Тазе сум породена. Откако се роди ќерка ми. Почнаа да ми сметаат многу работи. Разбирам внуче и се тоа. Помош е едно ама преминување преку сите граници е друго. Во присуство на маж ми и кажав се што ми смета така се увреди и налути и тврдеше дека не е така. Почна да глуми жртва а нормално јас лошата. Дека човек колку повеќе помагал толку бил лош и слични коментари. Што нема врска муабетиве. Барем јас откако се омажив многу станав трпелива личност инаку да избувнував како порано некој ќе беше мртов до сега. Е сега ме интересира пошто сакала нејќела живеам со нив, како да се понашам сега со неа после разговорот? Очигледно жената се навреди
Не е за мене туку за братучетка. Свекрвата си го истетовирала името и датумот на раѓање на внуката и тоа на цела рака. Стварно немам коментар за ова, се имам видено ама вакво нешто не. Сите што мислите дека викање на ќерко или сине е нешто најлошо.
Тоа што си има свои деца и треба да ги има нив, а не туѓи. Како тоа ништо страшно кога за секое сине и ќерко гревате галама и правете кавги?
Некое правило ново има луѓето што да тетовираат? Мислам дека за глупост се цепидлачи. Баш убав гест према внучето.
И јас би рекла како и до сега. Ќе и помини лутината, а ако нема друг поблизок во смисла ќерка, сестра и слично во близина пак ќе те бара тебе. Јас барем функционирам на тој начин. Лута или не бидејќи другите поблиски се или веќе стари или во друг град, за што и да и треба пак доаѓа кај мене. Без разлика дали да се испазари нешто, за на доктор носење или било што. Мојата кога дојдов во куќава само што ќе влезам од работа и одам во WC или влегувам в кујна одма по мене или од пред врата на wc-то ќе вика тоа имаш таму, ова имаш тука. Или в кујна ќе префаќа пред мене да ми "служи" јадење демек, да не ми е мене срам да јадам. Е после малку побурен разговор сфати дека не го сакам тоа и многу во тие моменти не ме малтретира. Сега останува да го решиме со време делот со бебето и да и се постават граници.
Ти изглеа ништо немаш видено, и што дека ја истетовирала внуката? Јас да дочекам внуче цел грб ќе го истетовирам. Глупости, 21век за што се замарате
Од вакви предрасуди си патиме. Каква врска имаат годините? Секој си одлучува за своето тело шо и како ке прави со него без разлика дали има 18г или 50г.
тоа е точно. Годините немаат врска и секој одлучува за своето тело, може и јас ќе направам некогаш тетоважа ама за тоа што ќе се истетовира треба разумно да се одлучи. За мене е глупо датум на раѓање на внуката.
Ова е клучниот елемент во најголемиот дел од писанијата и маките тука на форумот. Кога зрела и оформена личност сака (донела свесна одлука како зрел поединец) да оформи семејство, првиот чекор е осмостојување, физичка дистанца од претходното гнездо. Затоа што ако тоа не се случи, само се проширува веќе постоечката заедница и неминовни се проблеми, затоа што новото семејство сакало или не, упива од динамиката на веќе постоечкото семејство. И тоа е често лоша работа. Затоа, прво сечење на папочната врвца со свој кров над глава. Под кирија, макар и во една соба. Така почнувате неусловен живот, кој ќе добие прилика да гради своја динамика и пат.
Да, се сложувам. Најдобро е веднаш да си почнат младите да си живеат сами. Ако има услови да се одделат и од старт да живеат одвоено, тоа е најдобро. Проблемот е во финансиите најчесто. Многу пати истата приказна сум ја видела: Младите немаат работа, или имаат ама се слабо платени. Идењето под кирија е дискутабилно, особено ако се со принова (во какви услови ќе го внесеш бебето?). Нивните родители сакајќи да им помогнат и финансиски им отстапуваат дел од својот дом, додека да застанат на свои нозе, зошто сепак е нивно дете во прашање. И после недоразбирања, разочарувања, неисполнети очекувања и сл. Наопаку е се. Се се прави обратно, прво брак и семејство, па работа, финансии и дом. Знаеме сите дека најдобро е прво финансиски да се осамостоиш, да имаш свој дом, па да формираш семејство. Ама за жал, во нашава земја вакво сценарио е реткост. Цел живот се трудат луѓе, па ни во средновечна возраст не успеваат да обезбедат дом во своја сопственост. Ако се има финансиска моќ да се одвојат, секогаш е тоа најпаметно решение. Одсекогаш родителите кои викале дека не сакаат да живеат со децата, и покрај тоа што можеби имаат екстра соба, според мене се паметни, а не себични (како што знаеле да ги критикуваат и осудуваат). Си останаа во добри меѓусебни односи со децата.
Идеално сценарио е да можеш да си обезбедиш сопствен дом, но најчесто не е така (иако за оваа статистика баш и не сум најсигурна, само во Скопје колку се изгради во последниве десетина години, сигурно некој ги купува тие станови или ги изнајмува), ама кога веќе си решила да не бидеш веќе дете и ти да имаш свое дете, тогаш одговорноста е твоја, сѐ останато мене ми е неодговорно. Не можам да ја ставам сопствената желба за имање дете по секоја цена, пред потребите и радоста на тоа дете.
Здраво ќе ве замолам за совет.Со партнерот во брак сме 10 години две дечиња супер функционираме се сложуваме проблем не сум имала .Со неговите живееме на посебни спратови ние сме горе посебно не се качуваат никако горе.Пред две недели случајно ги слушнав свекорот и свекрвата како ме озборуваат дури се зачудив демек јас сум била ѓавол мажот ми за се ме слушал,и други работи како сум работела по дома насабајле најпрво требало тоа да сум сработена и други глупости.На мажми му кажав за ова вика слободно седни ги и кажи им зошто те оговарат да ти кажат што имаат во лице.Знам ако им кажам ќе има расправии.Исто и вчера ги слушам кај нас на скали се слуша мајка ми и татко ми ги оговараат а и со нив се во супер односи преку недела одат на викенд шетат заедно.Инаку јас и мажми плаќаме сметки за нас и за нив плус јас пазарувам за сите готвам за сите.Тие се невработени имаат уште малку до пензија.Е сега кажете ми што би направиле вие јас еве две недели муабет не им правам баш и се приметува слушам му вели на свекорот еве не ни прави и муабет многу.
На муж ти дај му цуце, чим те остава сама да се справуваш. Да е муж ко што не е, па да седнете сите заедно, да ги подберете малце.