме повредува само што не ме бара, со нив и со било кого си оди и чао ми прави без да се сврти. И викам дојди гушни ме, таа не и си оди.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Ако е постојано со тебе нормално е секоја нова промена да и е поинтересна, а и дома си е и се осеќа сигурно. Мојата е иста возраст, во последниов период мм беше зафатен постојано со работа, живееме сами, не го гледаше често, сега повеќе време поминува со нас и таа постојано е по него го бара да си играат,го прегрнува и цело внимание е кон него,јас како да не постојам :)иако моето не е исто со твојата ситуација, јас уживам кога ги гледам така сигурно не и ти. Верувај да се повеќе време со вас нема да се однесува исто, знам колку ти е криво пробај играј си со неа повеќе тоа што обожава(ти ја знаеш најдобро од сите што сака) , или едноставно искористија неделата да одмориш;)
     
    На Осе и girl__20 им се допаѓа ова.
  19. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    И што ако оди со нив? Баш супер одмори ти тогаш.
     
    На Maca Macka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против да оди со нив кажав, ми смета дека мене не ме гледа. Не ме ни приметува исто е дали сум тука или не. Не ми се ни доближува ниту ме бара.
    Ако сакам да ја земам плаче по нив. Јас да одам нема гајле други да одат плаче..