Здраво девојки денеска свекрва ми неможеше да дотрае и ми вели зошто не ни правиш многу муабет велам а каков муабет треба да правам па еве еден месец си друга и се и плеснав во фаца па нели јас сум ѓавол ме оговарате нели имате малку страм лицемерни сте ве слушнав.Луѓе вели не е точно ти лажеш се прави дека не рекла вакво нешто па и други работи што слушнав и ги изнакажав.Вели значи ти нас не прислушкуван викам се се слуша на скали треба потивко да ме оговарате.Па веднаш почна да вели веќе не сакам јадење ти да ни правиш на нас не сакам тука доле да ми слегуваш кога ќе дојде син ми ќе кажам и пред него викам слободно.Ццц каква жена упорно тврди не е точно
Уште поубаво што ти кажала не сакам повеќе јадење да ни правиш полесно за тебе, браво што си им кажала дека те озборувале ич да не се замараш.Држи се до твојата страна и никако не попуштај они намерно сега ќе зборот дека не било така, само на дистанца биди многу полесно ќе ти биде, секако тука сте во иста куќа не можеш скроз да ги избегнеш ама строго официјално добро утро добар ден чао пријатно
Ова со ќе те кажам на син ми е врв. Ако имаш подршка од маж ти, нека не ти чуе за ништо кој што кажал. Јас сум најсреќна дека од мм имам подршка за се, а за друго си свиркам.
Имам поддршка фала богу злато човек е тој на сето ова вели не се замарај штом така сака качи се горе и терај си не сака тој караници оваа недела си доаѓа од пат.
Имам негде на форумов пишано и јас нешто слично од поодамна. Какви и да се како свекрва и свекор, и да биле супер и да биле со триста маани, сепак на мажот биле родители, на децата баба и дедо. Постоеле во нивниот живот, ги имало. Сите се жалат од старите ама кога ги нема ги бараат. И да не ги бараат децата, внуците ги бараат и им недостигаат.
Јас тргнувам од себеси, порасната сум со дедо и баба, моите работеле по цели денови..Знам колкава помош имале моите од нив и поради тоа и јас би сакала , но дечко ми нема родители, така да веројатно моите ќе бидат од помош, плус и комшии сме си..
Ама, погрешно е да се очекува помош од дедото и бабата. Секој е должен само за своите деца, не за внуците. Стареат, стари се.Треба да се остават на раат да си уживаат во животот. Дадилки и градинки не постојат за џабе. И онака ваквото наметнување во повеќето фамилии ја руши и онаа мала хармонија што ја има.
Ама претходно пишав, самите баба ми и дедо ми барале да ме чуваат да не одам во градинка, бидејќи не сум сакала..самите излегле во пресрет, и јас би сакала мое дете некогаш да го причуваат..
Да, во право си. Исто мислам. Само да појаснам, за она јас што пишав, не мислев од аспект на чувањето и обврските. Се работи за присуството нивно во нашите животи. Кога се починати немаш со кого да споделиш ни убаво ни мака. Кога ти се случуваат битни моменти, ти недостигаат да ги споделиш со нив. Кога има проблеми има надеж дека ќе се решат. Кога станува збор за смрт, тука веќе се е конечно
Па затоа и пишав некогаш, сепак во мојот случај ќе имаат само едни баба и дедо, моите.. Саботи , недели , празници делници.. има доста работи и доста моменти што ќе ги поминете заедно, а сега се повеќе во градинки ги носат децата, што е во ред и не сум против тоа
Токму од ваква причина дека децата ги бараат и сакала јас или не тие се присутни во битните моменти на нашиот живот ги трпам и прогледувам низ прсти на многуте глупости на свекрва ми.
Токсичен човек не му е потребен на дете, да ми извинете. Да ја вреѓа на пример мајка му, кое дете ќе ја сака таа баба?
Се согласувам дека токсичен човек не му треба на никој во близина. Во нашиот случај нема вреѓање , но постои нетрпеливост која се чувствува. Јас немам начин да ги прекинам сите контакти и да не се гледаме со нив воопшто.
Во врска со гледањето на баба/дедо. Живеевме во иста куќа. На прсти се брои колку пати ме причувале. Не се сеќавам дали воопшто некогаш ме однеле во парк, за одмор или слаткарница или шопинг да не пишувам. И не бевме поделени, па да сме на различен спрат. Или да речам мајка ми не ме оставала со нив. Тука, сите на куп и без обрнување внимание на внуците. Од сам старт се знаеше кои двајца се омилени внуци, а другите небитни. Сега кога ги нема, дали ми фалат?! Пак и НЕ. Немав никаква блискост, така да секогаш беа како случајно присутни во мојот живот. Е другите баба и дедо комплетна спротивност. Во друг град, се гледавме ретко ама квалитетно поминати моменти. И, да, дедо ми го нема и ми фали. Баба ми на 80+ не можи да го дочека моментот да стани прабаба.
Ама ок, некој погоре пиша "какви и да се" требало ради децата бла бла. Не е така воопшто. Пред се, самопочит жени треба, а не ради мажето ради детето ќути и итрпи и нека те прават будала. Еве конкретен пример сум јас. На татко ми мајка беше токсична жена. Иако не живееа заедно, и правеше глупости на мајка ми, ја навредуваше. Никогаш директно, никогаш пред мене ама децата знаат се. Не ја сакав, не ми фали. Не ми фалела ниту минутка. Мајка ми е мирна жена, ради поштовање према татко ми и ете да не ме одвојува ќутела. Не ми направила никаква услуга освен што ме нервира што ќутела ко мутава пловка.
И оваа е токсична жена . Точно е дека децата разбираат и од одредена возраат и без да им се каже знаат што се сучува. Тоа го гледам и во мојот пример. Муабетот ми е дека во некои случаи едноставно нема начин да ги прекинеш сите контакти. Да е некоја друга роднина или комшика па едноставно не зборувам со неа не постои за мене и готово. Овака не е воопшто лесно и едноставно. И не им судете веднаш на жените зошто мора да се во контакт и да ,,трпат " такви свекрви.
Абе тоа е твое мислење. Не дека судам, не е моја работа тоа, ама ако се сака, се може. Најчесто причината да не се прекине контакт е бабата да се најде да чува деца, па каква и да е.