Ист двор различна куќа. Не зависиме од неа никако. Колку и да се трудам да не ја гледам и ја игнорирам максимално пак мора да се сретнуваме. Ја се помирив дека е таква и дека мора да ја гледам. Се трудам така да живеам. Знам дека не е начин и решение. Некогаш многу се нервирам и ми се иде да си ги соберам децата и усфет да фатам. Мубетотот ми е дека не секогаш е лесно да се реши човек од вакви токсични личности.
Растена сум во заедница со баба и дедо. Тоа што мајка ми се карала со нив, ние ни го заприметувавме ни го знаевме. За нас баба и дедо беа добри луѓе, а не токсични.
Да споделам и мое искуство, да баш децата знаат и осеќаат мн работи, растевме во куќа со баба и дедо кои не чуваа додека родителите работеа, но бидејќи постојано зборуваа лошо за мајка ми јас никогаш не се поврзав со нив а исто и сестра ми, баба ми не е жива и искрено не осетив некоја празнина, никој неможе да биде побитен од родителите за едно дете. Колку и да поминуваат време со децата ако тоа не е квалитетно исполнето со позитива, или увидите дека влијаат лошо на нив, кои и да се, имате право да го лимитирате тоа време. Памтам дека мн пати плачев скриена во некој ќош, не ми беше јасно зошто некој зборува така за мајка ми.
@tanjita на кого како му се решава? искоментирав во врска со ситуацијата погоре затоа што тоа е уште почесто. Каков проблем имаш со мојот коментар?
Прво, смири страсти. Второ, го поставуваш како ново прашање, а не како одговор на некоја членка. Како сакаш да го сватам? Јас читајќи го тоа и твоето прашав . Мислев два различна проблема се, а се одвиваат пред децата. Мислам дека сум појасна.
На раб сум да полудам од свекрвиштево. На малата и правевме роденден и кога дојдовме дома почнавме да ги отвараме подароците (тука беа присутни и моите родители) и свекрвиштево коментираше позитивно за подароците, за да после одкако отидоа моите дома и останавме сами ми вика со една одвратна фаца дека не и се свиѓале поклоните, селски фустани имало (а врска нема, баш се преубави фустаните) Какво е ова однесување, луѓе ? Женава не е нормална дефинитивно.
Она е ненормална или возрасната особа што свесно донела одлука да живее со други, за неа непознати повозрасни особи?
Дааа и јас милион пати сум посакала да ја запознаам мајката на мојот дечко и премногу ми е жал за се што ќе следи во иднина дека ќе фали.
Речи и да ги земи сите шо се 'селски', да ги врати од кај се земени и да одбери 'градски'. Ако не и' ги враќаат, нека купи нови за замена.