Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Морам да кажам дека јас немам никакви проблеми со мојата свекрва,гледајќи на тоа да сме две години во брак,од која пола официјално. Ја сакам,ја поштувам, а и таа мене. Не прави никаква разлика помеѓу мене и нејзината ќерка,ме разбира и до крај ме ислушува,а кога не сум во право,знае на таков начин да ми каже,каде никако нема да ме повреди,ја обожавам...
     
  2. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Хелло :hai:
    Малку покасно се приклучувам на темава ама ако :)
    Како прво да ви кажам дека не сум мажена ама многу често разговарам со мама на оваа тема а и одам во куќата на дечко ми и знаам да си поправам муабет со неговата мама :)
    На почетокот на врската наша мислам дека жената си беше 5ка, ама некако во последно време се менува-на полошо :^) Порано имам слушано дека ме фалела по другарки, соседи и сл. и дури и дома велев “леле мамо, мајка му едноставно многу е добра бе“ и мама вика “убаво е тоа и треба да си имаш убав однос со неа зашто од кај знаеш, утре други ден може ќе треба под ист покрив да живеете :^)
    Се добро кога една вечер беше многу ладно и не излеговме и он си лежел и мама му влегла и му рекла “ајде викни си ја девојка ти нека те затопли не е малку мала “ (во смисла дека имам некое килце повеќе :$ ама не ми гајле кога знам дека на дечко ми не му пречи).Леле кога слушнав косата ми се крена :devil: И после тоа и други некои работи си слушнав и некако почнав да не ја сакам. Којзнае што се не зборува ама што да правам. Гледам да ја одбегнувам колку можам и подобро е така. Оние кафиња што беа со неа и муабети малку ќе се подзаборават. :)
     
  3. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    И јас не сум мажена ама ми се допаѓаат неговите родители и тоа многу. Досега никако не ме увредиле, не се мешаат во ништо,даваат совети но не се нападни, постојано ме фалат каде стигнат и така.
    За во иднина се надевам дека ке си останат исти ( пу пу, да не пререкнам :lol: ) а ако нешто се смени тогаш ке му ја мислам а не пред време да се оптеретувам.
    За живеење не се знае, но постои шанса да живееме во иста куќа, но одделно, со посебни влезови, на различни катови и тоа не ми звучи лошо. Сепак, јас повеќе би сакала во стан да живеам, но ке видиме.
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Ни свекрвата може да ја сака снаата нити снаата може да си ја сака свекрвата!Нема така наречена љубов меѓу нив.Може да постои само почитување, но и тоа денес е ретко. :!: :?:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Се работи за мој братучед од тетка .По неговата неуспешна врска тој си има нова девојка во која е лудо вљубен и мисли на брак ,бар така се изјасни кога еднаш разговарав со него.Девојката од мене ги доби симпатиите и ми го освои срцето со нејзината скромнос и интелегентност,и избор на зборови кои ја прават нешто што не го гледав кај бившата ...но тоа и не мој проблем. Сакам да кажам последно што ми падна во очи беше сликата од бившата истакната од страна на мојата тетка на видно место во присуство на сегашната .Во тој момент бев таму и ми се дигна косата на главата и заминав многу нанервирана од нивниот дом неможејки да и кажам ниту збор на тетка ми . Сигурно мојата реакција ја забележала и сегашната Се вика Гордана и наредниот ден беше кај мене нараабота и ми се исповеда дека мојата тетка тоа го прави само кога таа ќе се најавела дека ќе оди кај нив а кога е дојдена не најавена сликата ја нема .Исто така девојката приметила дека мојата тетка има посебен однос со мене и дека моите зборови и те како можат да влиаат врз неа па побара помош за разрешување на проблемот .Па така наредниот ден јас се најдов кај неа .Ја прашувам тетко зашто и правиш така на девијката со сликата од Ане .Ми вели ..насрце ми е ќерко ..е тетко на твоето срце е таа на срцето од твојот син е оваа ..ако сакаш да го задржиш синот и снаата сама ќе ја тргнеш таа слика и размисли малку што правиш и неколку други работи кои не можам да ги изнесанм што и ги реков вродиле плод на успешно разрешување .После два дена ми се јави и ми вели Ивана ќерко при очи слепа бев ја нема исто како никогаш и да не била зар да си го нервирам детето ај тие нека живат па и јас со нив .И покрај тоа што се реши проблемот сепак мислам дека свекрвите се една голема мистерија и кога ве слушам мојата супер е..не сакам да зборам времето ќе покаже дали е супер или не.Навидум и во заедница не е исто запамтете .Мајка и ќерка ќе си замерат а не снаа и свекрва. Извинете забегав малку јас со моето излагање но и ова е дел од настан.
     
