Да ти кажам размислував што да ти одговорам. И сум на два ума. Сепак би рекла повеќе да не им го носиш.
Ни на игнор ни на ништо, туку ја мавнав од животов мој. Си заминавме , не се трпеше веќе. Ваков мир и спокој одамна немам почуствувано. Свекрвиштево мислеше дека зависам од неа што ми го чува детето додека одам на работа и што немам каде да одам и дека ќе морам да ја трпам и да и премолчувам ама ја оставив со отворена уста. Среќата е на моја страна , не можам да ви опишам колку сум среќна и детенцето си го запишав во градинка. Девојки немојте ништо да трпите во животот, за се се наоѓа решение
Извини ама она како намерно да ти прави вака,ем збори како нема пари ем се фали се што купила.Ич да не ја рецкаш ни под разно што сака нека прави
Извини пак јас ќе се надоврзам, за следен пат кога ќе има кога ќе почне да се фали што купила ти одма ќе се надоврзеш, другарка ми Станака вчера се вратила од пат абе што се не му купила на моето дете и ќе објаснуваш на долго и на широко вакво комплетче таква играчка и ќе додадеш какви луѓе има златни од мерка му купувала ич да не се замараш чим она почнала да изводи ти претерај.Јас на пример да немам нема да дадам на никој или по едно чоколадо симболично, а нека вака да се занесувам.Очигледно е дека нема работа жената и си бара рчки а ти нервно ќе попушташ
Тебе те иам читано..ти си добра особа Знаеш каки си свекрва ти, не знам сега точно каква си, ама пробај цинично да ѝ го пуштиш следен пат кога ќе рече дека ЌЕ му купи нешто.Речи ѝ онака со смеење ама позлобно ,,добро знам дека си ги делиш внуците, ама престани со тоа ЌЕ купам, ќе купам, не треба”. И продужи си со тоа што праиш. После тоа ако не ѝ текне ќе се бара друго чаре.
Највеќе ми се допадна овој одговор искрено. Има да го пробам ова. (секако таа е реалноста, другарки, комшики, кај и да отидат обавезно нешто ситно му купуваат) Ама нешто не верувам дека ќе ѝ падне незгодно.
Ја него сѐ му лепнав. И му кажав ако нареден пат случајно има нешто купено ќе знам дека си ѝ кажал и дека не е од љубов купено, туку колку да се извади од ситуацијата и нема ни да го земам, ќе ѝ речам да го даде на другото внуче.
Со дечко ми сме 13 години некаде заедно. Не знам, не бројам веќе . И ајде нели како што е редот стигнавме до женачки/мажачки. Свекрва ми, да ја спомнам еве, е крајно заостанато женче, од типот што ќе кажат комшиите. Значи што и да се направи, најбитно е никој да не не' стави у уста. Мора ќеифот на народот да се тера. Нејсе, нит живееме во заедница, нит пак ќе живееме. Се гледаме еднаш у месецот на некој ручек и то е то. Јас уствари проблем со мајка ми имам. Од сега натаму, според неа јас кај нив дома само на гости смеам да идам. У превод, ќути, трпи, враќање дома ЈОК! Според неа, здравје за внуци, бабата што е у куќата (свекрвата) е поголема баба. Таа е поголема баба, за купување поклони за внуци, за помош околу деца, за низ куќа ако треба нешто итн итн. Да напоменам, не се проблем финансии. Не сум од лошо ситуирано семејство, така да не знам како да ги сфатам овие коментари. И ај сега, како да се објаснуваме, како да постапуваме. Исто битен момент е кај што имам помала сестра, така да немам золви, браќа, не делам спратови, соби, па да сметам на некој.
Кога ќе дојде време да имате дете и кога ќе пукаат од среќа , заврти се и кажи си сама ќе чувам. Не ме разбирај лошо, ама во 21 век уште да некој вака рамислува, седи, ќути , трпи …епа неможам. Па каде ти би се наслонила за помош НЕ дај боже ако имаш проблеми? Кај комшиите ли? Зарем ако маж те тепа и малтретира треба да седиш?
Па тогаш мајка ти не е ништо поразлична од свекрва ти. И таа живее за народот, за тоа што ќе речат комшиите. Жално, во денешно време уште има народ што не излегол од турско ропство. И пази, овој муабет може да го каже и пред идниот зет, па ќе немаш образ пред него за ништо. Работата, што сакам ќе ти правам (ќе те малтретирам физички и психички) од овде мрдање нема. Извини, не е твоја вина ама се изнервирав од муабетот. Да ја седнеш на мајка ти и да и кажеш вакви муабети да не зборува, посебно не пред други.
Ова истото е објаснето. Значи не смее ветер у грб на зет да дава. Не било тоа за народот, туку као демек, не смеело на секоја кавга, дома да си идам. Ме поддучувала она, дека ќе сме си биле сега посебно семејство и требало со сите сили да се борам да си го одржам. А пази 13 години сме заедно, еднаш дома се немам пожалено, не сум ни имала потреба. Плус, многу сум независна, никаква обврска спрема мене немаат. Таа знае дека попрво би идела под кирија, отколку дома да се враќам, и пак овие муабети. Повеќе ми личи како да бега од идни одговорности околу внуци или што ти ја знам. Така да, изгледа најдобро, дистанца и у ништо уклучување.
Мајка ти ептен по старо тера, кај неа веројатно така било, па мисли дека така е правилно. Не знам како би постапила на твое место ама да не лажам, би ми било криво ваков муабет да ми направи. Јас можеби би пробала со муабет, да и кажам дека ми сметаат такви коментари, дека се сменети работите. А дека на прво место, нема простор за такви муабети зошто можам сама да се справам со се што би можело да се случи, без да сум товар некому. Сепак мислам дека сама ќе те бара по некое време.
И да се расправаш, џабе ќе е. Таа си го има тоа мислење, во превод, и таа живее што ќе кажат комшиите. Твоето што можеш да го направиш, ко и секоја од нас реално, работа и твои финансии независни од никого, па за не дај боже ситуации во иднина. Јас друго не би пробувала да опраам, пошто џабе трошење енергија.
Жално е што кај нас никој не почитува туѓи граници, да и во заедница да си, треба да имаат почит спрема поставените граници, а не да се мешаат, со ручеци со се нешто. И на крај они помагаат а никој помош им нема побарано. Не постои нормална особа што би мразела свекрва што од почеток се поставила со респект а не како што во суштина се , позади тоа помагање кое никој не им го побарал си земаат за право и во кревет да ви се пикнат. И не е толку проблем и во нив туку нивните продолжетоци т.н синови, кои се преглупи да стават граница и да ги постават нештата правилно.
Знам дека решението е заклучена врата и го практикувам. Ама некогаш кога излегуваме накратко се случило да не заклучам. Испаѓа дека барем во пола од случаите свеки се претерала низ спална. Мене сеуште не ми е јасно што бара некој во нечија спална соба.
Па и ме накажала на мм, дека сум ја прашала што бара в спална ко ќе не сме тука. Му пошла со плачење.
Не. Себична е. Најмалку ја гајле кој што ќе каже. Како бе, свадба не морало да се прави, веридба не требало да се прави?! (ми одговара секако), меѓутоа, тоа е резултат на тоа дека не сака да се замара. Чудна психологија си носи жената. Како и да е, не сум у план да си трошам нерви. Фала богу, работам, заработувам па не ми треба нивна помош. Е сега и морална и никаква нема, ама тоа е. Прифаќаш,продужуваш со живот и у најмала рака се трудиш да не воспитуваш сопствени деца така.