Ама некад кога ќе пишете избор е или не мораат...добро да, јасно е дека никој ништо не мора ама некогаш е во ред и да си културен и да имаш малку осет. Ако не сте скарани и правиш некаква веселба се подразбира дека ќе викнеш и едни и други. Може они приватно да се дружат повеќе со едните сватови, да си одат на ручеци, вечери, ама да правиш роденден(што се прави еднаш годишно) и сега без причина едни да викнеш а други не - е малку глупаво.
Ама роденден не е иста прослава како што е мекици пример, зошто крштевка, мекици и сл. се прослави за вас како нивни деца и како нивно внуче, роденден и празници се прослави за луѓе кои ги сметаш за блиски, ако таа не ги смета за блиски не осеќа потреба да ги вика. Друго решение нема, или прашај директно зошто не се покнети ако толку ти е на мисла или не оди, ама според мене да се скараш со маж ти оти не го викнала мајка му твоите е банално, нему може не му ни има текнато на тоа. Маани таму и не си барај проблеми кај што нема. Не ги викнла голема работа, уживај си ќе видиш подобро е да не се собираат за сенешто оти може еден ден на глава да ти излезе со некои муабети и договори. Фамилија сте ти и сопругот, доволно е да се почитуваат останатите од твоја и од негова страна, а почит меѓу сватови е пожелна ама не е битен фактор за среќен брак.
Овде е проблем што едните сватови се викнати. Зошто другите не? Помалку битни или не се достојни? Јас би се навредила моите да не се поканети, а од друга страна да се. Ме израснале и нивно неканење е непочит спрема мене на прво место. Секако нема на форум да се жалам ама би се навредила и би вратила со друга мера.
@Ivancula123 Единствено што ми паѓа на памет дека можи другите сватови ги канат свекрвата и свекорот за различни поводи, без разлика дали е роденден или нешто друго, односно повеќе иницираат средби од твоите, па затоа и нив само ги канат. Како и да е требало да размисли дека со тоа би те навредиле тебе и мт. И мене не би ми било сеедно во таа ситуација и баш би ме интересирало зошто се канат едните, а другите не. Хмм... јас сигурно мм би го пратила да испита . Па сите пишуваат кој сака ќе покани, точно, го знаеме тоа, но работата е зошто едните ги кани, а другите не. Исто и тоа што овие не биле на нивни роденден, кој патем не се одбележува, ми нема значење, па да е тоа едиствена причина. Да славеле, а да не биле поканети да, ама не и вака. Па не се деца мали да гледаат на чиј роденден биле па да се поканат истите. Еве и јас не чекам роденден, а одам ако ме повикаат и ме канат. Се подразбира тоа дека не сите возрасни одбележуваат родендени, таман работа на овие години да ми замери некој, па тоа да е причината за да не ме кани на настани кои сака да ги одбележи.
@Ivancula123 одлучи дали ќе одиш или не, и не му ја мисли многу. Не е толку за роденденот колку за лапачката и почитот, ам или иди или не иди и не троши мозочни клетки за глупости.
Од кај знаеме ние тука дали со другите сватови повеќе си живеат? За глупости се фаќате. Ако се сватови не се најдобри другари наеднаш па да се канат за се.
Да де, исто така кога свекрвати ќе ти побара на свадба да викнеш некој од 126/то колено оти биле на свадба на јатрвати, ти ќе ги викнеш, така? Иначе, не го почитуваш маж ти
Исто е, само вие не разбирате. Секој има право на сопствена прослава да кани кого сака. Се останато е мешање во истото. И не ми се верува за каков глуп „проблем„ се изнапишаа страници
Има настани на кои се канат одредени луѓе од почит. Роденден слава и сл. И да не се дружиш, од почит ке ги викнеш. Утре кога нема да има намена, може да си се дружат. Јас да отидам така, едните викнати, а моите родители не, ке заврши секаков муабет и почит од моја страна.
Ако е глуп проблемот можеш да го одминеш. Очигледно не ти е глуп штом си закачена на темава и коментираш.
Ок, ај нека ви биде Исправајте криви дрини, наредувајте кој кого да кани на сопствени прослави, што да ви кажам. Мене тоа ми е ем некултурно, ем простачки
Тупаџија човече. Шо толку напаѓаш? Излегува дека човек не смее да пише веќе одма вака ликчиња најпаметни за све што ќе пишеш контра ќе ти скокнат итоа упорно.
@Ivancula123 Те разбирам комплетно. Иако ти изгледа сега дека некои членки те напаѓаат или имаат многу пошироки сфаќања и не се замараат со вакви работи, сигурна сум дека да им се деси нешто слично како ова нив и тие ќе искоментираат. Ама стално „проблемот“ од другите ни е смешен и незначаен Фала Богу дека свекрва ти ќе си кани кој сака, ама не е сеедно кога се работи за ваква ситуација, бидејќи изгледа како да се прави поделба меѓу страните. Искрено да ти кажам, многу подобро ти е да не се имаат твоите и родителите од маж ти за вакви работи. Чисто формален однос е доволен. Ако сакаат свекор ти и свекрва ти да си се дружат со родителите на зетот, мирна глава за тебе- верувај. Нека си се собираат за што сакаат, седи си на страна и биди среќна што не ти е наложено твоите морално да бидат присутни на се. Што по на страна, тоа подобро за сите. Кај нас се знае како е, свекорите на ќерката мора да се тинтарат повеќе во 90% од случаевите и јасно ни е на сите како ден тоа, де Моите родители не беа поканети на свадбата на золва ми, нити за првиот роденден и крштевката на нивното дете. Можда па вака треба, стварно не знам. Кај нас во фамилија секогаш се канеле сите, дури кај золвата на тетка ми на свадба бевме канети и ние. На свадбите од стрико ми и тетките беа канети родителите на мајка ми, како и родителите на татко ми во обратен случај. Лично мене раат ми е глава- нема потреба од такви покани за моите сега, а и не ни сакам да се дружат воопшто, верувај подобро ти е така. Утре и јас да имам некој себап нема да ги канам свекорите на золва ми, па ако сака и таа нека не доаѓа слободно, баш ми е гајле. Гледај си со маж ти да ти е погодено, друго се- златен игнор
Кои се тие настани? По оваа логика на секој настан треба да ги каниш од почит. Тие се настаните, роденден, слава, именден... нема други поважни настани во годината. На именден и на слава кај што се вика поширок круг на луѓе ајде да разберам да се налути, ама на роденден?
А мори чупе Не се нервирај... така 'дебатираат'. Не се секирај и меѓу нив ќе се искарат и извреѓаат. Имаш право да се лутиш! Никој не смее да ти каже што те тревожи, а што не. ...оти не ти е во душата. Тури му куро и на свекрва ти и на муабетите овде и на се'
Да, тие се настани. Надвор од тоа, се дружиш со луѓе приватно. Така може да каниш кого сакаш. Нема лутење, дружба приватна. Ама вака е непочит.