  6. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    125
    многу нормално дека никој повеќе не може да не сака од мајката никој повеќе не може да се грижи за нас од мајка а за свекрвите може само да не почитуваат како жена ни нивниот син или ние да ги почитуваме како мајки на нашиот маж
     
  7. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170

    знаете зошто си мислам дека мн ме сакаат..бидејќи мајка ми имала мн проблеми со бабами те.свекрвата..безброј кавги ,едноставно дошле до оставање со татко ми..во иста куќа со свекрва живеела 5 години,и после татко ми изградил куќа и се преселиле и така бракот му дошол во нормала.Ова го напишав затоа што мојава идна свекрва го знае сето ова,и јас на дечко ми му го викав истото,дека само мајка ми може да ме сака најмногу никој друг.А тие ми велат дека мн ме сакаат..и внимаваат како се однесуваат со мене бидејќи не сакаат да ми биде исто како што и било на мојата мајка..и јас од истава причина имав и страв и во никој случај не сакав да живеам со свекрва,но сега еве полека си го сменувам мислењето.
    А пак ако ми прај лице и да не ме сака јас убо знам да се бранам и нема да бидам наивна како мајка ми што била на времето... :lol:
     
  8. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Така е срцулка, а не пред време да се замараме и оптеретуваме за нешто што незнаеме како ке биде ;)
     
  9. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Mnogu e interesna ovaa tema za svekrvata i snaata jas ovaa tema ja analiziram uste od 15 na vozrast sega vo momentov koga vi pisuvam se potresuvam no mnogu e bolna i poucna vistinata.Jas imam napisano aftobiografija. Pozdrav. Polena.
     
  10. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Е денеска идната свекрва ме изнервира многу и не сакам да а смислам повеќе . Ми оди на нерви жити се . Ама идниот свекор па си го сакам повеќе па што :angel:
     
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Извини ама ти имаш САМО 15 год како можеш да мислиш на свекор и свекрва
    Поздрав
     
  12. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Па и јас имам право да си го пуштам мозокот на пасење и да си фантазирам , Зар не? Не дека ќе биди тој (може и ќе биди) ама сите си фантазираме како ќе биде што ќе биде. Поздрав :hai:
     
  13. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Божеее....имам синче од 4 месеци...што ли ќе пишува снаами по форуми :D

    Сега велам дека ќе имам добар однос, ама не знам до тогаш...зависи од многу фактори, климакс, старост, ехехееее....

    Немам свекрва, и не можам да коментирам на темава...
     
  14. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Мое мислење за односот свекрва-снаа е дека никој не е крив. И неа и е наметнато да си и блиска од вчера, како и таа тебе. Моја теорија е дека кога со мајка ми не сум се сложувала во се, и кога со неа сум се карала во просек по еднаш во ден (имајќи предвид дека јас сум на некој начин нејзина копија) тогаш кој е тој плиток памет кој ќе помисли дека со жената која сум ја запознала на 25 години ќе се сложувам во се. Тоа е невозможно, но мора да се разговара за се отворено. Без да си ги замараме мажите за секоја ситница, самите да си ги решаваме проблемите, колку што е можно повеќе. Мојата свекрва обично го начекувала мажот ми на само да се пожали или да побара нешто, ама кога тој ќе ми каже, јас одам на разговор со неа. Ретко кога го ставам меѓу два огна, греота е да барам од него да се кара со мајка му за женски проблеми. Не сакам ни тој со мајка ми да се расправа на тој начин, па избегнувам и јас да го правам тоа. Само смирено, и со мнооогу толеранција се се решава.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. divine

    divine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    28
    Lеле и мене некогаш мен нервира мајка му на децко ми иако ја почитувам а и она мене ама со некои муабети леле , ме полудува , нешто као за викање мамо и тато и јас викам ке ве викам така 9 значи почна од општ муабет) и она на мене абе немораш ако несакаш јас сепак не сум те родила и бла бла , и се заврши на тоа , кога утрето седела со комшиката и праеле муабет како некоја си жена анаата ја викала по име и оваа мојава рекла , е како ке ја вика ако не мамо па тое е навреда доволно е што мажот и го родила за да ја почитува и вика мамо , ова ми го кажа децко ми , леле полудев ,мразам коа едно зборува пред мене а друго позади грб , ама што да правам :worried: :worried: :worried:
     
  16. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Леле ова со мама и тато многу ме нервира...Свекрва ми, Бог да ја прости, никогаш не го побара тоа од мене. А и да го побараше, немаше да го добие...нели, ќе и објаснев на фин начин.

