Криво и е. Средува спрат. Дала пари, друг и се меша. Мажето настрана. Може ова и е издувен вентил, што знам. Тоа што она реално има проблем со маж и повеќе него со неговите тоа е друга работа. Е сега маж и и рекол он не можел со нив, она да среди. Не секој може да исправа криви дрини со терсене луѓе. Јас сум таков карактер и без он да ми рече ќе им кажам мене кај ми е местото , нив кај им е и сите среќно кафе ќе пиевме дури мајсторите работат. Затоа нека се искаже, ќе и олесни можеби.
Нема да и олесни се додека да сфати дека проблемот е кај маж и. Не е ниту во свекрва, ниту во свекор, најмалку во золва. Ако тој не знае да постави граници и да покаже карактер, џабе и е се ова. И пак ќе ги рипне овие мислења и ќе се фати за некое од пред три години и ќе напише како и кај нив свекорот сака да се прави главен и како она снаа е паразит, морала да вари кафе и да седе со нив секој ден.
И јас влегов во куќа каде што буквално јадеа се, среќа мм не е многу по месото, и кога живеевме во заедница свекрва ми не работеше одвај чекав да отиде негде за да зготвам по мој вкус, ни јас не сум по месото не дека ич не јадам ама чисто месо, е сега секој посебно си готвиме.Ама они буквално јадеа мрсно цело со сланина .
^ Што ја напна темава олку со свекорите не разбирам. Одиш по стари мислења цитираш, објаснуваш самата со себе. Нешто имаш цел некоја да постигнеш мислења или што? @Anyshka Дајте реагирајте, според мене нема поента ова.
И јас и мм сакавме скромна свадба, но свекрва ми и свекор ми да се пофалат поканија повеќе стари вујковци, тетки нивни од по 80+ години имаше и незнам кое колено што мм не ги знаеше, ама од моја страна моите не ми се мешаа и списокот со гости го правев јас и сите ми беа блиски и млади, е сега некои адети исфрлив, нешто беше и по мое, кршење погача врз глава немаше ниту одење по невеста .
Кај мене па обратно, мојава ми викаше јас на нив да сум им фарбала, и за Бадник јас да сум спремала они ќе дошле горе.
@Anyshka зашо не почнеш од првата страна и на сите да им кажеш како и ти исто? Ај те молам, сите сме љубопитни за уште нешто со свекрвата и золвата
Жено коментарот е од 2020 година, кој знае што сум се ладел тука. Calmdown !!!! Извини ако ти згрешив нешто ама си прелистала 600 страни и баш мене ме најде?
@Anyshka овие со сопругот ви се најубави моменти, honeymoon фаза, гледаш дека неговите родители не ти одговараат во никој сегмент, тотално различни светови и нема шанса за живеење во заедница освен психички да попуштиш. Зошто не пробате со друга варијанта пример земете стамбен кредит? Или одете под кирија има добри апартмани ќе си имаш мир и приватност. Ни твоите ни неговите мешање посвети се на вас и на тоа што го почнувате.