Па затоа што веројатно е останат во тоа време. Кој нормален возрасен човек би го дозволил ова? Во мажулето ти е проблемот
[QUOTE="Emotional123, post: 6291541]Па затоа што веројатно е останат во тоа време. Кој нормален возрасен човек би го дозволил ова? Во мажулето ти е проблемот [/QUOTE] Само немој мажулето да го кривиш. свекрвата и свекорот од по над 50 години се криви. Нив треба да ги превиспитуваме. Мажот не го чепкај!
Ем шуто ем боде. Внимание бараш,дека дома го немаш,па на форум. Не е крив маж ти, крива е золвата. Ете ако ти е полесно на душа.
@Anyshka си се нашла во средина со безосетни, удав луѓе, маж ти сигурно секогаш бил мирниот во фамилија, и така си терале ама сега доаѓаш ти и работите се менуваат. Ти очекуваш маж ти нив да ги стави во ред, тие очекуваат маж ти тебе да те стави во нивни калап да се прилагодиш на нив и да им преќутуваш како маж ти што прави. Доброто во цела оваа ука-бука е што маж ти е свесен за неговите и ти вика терај како мислиш, а ти не им преќутуваш и им кажуваш што мислиш, проблем е само што очекуваш од едно зборење они веднаш да се поправат и се нервираш зошто не е така. Маж ти нe ги брани по секоја цена, само најверојатно е таков мирен и повлечен човек, па не сака да им сe спротивставува. Не сме сите ист карактер. Тешко дека маж ти ќе се смени, они па ич. Ти можеш да се смениш. Тие се такви какви што се, не размислувај како треба и што треба и фантазии што би било кога би било. Ќе плескаш фино, смирено се во фаца, како до сега, се лутеле, се симнале доле, супер, тебе тоа ти е целта. 100 пати една работа да ти ја рече, 100 пати истото ќе им го кажеш. Биди: "лошата, безобразната, лудата, со неа муабет не се праи, не смееш ништо да и' речеш"... И ич да не ти чуе што ќе речат, на кого, ти битно да си раат. Сега сте во фаза на средување на спратот, со тек на време ќе си ставиш граници до каде може и не може. На почеток за сите е ново, после на твоја територија настапуваш ти. Сакале, не сакале, лутеле, збореле, кај тебе мора да се однесуваат како ти што ќе кажеш. Биди свесна дека го имаш тоа право, се уште не си свесна ама ќе бидеш. Кога ќе почнеш спратот да го чувствуваш како твој дом, тогаш и постапките ќе ти бидат такви. Со вакви луѓе само нема попуштање и преќутување. Еднаш ако преќутиш одма нов залет си фаќаат, мораш нон-стоп да ги потсетуваш кај им е местото. Не знам колку време сте во брак, во моментов немате деца, го имаш целото слободно време на светов, палиш кола и искачаш, земаш маж и одите на кафе, ручек, викенд. Уживај колку што можеш, овие денови нема да се вратат, после со деца, со маж ти нема да се видите, ќе си фалите еден на друг. И уште нешто, не знам како сте поделени со спратот, ама клуч на врата мора. Излегуваш од дома, ставаш клуч, крај на приказната. Тој клуч од многу проблеми ќе те спаси.
Маж ти е тој што треба да им каже дека тие не треба да се мешаат, а не ти. Ти седни и направи си здрав и сериозен муабет со маж ти. Прашај го дали нему му пречи што се мешаат горе. Ако одговорот е да значи тој треба да им каже дека му смета. Ако ти каже дека не му пречи тогаш ти имаш проблем со него, а не со неговите. И одговорот е кај тебе дали си спремна да останеш со човек кој нема свое мислење и кој ќе дозволи мешање на сите членови во семејството во вашиот дом. Сега проблемот е мал, замисли да имаш дете тогаш неговите во секој аспект ќе се мешаат. Дали треба да цица или со формула. Дали треба цуцла да му дадеш или не. Дали ти е премалку или премногу облечено. Искрено да ти кажам без поддршка од маж ти, ти нема да можеш сама ништо да постигнеш, тие ќе ти се мешаат во се. Ние живееме со маж ми на посебен спрат од куќа, ама за секој денар каде ќе го потрошиме одлучуваме јас и тој, без мешање на свекрва ми. За било кое прашање одлучуваме јас и тој. Искрено, ама стварно најискрено ти имаш проблем со маж ти и треба да седнеш со него да разговараш.
Истото, наша е куќата кога треба да служиме, а кога сакаме нешто немаме право, ние снаите сме дојденки.
И свекорот очекуваше кафе од мене секој ден, што е најстрашно и му варев, откако престанав снаата била лоша.
И мене ми сметаат многу цигарите, од задимена просторија глава ме боли, среќа ниту свекор ми ниту свекрва ми не се пушачи освен мм и он пуши или надвор или во посебна просторија, но мајка ми и татко ми (бог да го прости) пушеа но надвор, не поради мене, туку иако пушачи се бунеа кога внатре им дозволува на мои другарки да пушат, мајка ми и ден денес си пуши на тераса и да не сум кај неа на гости , иако е пушач не сака внатре, и смета.
Имаше некои членки што се пожалија од свекорите, еве и јас пишав свекор ми ми е втора свекрва и он во се се меша.Бетер од жена е, дури он повеќе се буни ако мм свари кафе демек срамота било, а зет му на ќерка му и ручек и прави и чисти и пере, епа сега како за синот срамота било едно кафе што ќе свари а за зетот не било срамота се што прави ? И снаата морало да вари кафе на сите, така беше кога живеевме во заедница, сега не им варам, ни ручек не им правам, само за нас правам и го чистам само нашиот спрат и снаата е мрза, паразит.А кога правев за сите ручек и им чистев тогаш добра бев .
Леле жено колку си оптеретена со свекор и свекрва, ќе си оболиш од нив. А, да и золвата да не ја изумам
Сериозно уште ја оправате со Анушка? Дојдов да видам која е следна за оправање, кога гледам уште истата.
200 мислења и сите за свекрвата. Анушка ако немаш друга работа, аман разгледај го форумов има мноооогу поинтересни теми од оваа, не е нормално толку со нив да се оптеретуваш. Најсериозно, најди си друга занимација.
Има кај мајка ми комшика таква, а не е многу стара, има двајца синови и две снаи и платите нивни кај свекрвата она им дава кога ќе им затреба за нешто. Јас и кога не бев мажена на мајка ми не и ја давав платата, не ми ни побарала, не па на свекрва да ми води евиденција за што трошам. Мајка ми секогаш ми викала работи да имаш за себе да не зависиш од никој, ама нормално бев свесна да дадам нешто за сметки, истото и сега, не и ја давам на свекрва ми платата, ама ние со мм посебно си купуваме за јадење и даваме за сметки, а не они да ни плаќаат.
И свекор ми кога го правевме спратот се качуваше на мајсторите шериф да им изиграва, одма го картиравме кај што треба. Неколку пати проба исто заврши , и веќе не пробува. Само да ти доловам мајстор не можевме да завртиме од него. Се он знаеше повеќе од нив, ни се јавуваа сред работа ( ние со мм на работа) нервозни да си го прибереме. Е до толку е човеков. Така верувам дека и ти ќе се справиш на тоа поле со свекрва ти.