    Ретко некоја девојка од срце да го изговори зборот мамо, па колку примери има кога снаата од срам никако не им се обраќа на свекрвата и свекорот, туку чекада им се сретнат погледите па да ги праша тоа што помислила....Зошто да се ставаат снаите во ваква неприродна и непријатна ситуација? И зошто треба да се викат мама и тато? Па тогаш сопругот треба да го викаме бато :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Jас само сакав да ја доведиш до незгодна ситуација во која таа ќе ти се правда, ќе бара излез затоа што факт е дека свесно направила нешто што не треба. А ти само уживај во тој момент на победа. Ако изгледаш повредено и фино- таа ќе нема оружје против тебе, секако победуваш во оваа мала ситуација. А и дечкото не го ставаш во незгодна ситуација помеѓу вас две. Само мислев дека советот да ја смениш сликата ( не знам кој го напиша тоа) ќе и даде можност да му се жали на дечко ти како си наметлива и некултурна, а на овај начин ќе ја разоружаш скроз.

    Се најдобро и само напред. Супер си си ти!
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Лелее се накострешив од нервоза ради твојот случај :x Незнам, ама најверојатно мене да ми се случело тоа што ти се случило тебе ќе сум ја акнела и рамката со сликата од земја пред неа. Се познавам колку сум избувлива и баш додека го читав твојов случај си замислив што кога мене би ми се случел :x
    Дефинитивно ќе ја земам рамката со сликата и пред нозе ќе и ја акнам. Ќе и речам ако си ја сака да си ја земе да си живее со неа!!!
    За иднава свекрва незнам што да кажам. Не сум ич блиска а со син и сум скоро 9 месеци. На неколку пати се имаме сретнато и само Здраво сме си рекле. Доволно е. Такви секојдневни лицемерни кафиња несакам. Па ласкања и незнам што. Не ми треба она да ме сака, доста е почитта од син и. Многу сум мирна и поради тоа што знам дека дечко ми многу многу и не ја ферма неа. Не е мамино галениче (фала Богу). Затоа мислам дека нема да имам проблем барем не со него ради подбуцнувањата од свекрвата. За другото не ме интересира. Колку и да меле она во иднина јас знам он на чија страна ќе застане.
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.132
    Допаѓања:
    36.368
    Пол:
    Женски
    Ако снаата свекорот и свекрвата ги нарекува тато и мамо, не значи дека со тоа ќе ги замени своите родители. Сепак, секој има право на свое мислење. Свекорот и свекрвата се уште ги немам запознаено, ама не би ми пречело да ги нарекувам тато и мамо. Ако ме сакаат и почитуваат ќе ги нарекувам така, инаку не.
     
  20. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Offspring, така само ќе се искараш! Тоа не би ти користело многу. Вежбај си ја трпеливоста, играј тактички, за се во животот, не само за свекрвата. Со избувливоста ништо не добиваш, само кавги и нервози. Тактичноста и остроумноста можат да ти пружат мнооогу сатисфакции. Изброј до десет, наброј си неколку начини за решение на некој проблем. Замисли си ја ситуацијата, твојата постапка, па каков чекор би бил преземен од другата страна, па што на тоа ти би одговорила... Тоа се вика стратегија, и остроумните секогаш прават стратегии, и многу почесто се победници од избувливите.

    Да се избувне е секогаш лесно, кој не може да избувне, секој! Мислиш после тоа ќе ти следува аплауз??? Неее! Што има тука тешко, тоа не те прави нешто посебна и поинтелигентна. За караници е лесно, треба само двајца избувливи и мал проблем. За да се одржат врските треба остроумност, а тоа е на цена.

    Сепак таа е мајка на твојот маж, и грев е да го одвојуваш со некоја смешна ситуација. Замисли да е обратно, да се работи за мајка ти. Нели ќе ти биде жал за неа! Размисли! Постои сепак една мала веројатност да сум во право!