Јас живеам со моите и буквално истата приказна е. Кога поминува повеќе време со нив, мене не ме ни погледнува, не ме бара, си "збори" со нив, може и да заспие, нема да му текне на мене. Кога сме неколку дена оддалечени, пр си седиме на нашиот спрат повеќе, тогаш си е повеќе приврзан за мене, и ме бара кога е со нив.
Не тие лошо кога гледаш така? И мојава и со моите родители кога е исто игра и не ме бара може да си седи со нив ама тука е пред мене и пак ќе дојде бара цице, и ќе ме гушне и се. Сега цело време си трча, си ги бара нив а мене не.. И на цице не и текнува а таа е зависна кога сме сами на 10 минути иде и ме гушка, ми бара цице, со мене се гушка и ме бара цело време да седам и да играм со неа.
Таквата реакција од детето е нормална, колку и да не сакаме ние...ако мислиш дека е премногу излези си на прошетка.
Па голема е веќе, можеби и сама ќе се одбие у меѓувреме. Ми беше малку тешко кога не ми обрнуваше внимание воопшто, ќе го викнам нема да дојде накај мене, ќе си отиде кај дедо му... Ама сега веќе ми е сосема нормално тоа.
Нормално е дека те повредува, мајка си. Ама прочитав дека ти е мало детенцето па промените му се интересни и затоа е така. Ти си постојано со него и некогаш им станеме монотони. Син ми е многу поголем, па моите кога си дојдат од странство по цел ден е со нив. Не го праќам јас, туку тој сам бара, некогаш му речам не може па се отепува од плачење. Ама му одат по кеиф и си ужива со нив. Посебно татко ми го гледа како цар, а на мене му текне само кога треба да спие. И јас се нервирам ама па и не сакам да им ги кратам тие моменти и тие се желни за него и тој за нив. А дека сум љубоморна, сум. Ама деца, не дека не не сакаат, посебно ние мајките и ден и нок со нив најмногу им здосадуваме. Кога беше помал па и на телефон не ми зборуваше, имаше фобија дека дома ќе си го донесам. Кога ќе порасне, ќе почне да разбира и прво другарче ќе ти биде. Да се надоврзам, остави го повеќе од 24 часа со нив ама да не те гледа, да видиш како ќе те бара, тоа дека си до неа и кога се тие таму, затоа си е така слободна. Ретки се децата кои не им текнува на родителите.
Супер, одлично. Моментално си се посветив на работата, му кажав на некои членки, малку е гужва повторно со Короната и затоа ме нема. Имам и уште една понуда за работа. В понеделник ке одам на разговор да видам какви услови има и така. Засега супер е. Ви благодарам од срце на сите ❤️❤️❤️❤️
Битно си замина од кај него така? Те бара ли назад? Немој никако да попуштиш повторно. Од сите овде имаш голема поддршка.
Да сум правела зимница за ќерка и и за сите дома а јас со 4 месеци дете и тоа маж ми ќе го чувал детето а јас да сум правела ( никогаш до сеа не го чувал, еднаш му реков за да зачистам да го пази он си заспал дете само што не паднало од спална..важно он си се наспа). Се налутив се скарав со маж ми зошто како од пушка он го кажа тоа што значи она го набуцкала и реков од сеа сакам да се подделиме и ништо више заедно кај нас ке си ручаме и се арно ама не му одговара тоа морало јас да сум правела јадење за сите како тоа само за нас (сме живееле во заедница) не доаѓало у предвид и сеа он искочи лупна врата демек јас сум лошата не може да разговара со мене сум му ги раслошила односите со сите дома само сум правела збрки и си отиде доле со мајка му да си збори она ништо не му прави знаете..
Сакаш да те советуваме или сакаш да се пожалиш само? Да ти речеме дека ќе се подобри бракот со насилник што замавнува да те удри и лупа врати, нема да ти речеме.. Зимницата и ручеците се ништо во споредба со тоа дека ти тргнал да те тепа.
Остави го, џабе чекаш тој да се промени на подобро. Оди си на време, зашто еднаш веќе се обидел да те удри, не му давај шанса да има следен пат. Не им биди слугинка, штом маж ти не те сака и цени како негова жена удри му ги клоците. Не си го троши животот покрај таков нечовек, здравјето ќе си го уништиш. А и детето нека не ти расте во токсична средина.
Како маж е тоа што не „знае“ да си чува дете? Па и уште со мало дете ти да им слугуваш на сите.. срамота.
