Претпоставувам си го носела кај таткото на детенцето, не се нервирај, темпирај кога таа не е дома и не се замарај за секој нејзин збор
Разбирливо е да те зачуди, ама за да не останеш само на зачуденост, прашај ја. Многу лошо постапила свекрвата. Не знам какви ви се односите и дали во иднина посакуваш и планираш да имаат близок и убав однос помеѓу баба и внуче. Ако сакаш да имаат убав однос кога ќе дојдете ќе и покажеш како да го заигра, како другиве личности сами што се трудат да го опуштат и заиграат детето. Можеби и треба и неа време и да научи како, а можеби и не сака да научи. Во вториов случај не и се замарај и игнорирај ја секоја нејзина некоректна постапка и секој нејзин лош збор во иднина.
Ако не се лажам од југоисток си некаде? Ако грешам сори. Кај нас бар таква им е милоста на старите, со Мрш, со Мори, со Види ја во лицето каква е како мечка се попраила (синоним за убава жена им е дебела жена) и слично. Баба ми ги користеше овие зборови и фрази. Не е дека е во ред, ич не е, на толку убави милни зборови, ич не покажува љубов со овие груби муабети. Јас стварно не знам зошто упорно и го носиш и ја тинтариш, јас би се договарала надвор со таткото намерно.
Од самиот старт знаев дека моите родители не им се омилени. Исто нит ги канат за ништо ( освен за свадба на золвата) нит за ручек, ништо. А додека од другите сватови се секаде канети. Ама мене баш ми е гајле. Знаеш ич да не ти чуе. Еднаш пробав да им воочам дека тоа не е во ред, пошто сме башка нивна куќа, нивно славење. Е затоа пак јас си ги канам моите за секоја пригода, макар и ситно да е. Еве некни си ги викнав без ништо на ручек . А моите па ич не ми замеруваат. Ние сме таква фамилија не се замараме мн мн. Помалку главоболка. Нив не ги фермам. И она ми рече и реков моја куќа, моја славња. Ги канам роденден, слава и сл. Кој ме почитува и јас, кој не и јас не. Сега еве после 10 год. ни и пререкувам за ова ни она мене. Се си функционира нормално без кавги.
Сега ме збуни мене . Нас ни го отстапија спратот, а пак нивниот доле е од наши пари правен со маж ми . Хм, кој е сега способен и кој дом е мој или нивни? По твојава логика она живее во моја куќа, јас во нивна???
Додека не е на лист дека е ваше колку сакате уредувате. Утре може да ви речат летајте од куќата, па докажи се судски дека си средувала спрат. (не знам кај тебе како е) 1000 пати зборуваме за тоа дека не значи ако купите кревет и плочки дека е ваше.
Пак мешаш. Интересно ти стана. За способност беше муабетот и еве членката не и е јасно кој е способен кој не
На маж ми е, ама и судски можам да се докажам дека сум зела учество. Колешкава се тужи со роднина на долнит спрат за дворно место и дел од дневната соба. Па доби на суд со докази дека она 20 год се правела. Има решение за се.
Апсолутно не. Живееме во стан од свекрва ми и свекор ми. Способни сме да си купиме стан. Сега ќеш не оти имаме, ама и повеќе од способни да плаќаме кредит. Одбравме полесната варијанта за сега. Сакаме да шетаме, уживаме итд итд. без финансиски обврски. Па здравје кога ќе дојдат деца ќе инвестираме.
Поентата на муабетот ми е не да се фалам тука, туку дека не е мерило за способност кој каде живее. Сплет на околности и личен избор некогаш.
Ама не беше напишано тоа стрикно за тебе.. Знаеш колку ги има во темава што дури сакаат и да бркаат стари од на старите сопствената куќа оти купиле "кревет" ? Без мозок работа.
Убаво ти кажаа погоре, способноста на човек не се мери со тоа ти што го пиша, ама ти сакаш да извртуваш и да начнеш тема. Ако толку имаш желба ете пиши мислење посебно, без непотребно побрзување на едно со друго што врска нема, ти кажа членката на која првично и реплицираше дека не живее со нив. Ама ти си целиш кон нешто и упорна си. Смешно е како се напна. Еве и јас живеам под кров на свекор и свеки, ама нашиов спрат е на наше име, ние го направивме цел, нивните два си се на име на свекор, одкога сум јас во куќава со мм имаме повеќе вложено во целава куќа од нив двајца за 40 години и? Кој е способен овде? И не ми почнувај ама што сте вложувале, не е ваше бла бла. Дај ми одговор дали јас и мм сме способни сме според тебе или не?
Ве молам за идеи решение и искуства. Лани ја фатив свекрвата како брка во новчаникот на маж ми. Пролетта ни немаше 1200 ден Денес му беше чантата на стол и пошо беше тивко се слуша отварање на патент ,она седната до ташната на маж ми . И се вртам,ја видов и се праи мутава,иде ми вика види понуда на фб за блендер, велам добро не ми треба мене. Маж ми НЕ ми верува,се лути кога му кажам. Изнервирана,лута,разочарана сум и несреќна.
Остај на времето. Кога тогаш пак ќе посегне по новчаникот ( навика за крадење) и ќе ја фати на дело.. Џабе е да го исправаш, само проблеми ќе си создадеш. Исто имај во предвид дека може и да знае ама да се прави наудрен, да гледа преку прсти оти му е мајка.
Уште ова не го прочитав мајка да краде од син ... ццц каде отишол светот .. и јас имам проблем од член од фамилија знае да му чепне рака до сега имав 2 ситуации и сега сме се под клуч друго решение нема ..