Твојот сопруг го гледа реагира на нештото? Дали тој се пожалил или и рекол нешто? Се случува ли истото кога е тој дома? Претпоставувам со мало дете си, па доколку го натераш тој да исчисти дали би го сторил тоа или би разговарал со неа на темата? Тешко дека некој се одучува од навиките после 50-60 години.
Знае и сопругот има разговарано ама пак си тера исто. Кој ќе земе сопругот нешто да среди и ако го види одма почнува јас "ќе средам". А знаеме дека од нејзинато средување нема ништо. Да и членката погоре имаше пишано дека тешко на 60 години ќе се смени. Потполно се согласувам со тоа.
Факт е дека куќата никогаш нема да се среди, колку и да ја мрцвариш, ако она е таква, таква и ќе си остане...Само колкава ви е куќата ? Имате ли можност некако да се поделите ?
Сите ми зборат така. Ја више изгубив живци, нормално како една млада жена сакам домот да ми биде среден и чист. Ама не се издржува ја среди она растури и засмрди.
Куќата е голема, ама сега баш и не сум во состојба да се поделам. Како до сега така од сега ќе тераме, на крај краишта се си има свој крај. Една недела не беше дома одма подруго по дома средено се на свое место, плус владееше позитивна енергија, иначе оваа со својата појава носи и негатива...
Абе сами си правите. Не чисти по нејзе,не иди по нејзе едноставно не и оди по гзот. Мирисало нека мириса. Имаш своја соба седи си таму. Гледај за тебе, психички да не паднеш.
Ја имаш ли прашано зошто се согласила снаата, синот со дете да дојдат да живеат со неа во заедница ако нема намера и она да придонесе за хармонија во домот?
Не е баш така со мало дете, седи си во една соба,кога дете тешко можеш да го задржиш на едно место. А доколку се работи и за помало од година, две, баш и во секој момент треба да го пазиш, да не стави во уста ѓубре, храна непогодна за него и слично. Евентуално како што некој предложи секој по во свој простор, посебно готвење, посебно одржување, па ако си среди кај неа супер, ако не нека си мисли за себе.
Со таква жена не се излегува на крај, значи манипулира. Збори едно прави. Еве јас горе ќе седам нема да ви сметам, вие сте млади ова она. Ист ходник имаме заедничко wc, ист двор без разлика дали ќе седи горе или не исто ми е, еднаш ќе се симне дворот ќе расфрла се што ќе најде едно на една страна друго на друга страна истиот одговор го имам и за останатиот дел од куќата и на крај ќе ти рече немам време за ништо од работа не можам глава да кренам. И ај разберисе...
Баш така детето ми е 18 месеци, значи не можам да го затворам во една соба. А кога и да излезеш од нашата соба ќе најдеш нешто лево десно. А како што напоменав сега не сме во можност да се поделиме.
Сосема те разбирам, јас сум човек што сакам чистота, мене ништо не може да ме налути како нечисто ако е, не ми смета дете да ми расфрли ама нечисто ауу си излевам од кожа.
Стар човек со такви навики тешко да се смени. Маж ти нека проба поостро да збори со неа, а ти не средувај по неа. Ако она не се промени, тогаш ништо.Не се нервирај.
Она е пензионерка, јас седам дома го чувам детето. Згора на се кој ќе и речеме да го чува малиот се прави дека има работа наоѓа изговори, јас се откажав од тоа да и зборам да го причува, маж ми нон-стоп се расправа и џабе не вреди. Едноставно немаме никаква помош, и дури бил маж ми дете не ги чувала она, бабата ги пораснала..
И јас мислам да се иселите. Она е аљкава, и ѝ прија тоа.Очигледно ѝ е убаво.За жал знам друг пример, кај што и мајката и таткото се аљкави, дома им е ЛОМ.Ама лом до степен да нема кај да стапнеш, камоли да седнеш. Ама кај нив е на психичка база тоа.Неќат да чистат и убаво им е.. Не му даваат на синот да исчисти. Може и кај нејзе е некоја психолошка состојба.Прашајте ја, т.е маж ти подобро. Не може кај што има бебе да е валкано у несредено.Прво за вас не е здраво и боде на очи, после и за беба. Башка не е фер тоа да ти го прави, ти се грижиш за бебето, уште и по нејзе да идеш и да собираш.Може па и она сака третман на бебе да има.. Ужас Куферите и чао.Нека се дават у ѓубре и смрад ако не им е срам. Ќе им дојдат гости некад, ќе ги зборат до зборење
Секогаш имало и ќе има и недоразбирање меѓу снаа и свекрва или едната не ја сака другата, а ете ретки се оние што една без друга не можат едноставно. Мајка ми од малечка нема татко и кога се омажила и рекле како што сака да ги нарече но да знае дека има уште едни родители на кои може да се потпре. Мајка ми решила да ги вика мамо/тате. И меѓу нив не било совршено, имало некои мали расправии и некогаш и поголеми ама секогаш без размислување заедно на ручек вечера, малку разговор и решавале до ден денес. Пред да реши мајка ми да одам во градинка баба ми и рекла : Однеси ја во градинка, ама прво внуче ни е би сакала да си ја чувам дома. Сум немала убаво искуство во градинка и баба ми си ме чувала дома, технички ме пораснала и тоа што сум педантер в крајност е благодарение на баба ми. Сестра ми исто... А денес иако баба знае да претера една без друга не можат..Многу работи има што сум научила од баба ми , а и мајка ми исто...
А зар би оставила на таква жена да ти чува дете? Јас не би. Како и да е или навикни се така да живееш или кирија/кредит. Менување нема