Абе фати си патот и губи се од таму. Пред се немаш почит од маж ти кој треба да ти биде сопатник и подршка за се. Сама кажа замавнал да те удри… Нема да се смени, тоа е мамин син на кого во глава му е всадено да биде како каже мама. Јас познавам човек од скоро 60 години кој никогаш не успеал да се ожени само ради мама, се што ќе спечали дава на мама, почна да се гледа со една жена близу негови години ама мама ако ја заболи глава он е дома, кога децата на жената го викаа на свадби, мекици, родендени , мама не го пушташе. Немаа да се смени , фаќај си патот додека дете не ти пораснало да гледа како се врши тортура врз тебе и тоа да има влијание врз неговата психичка состојба.
Да не си попуштила. Ни зимница, ни ручек ни ништо. Ти го кажувам ова како на сестра. Стој си на своето и со маж ти озбилен муабет направи. Ти не се омажи за мајка му, или за цела фамилија. Се омажи за него, па не си должна никому да слугуваш. Ако он се оженил за мајка му да добие куќна помошничка кажи дека ќе си заминеш. Сериозна сум. Остани на своето, но истовремено игнорирај. Не се труди да им објаснуваш, па дури и да немаше дете или да беше поголемо, нема да го направиш тоа што го бараат и крај. Ако за краток рок маж ти не се освести, ти ќе го освестиш присилно. Ќе си заминеш и ќе го оставиш него таму да си живее со саканата фамилија. Тебе бебето ти е приоритет.
Да се носат сосе зимница сосе сѐ. Како не им е срам, возрасни жени од тебе да бараат готвење?? Добро, кажи ми и како би се извело тоа, сама ти да ја спремаш зимницата? Ова мене на лудило ми личи. Тебе ти е местото покрај бебето. Немој нивните усти да си ги ранела. Значи, немој! Заинаети се, најди помош за поддршка, разговарај со маж ти ак му фаќа глата, ама не попуштај. Тоа е рамно на малтретирање. Арно ти кажала друшкава погоре. Стави точка. Кажи став. Не плаши се.
Маж ти е дебил што се оженил само колку да се рече, а врзан за сукњата на мајка му. Аман оди си од него.
Пробав со убаво ај за детето мало е да зборам да се одделиме нема да имаме проблеми зошто реслно само за тоа се караме, не разбира. Во заедница ние сме живееле не сме смееле да јадеме сами или да си правиме како сакаме ние. (А пред да дојдам беше друг муабетот затоа и си направивме посебна кујна и дневна) Па уште јас да сум ги решавала работите со мајка му он не сакал да се нервира ќе не седнел двете да сме збореле не можрл више он ќе полудел а јас што сум во туѓа куќа што се нервирам секој ден ништо страшно важно он да не се нервира. Ме изедоа више го претераа. Сака синот да си го остави без дете, а ја болеше кога зетот сакаше да ја врати ќерка и.
@princess02 Што бидна ? Се надевам добра си и не правиш зимница. Се чувствувам должна да пишам. Не дека не треба да помагаш дома. Но не и да слугуваш. НЕ ! Не пробај со убаво. До сега што те имам читано со тебе никој не пробал со убаво. Ти се нафрлаат и парче те прават. ОК во заедница да делите обврски, ама не цел терет да го носиш. Додека се објаснуваш и пробуваш со убаво ти ги фаќаат слабите точки. Те провоцираат намерно и свесно. Прекини комуникација целосно и стој си на своето ! Јас би покажала и заби на такви. И не попуштај ! Никако, оти ако попуштиш моментално ќе се смири ситуацијата, привидно ќе биде во ред, но за кратко време пак нервози ќе си навлечеш и се повеќе ќе се влошуваат работите.
Каква зимница нити јадам нити у скоро време дете ќе ми јаде кој сака нека си прави а јас да трчам и дете да пазам и да правам не може. Нека си прават ако сакаат. Безобразни, сеа си витка опашката зошто реков ќе си идам со детето на ништо не личи ова мисли празна закана е. Е не е зошто преку гкава ми е или ќе си стои покрај своето семејство или нека крши глава
И јас се надевам дека не ти е празна закана или зборови искажани во нервоза. Не е малку ова што го трпиш. Се надевам имаш размислено и си спремна да фаќаш магла наскоро. Не гледам друго решение искрено. И не верувам дека ти останале чувства кон мажот после се што ти направил. Штом си силна толку долго и си издржувала ваква тортура, ќе бидеш силна и спремна да си одиш и да се снајдеш сама. Некогаш повеќе боли да држиме нешто со сила отколку едноставно да го пуштиме и ослободиме сето она што не измачува.