Сосема легитимно е да се осеќаш навредено. Остајте вие тука право на канење и мешање баби и жаби со свадби. На такви фамилијарни собиранки ќе ги викнеш сите или никој. Мајка ми и свекрва ми два реда муабет немат, никаква блискост, па се немат изоставено за такви фамилијарни дешавки. Тоа е ствар на почит.
Точно. Пак ќе спомнам за нашата свадба, некој праша дали сум ги поканила сватовите (свекорот и свекрвата на сестра ми). Викам не. Ами требало, редот ги носел да се присутни. Во ред, ама ако станува збор за поголема веселба. Ама кога веќе правам со најблиските, а искрено не сум толку блиска со нив (може има влијание тоа што кратко го знам) зошто би ги поканила?
Пак ќе речам живеете во нивни ќуки, а се правите газда, поставувате правила. Способен човек ќе се исели и што сака ќе прави во свој дом. Ама способен..Не може да немате никаква почит кон некој што ви дозволил во негова куќа да живеете.
Да оставиме настрана снаата и нејзините родители ама вака децата си ги делиш, полошо од тоа нема. Јас лично лошо би се чувствувала мајка ми да ја уважува фамилијата на снаата/зетот од брат/сестра а фамилијата на мм да се игнорира.
Која е таа дискусија? И да не живеете во иста куќа треба почит да се има, ако сакате и мажите да ви ги почитуваат вашите. Па едно лице правете ако ништо друго.
Мажот ми со сопствена инвестиција го изградил делот од куќата каде живееме, способен е или не? Јас еве неспособна оти на готово кај него дојдов.
А кој те спомна? Не ни те читав, сама си се пронаоѓаш.Не ни сакам да се замарам со овакви глупи дискусии.. Со среќа нека ви е, да не одам оф топик.
А ти кај прочита дека живеат во куќата од свекрвата? И секоја тема на едно та исто ја вртите, а врска нема нештото.
Е, сеа... Форум е. Не мојш да очекуваш да пишиш нешто и да бараш да не те цитира никој. Ако неќиш да те цитираат, не пишувај на форум.
Не ме спомна, ама викаш "живеете во нивни ќуки, а се правите газда, поставувате правила. Способен човек ќе се исели и што сака ќе прави во свој дом. Ама способен..." Значи затоа прашав, пошто официјално живееме во куќа што е на туѓо име, ама мм инвестирал во нашиот дел (а богами и во нивниот) дали еве тој се рачуна за способен.
До кај ја дотеравте.Изградиле за син им ,а и за будуча снаа која како ќерка треба да се сака .Барем такви се моите сфаќања ,еве јас имам брат и кога ќе се ожени кажувам на моите а јас а таа нејќам разлики помеѓу двете.Или двете да не сакаат или ниедна .Оти ако ја сака брат ми автоматски ми е и мене мила и дел од семејството.
Абе и мене така, појќе ме сакаше од ќерка и. Ама тоа дури не почниш да си даваш одвет (во случајот да си поставиш граници за некои работи)
Да не се лажеме укажување чест е кога некоја личност те кани тебе или твои најблиски како родители на било каква прослава. Можеле да ги поканат и другиве сватови па тие ако не биле во можност да дојдат да одбијат. Тоа е културен потег и убав гест во одржувањето на добри односи помеѓу сватовиве. Ние тука не знаеме најточно каква е целосната ситуација зошто и како не се поканети и ако толку ја интересира челенкава па нека си ја праша свекрвата. Толку претпоставки и анализи вака било така било, при што секоја личност ќе си пише различно мислење и на крај цитирања и расправии до бескрај. Џабе губено време кога со едно прашање се решава се. Работете на добра комуникација со домашните, ама се што имам ќе и кажам или ќе им кажам како сакаат нека ме разберат, добро или лошо. Ако не ни оди комуникацијата игнор и раат. Плус читам заедно живееле, во дворот гледала како доаѓале родителите на јатрвата на заборавив каква прослава, епа тоа е тоа живеење во заедници на куп. Мажење и одма сите заедно, нерасчистени сметки, комуникации и односи, гледање кој што како прави води кон ова. Осамосталете се па живејте си на раат во свое, е сега раатот има цена, ама на крајот од денот сета таа слобода е бесценета.
Ne ziveeme zaedno so svekrvata tuku so deverot. So jatrvata sme mnogu bliski i zatoa znam deka bile na rodenden kaj nejzinite a ne i svekrva mi. Imame korekten odnos i so svekrvata zatoa me zacudi vakvata postapka.
Како би постапиле ако "свекрвата" на детето му рече "мрш, не те сакам"? Знам дека не требаше да го носам, ама ете се најде да се начекаме тие 5 мин (таа на излегување ние на влегување). Само што влеговме таа "дојди кај баба па дојди кај баба". А тој секогаш му требаат 10тина да се опушти во нова ситуација со повеќе луѓе, што е сосем нормално според мене. Секако дека не отиде кај неа, туку ме гушна силно и сврте глава и оваа одма "мрш, не те сакам". Во тој момент некако успеав да се исконтролирам, и само и го кажав тоа погоре дека му треба време да се опушти како и секогаш. И оваа продолжи да се вртка натаму наваму исто како да не сме тука, само пред да излезе му кажа чао и толку. Ама сега цел ден ме јаде истата мисла, дека требаше да ја изрешетам, или да ѝ изнапишам некој реферат затоа што стварно ме доболе. Во истата ситуација сум била 100 пати син ми да сака само да ме гушка па полека да се заигра, каде и да сме, и до сега никој му нема речено ништо такво. Напротив, го заигруваат полека, го запрашуваат, му нудат играчки и храна и сл. Толку незаинтересиран човек не сум видела. Исчувала и свои деца, и други внуци има (ама не сум ја видела пред нив како се однесува) , па да не знае да комуницира со дете баш ми е чудно.