Штом неговите те оговараат, а он не прави ништо, не функционирате супер. Ако е супер, он сам ќе им каже.Нема тебе да ти вели да им кажеш. Ти не прави ништо.Кажи му на маж ти он да ги праша зошто и да им каже да престанат.
Не можеш ни ти ни маж ти да ги натерате да не те оговараат. Они се постари луѓе и знаеме сите какви се старите. Јас да сум не би се замарала воопшто, што сакат нека си зборуваат меѓу себе. Едино ако те оговараат пред други,тогаш треба да реагирате. Впрочем, сите овде со мажите сме зборувале за свекор и свекрва. Кој не еве нека пише.
Сите се исти.....немој да мислиш дека само твојата е таква....и моиве мене ме оговараат а мене баш ми е гајле си терам по мое....и плус по некое време на шала на смеа ќе им го влепам....така да устата ние не можеме да им ја затвориме на нив...сами треба да се свесни што треба а што не треба да прават ...
^ Луѓе не си ставајте јадови без потребно на душа. Сите оговараме реално, еве јас и маж ги оговараме и моите и неговите, имаме коректен однос, си одиме, доагаат, ама така си се пожалиме некогаш меѓу себе А која свекрва па не ја оговара снаата? И што маж и ако ги седне и да не треба да ги рашамара, или ќе престанат да ја оговараат снаата? Нема! Само ќе бидат потивки нареден пат Не си стварајте јадови, се додека не ви се мешаат во домот, уживајте си во бракот и тоа е тоа. Или па што ако го пратите сопругот, ај оди кажи им да не ме оговараат.. Ако веќе сакате да расчистите вие сами одите и разговарате не ми треба засилување. За се ова само би кажала на родителите ако ми ги оговараат да не се опуштаат многу со нив, за друго ми е гајле дали ќе ме оговара пред комшии или било друг. Нејзин памет, нејзина уста..
Не вреди седнување ќе свртат муабетот не не не мислевме така грешка си разбрала. Ама ќе им го зборам на шега демек. Пример се симнувам долу и 6 до 6 ка осмех им велам ајде иде ѓаволот на син ви.
Здраво на ситее.. Јас искрено не сум мажена, ни верена, имам сериозна врска, трае веќе две години. Мојот дечко од своите 13/ 14 години е без родители, ги има одеднаш изгубено. Ние и пред 9 години /10 излегувавме си се допаѓавме , но после толку време дури сега сме заедно... Искрена ќе бидам, тој е поврзан со моите , јас сум со неговата сестра и супер функционираме, не знам дали сум ретка личност ама од првиот пат кога бевме кај него дома , не само нему што му фалеше да каже камо неговите да се тука, туку и јас го почувствував истото. И дома со моите кога зборев им кажав, Едноставно ми фалеше некако да ги запознаам неговите. Сега кој и да рече навистина се е индивидуално, ама ете камо јас да би имала свекрва и свекор или барем еден од нив, да знам дека еден ден па и покрај се би биле од помош колку толку. Неговите , особено неговата мајка била незаменлива личност, и баш поради тоа ми е многу криво ама тоа живот, не е сам, има сестра постара, братче помало иако сам живее и се справува со се.
Да ме нарече ѓавол, ќе си купам рогови накви ѓаволски што светкаат и ќе ја плашам навечер. Бегајте ситееее, ѓаолооо стигнаааа
Тешко нас на снаиве значи увек вештерки не прават..Неми се верува какви луѓе има пред тебе мед и млеко зад тебе гроб ти копаат значи
Ако така, уште поарно да не те чепка. Сепак самата бараше совет нели? Убај коментари ти дадоа, практични шо би се рекло.
Жени помагајте како да се справам со "писна" свекрва, значи буквално ме вади од такт женава ден и ноќ чистам по нејзе. 100 пати и е кажано дека не е во ред тоа што го прави земи од едно место префрли на друго место. Жива се изедов значи нема никаков осет да земи нешто да среди, ја среди таа расфрли веќе почна лошо да мириса по дома џабе проветрувам џабе се, кога она си тера по свое остава на пример насекаде пиперки и почнува да се осеќа мирис, ајдее ке средам тоа ке фрлам ќе остави нешто друго, и така се вртиме во круг. Искрено више не можам ни да постигнам со мало дете сум, мислам дека психички ќе попуштам. Дајте некој совет ако сте биле во ваква ситуација како сте излегле на крај.
Секој пат истиот одговор го добивам од нејзина страна, има таа и други работи. Куќата како куќа немала крај, ако било расфрлано само да не мириса, а како што напоменав знае некогаш и да мириса. На крај морам да средам сепак тука живеам не ради нејзе него ради себе,само незнам до кога ќе биди вака. Да напоменам имам слушнато од нејзини блиски дека она секогаш била таква, никогаш не се замарала околу чистотата.