Само и реков зошто збори така од инат ли или што е работата, и кога ме нападна , па почна да се дере како ненормална . А се мислам дека намерно кажа така затоа што имаше поголем број гости од моја страна а повеќето се од село. Мизерна жена.
Па игнорирај бар ова ме е ништо за потресување или ставање при срце. Кажи подароци се убави ти се и тоа е
Не ја менваш. Од искуство. Одбиј му на глупост - шо вика свекрва ми Не е за дали се убај или неубај подароците, туку та гарант бреца дека се 'сељаци'. И шо е та глупа навреда со тој збор? Моите се деца од село, па не му фали ништо. Јас дека градска, џам свиткав.
Па еве почна. Пред синот се прави фина. Почна да готви само за нив двајца и само синчето си го вика за ручек. Како јас да не постојам. А овој па будала оди да си руча со неа
После го прочитав тоа. Па добро нека каже да така носиме ние од село, абе колку потпаѓаш на провокации толку полошо
Ступоти му него. Климустар еден! Ако сакал мама да го рани, шо се женел? Ќе си седни ќе си руча со тебе. И не само то, туку и ќе зготви ручек! Тргајте се од таму, оти ќе се 'борите' за него до 'борење'. Мекотелче ти е тро мажот. И мојот беше таков. После 20 години, го имам 'подесено' околу 50% Размисли дали ти се чека
Се плаши од мамичка. Улогата командат кај мене не и пали. Имаше испад пред две недели кој пак го толерирав. А кога беше (Задушница или Духови) направи скандал и драми зошто синчето ја оставал сама на таков ден, а ние се спремавме да одиме на гости кај моите две -три недели не сме се виделе . Па плачење, па трескање почна да глуми дека има притисок 200 качено ...
Манипулаторка. Кажи и да олабави и да си фати свое друштво а не да се влече по вас затоа што не е пожелна. И ти боцкај ја кога е сама а после плачи како таа е виновна. Нека види како е. Не се научија веќе тие свекрвишта каде им е местото. А за фустаните си требала да и кажеш дека земајќи го во предвид нејзиниот вкус, коментарите се излишни и дека нејзиното време да си ги дотерува децата поминало а ти твоето ќе го облекуваш како ти сакаш. И кога ќе имаш шанса намести ги некако на средба со бившиот сопруг и новата жена, нека пукне.
Абе те читам и не ми се верува,абе мавни ја на игнор,она знае дека тебе ти смета,и затоа ви праи проблеми, мажот ти е под влијание на сооциопатот од мајка,они така и ги воспитуваат од мали на послушност и чувство на вина. Мој совет да бидеш мудра, да ја игнорираш, ако те пецне да и се насмееш, и да ја одминеш, а со сопругот дипломатија ,ако речи му греота е мајка ти касни со нејзе, зашто жената сама да си ручува,со убав тон на глас, и збуни ги. А кога таа нема да очекува напад,таму кај што е Танка пецни ја кога сте сами. И чекај, кога она ке почне да те напаѓа дали сопругот ке те брани.
Дали би и лепнале во фаца на "свекрвата" дека ги дели внучињата? Знаете веќе дека се разделивме, ама го носам детето, го гледаат и тој и неговите. Бабата за роденден не му купи ништо, немала пари. Претходно еднаш ми рече за бебето од ќерка ѝ дека купила еден комплет, оти тој и ќерка ѝ се жалеле како за нивните не купувс ништо, а за од другиот син детето сѐ купувала. Ми рече ќе му купела гофи, нема врска, видов не купува јас секако си купив, нема сигурно од никого да чекам. Денес пак бевме, зема да ми покажува шо сѐ му купила на внучето од ќерка ѝ што треба да се роди. Не ти вакви, онакви комплети, бодиња, алишта еден куп. Искрено ми падна криво. Не за алиштата, не за парите, туку што со тоа си покажува дека моето ѝ е на последно место, дека на другите внучиња има време да помисли и има пари да им купи, за моето нема. Ништо не ѝ реков неа секако.
Те разбирам како ти е пружиму ја на детето твојата лубов да не осети дека е помалце сакано не можам да ги разберам таквите особи што ги делат внучиња деца со тоа си го повредува синот не тебе ако не му беше ти мајка на тоа дете ке беше друга ... Пиши ми лп
Не што ке и лепнам у фаца туку и ке престанам да го носам и бебето ти твоите ги погазуваш а овие ги величаш иако најголемиот нож ти го забодија ја незнам што друго и очекуваш од нив
Секогаш ќе вратат некај некои внуци посебно сеа кога сте разделени а тоа ако не го носеш кај неа валда нема да ја погоди посебно бидејќи ако го сакала ќе му е купувала нешто
Не. Никогаш не би кажала во фаца дека дело внуци, не е мое јас да и кажам. Мм ако си примети нека си реагира. Мене ми е битно да го сакаат. Малку размисли дали воопшто сакаат да одиш тами, можеби само се прави пред синот фина, а всушност не го сака детето. Секако јас не би го носела после ова, нека дојде таткото кај тебе да поигра со детето.
Не. Не ми е гајле, нека им е на совест ним што ќе прават. Битно ми е јас да му овозможам или утре ако имам друго дете, да имаат се еднакво.
Го носам постојано. Брат му го нема донесено детето никако. Повеќе моето го гледаат отколку што тоа го имаат вкупно видено, а малку поголемко е. Само за роденденот на моето го донесе (со молење, и тоа оваа на моето му вика извини бабе не сум уште земала плата, додека од џебот вади на другото да му даде пари... @Milkiway постојано нѐ канат, ја по моја желба не го носам никогаш. А кај нас не може.
@nevermet18 Ако другото однесување и е ок, тогаш не би требало да се замараш. Може а и најверојатно таа така прави за да те „повреди“ тебе. Така да, ако и го кажеш само ќе и потврдиш дека успеала во намерата. Како и да е, детето ќе потпорасне и ќе може само да ја увиди „неправдата“ па тогаш може нема сам да сака да ја посетува. А до тогаш мора малку да се стрпиш и да се преправаш дека не ти е гајле.