Не е само золвата, и свекрвата и свекорот кој е втора свекрва да не кажам бетер од свекрва, еве и они мене така ми имаат кажано дека главни ќе се а уште не сум ни трудна, со кое право, имам само мајка татко ми е починат, и кој е опседнат, јас или тие ?И со кое право свекрва ми ми кажува заедно на гинеколог, вчера пак ми кажа по незнам кој пат.
Жено, еве мене ми изгледа дека ти си опседната со золвата. Реално немаш никаков проблем со неа, со свекорот и свекрвата можеби а најмногу со маж ти. Од проблемот со золвата не прочитав ништо конкретно, освен дека доаѓа кај мајка и. И озборување како шета, каде шета, што прави и што не прави. Изгледа под површината има нешто друго што не ја извади од уста. Ама ајде, што знам јас.
Мене не ме интересира дали шета, проблемот беше што оставаше деца кај мајка, свекрва ми по комшии и јас ги чував, не се договорила со мене па да и ги чувам секој си има обврски, и сестра да ми е без да ме праша па нема да и чувам деца, се е до договор дали можам или не.Сум причувувала деца и на комшика не е проблем да оди до продавница ама пред тоа ме прашала, а не ајде јас ќе шетам друг деца ќе ми чува .
100пати ја игнорирам џабе, има разбрани и неразбрани, сега викендов пак почна да кажува што да правиме, ние кај мајка ми и викендов имавме водоводџии бевме дома она одма горе им кажува кое кај да наместат на водоводџииве, таква не се раѓа. Точно.
А зошто одма не и рековте да се симне доле? Само што ја изговорила првата буква кажете и директно во лице да се симне дека вие кажувате тука, не таа. Проблем со себе или со маж ти имаш. Мислам дека си единствена што ја има прочитано цела темава ме уби од лајкување. Кога бракот на жената и мажот е во ред не може никој да ве изнервира, ни свекрва ни свекор ни золва ни болва. Значи нешто меѓу вас не е во ред, или маж ти не е во ред, или ти не си во ред, или и двајцата не сте. Биди реална сама со себе. Бидете реални и двајцата- ти и маж ти.
Јас одма и кажав и се налутија, после дојде електричарот ете ти ги пак со свекор ми, а електричарот одма го процени свекор ми дека е терсен човек, и јас пак им кажав дека он си знае како да ја поврзе струјата, свекор ми почна да урла, он и пред тоа има кажано ако дојде електричаров ќе го утепал демек немал врска со струјата, ние се сменивме од старо на ново кабли испоплеткани беа нови сменивме, и почнаа да кажуваат зошто нови кабли демек старите биле добри а они поцрнети и јас им кажав си имаме електричар он си знае, овие се налутија и ние вечерта пак дојдовме кај мајка ми, вчера свекрвата ми се јавува не било убаво така убаво кажал свекор ми каблите биле нови, кои нови 40 год. стари и уплеткани.
Добро сега не претерувајте, темава е создадена за читање и пишување (како и сите други). Чудо големо ако ви лајкнала мислења.
Ок, не сфаќам што ти е проблемот? Како што сфаќам немате пресечено, да кажете да не ви се мешаат и крај. Сами сте на спрат, ако можете и дворот поделете го, мал дел ако мора нека е заеднички ама останато од дворот на пола.
Им кажува, свекрвата се симнува, се лути, после Анушка пак попушта, пак по старо. Маж и' не сака да се кара, и' вика на неа да се скара ако треба. И тоа е тоа.
Кого го утепала струјава или утепало нешто а немала врска струјата, јас ништо не те разбрав што пишуваш, нови кабли, па стари кабли. Ах бре жено дебели кабли ќе треба да се поургира таму побрзо клозетот да ви се реновира, вие горе и ич око да не ви трепне за овие доле. Ама седни си го мажот напрајте си асален муабет и вие имајте си слога и разбирање. За свекрва ти и за гинеколог кога ти зборува и те нуди да одиш со неа ти да и речеш арно свекрво оди ако планираш ти да раѓаш и игнорирај ја од сега па натаму, само тоа ти е спас.
Јас не знам како не ти се смачи… Млада,средува спрат,средува дома, да се замара за муабети ко на селска чешма. Како ти е интересно?
Колку и да ја бараш вината во други, најголемиот проблем го имаш со сопругот. Ветил нешто кое не го исполнил. Си разговарала за тоа? Имате засебни спратови и тоа е доволно за секој да си има приватност и да си се држи до своето, секако ако претходно се разговарало и се поставиле граници.
А зошто толку сте запнале по мене м???Па читам и другиве членки пишуваат едно те исто па што не ги прашате дали им се смачи?Јавен форум кој што сака ќе си пишува и колку сака, јас се надоврзав на членката, вие како хиени одма да нападнете, утре и за друга тема не смеам да пишувам од вас да не ме нападнете ?