Заминав да. Глумеше исто ко првиот пат ама не му успеа овој пат. Го блокирав секаде, сега за сега мирно е. Инаку ја прифатив новата работа. Во најскоро време ќе почнам таму. Уште еднаш ви благодарам на сите од срце.
Темава 3 дена умрена. Би сакала засекогаш да згасне. Да се опаметат свекрвиштата. Се надевам за 20-30 години ние кога ќе бидеме свекрви ќе нема потреба од вакви теми, или ќе има по едвај 2-3 реда муабет тука да се напише за ситници.
Умрена оти не се пишува .. барем од мене. А јас ако сум свекрва ќе им плаќам кирија и еднаш неделно ако сакаат може да ручаме заедно. Да им чатам над глава вака треба така не треба нема шанси.
Па од до сега што сум читала.. Поарно така,во некои теми не си да се отвориш одма има предатори и виновна ќе излезеш.
Не свекрвиштата. Да се опаметат брачните партнери и да се научат да живеат независен живот (во секоја смисла на зборот)
Не е секогаш до брачните партнери. Имаш случки каде мажот ја поддржува жената, ама свекрвите пак продолжуваат со драми/ Имаш тема :"Свекрвите и снаите-Задоволни." Се живее во заедница мирен живот, ама ако се сите нормални во таа заедница. Ние сме независни од свекрвата. Не комплетно, ама немаме сега расправии. Порано имавме многу. Научив да функционирам без да се објаснувам, да игнорирам кога ми се меша во приватност или си дозволува да коментира. Ама јас научив. Некои долго ќе се мачат. Факт е дека сите сме со некоја психичка дијагноза. Ама еден ненормален да јебе цела фамилија не е во ред.
За 20,30 години ние ќе знаеме како да се однесуваме благодарение на постоечкиве теми. Додуша и тогаш ќе има “изолирани” случаеви ама се надевам поретки.
Па не можам да речам комплетно независни. Од утре ако рече не ни гледа дете, ќе биде проблем. Ако рече ја продава куќата имаме проблем, немаме имотен лист, нејзина е. Кој знае. Може и за скоро време да прекинат да пишуваат поголеми проблеми, некои мали закачки само. Како е тргнато јас два пати се размислувам дали да пишам нешто оти како хиени трчаат неколку женички едвај чекаат да паметуваат.
Леле мислиш? Би сакала да верувам дека ќе има позитивно влијание форумот. Некогаш кога ги читам се сомневам дека идните генерации, т.е. нашата генерација ќе е попаметна, поразумна и потолерантна кон помладите. Секогаш кога читам на темава како пишуваат за постарите, си викам дали жениве се свесни дека утре нивните деца ќе се најдат во слични проблеми. Па и тие самите -како свекрви и баби?
Па се надевам дека научиле нешто во спротивно би било разочарувачки. Ептен сакам свекрвите да си имаат малку разум за децата.
Е како свекорот и свекрвата се главни баба и дедо и кај ќерката ?Значи снаата не е нечија ќерка од небо паднала.Се уште немаме деца ама свекорот и свекрвата беа и се уште се главни баба и дедо кај ќерка им.Значи сегде сакаат да бидат главни .
И мм кога ми беше вереник ми вети откако ќе си го направиме спратот ќе имаме приватност, па еве го направивме и до ден денес немаме, кога сте во ист двор џабе, нема никаква приватност.
Не ми е јасно зошто млада, здрава, права жена, при толку опции во животот, се опседнува себе во таа мера со золва и'.