Јас се извинувам вака што се убацувам, одамна немам коментирано само читав, ама ова ми падна во очи. Според македонскиот закон не може да си сопственик на спрат во куќа. Тој што е сопственик на земјиштето е сопственик и на објектот и обратно. Исклучок се само станбени згради. Ако не сте и вие пишани како сопственици на земјиштето проверете во катастар што се случува да не ве зафркне некој. Не го пишувам ова да се карам или нешто, само ми падна во очи пошто со тоа работам (недвижнини, катастар и слично) Едит: Уште ова заборавив. Ако сте сопственици на земјиштето сите тогаш мора да направите физичка делба за да биде баш тој спрат ваш. Се додека не направите физичка делба секој мм2 од земјиштето и објектот го делите процентуално (нпр. ако сте сопственици ти, маж ти и свекор ти, секој од вас има 1/3 од секој мм2.) Ова е важно во случај некогаш да се докажувате по судови.
Другпат или за овој пат сега речи ѝ внимавај како му зборуваш, човек е и тоа. Да не ти се повтори никогаш таков нечовечен израз. А најдобро е воопшто да не го гледа детето. Нема никаква конекција. Само за споредба. Кога мојов ме гушка пред свекорите, баба му му вели кај мама сакаш, ако баба, мама тука ти е, со неа да си. Ама свекрва ми е друг тип, твојата е скроз друг тип. Очито си има подлабоки психички моменти.
Гледај си сопругот, дете ако имаш и ич да не ти чуе. Еве и јас сум се нашла во таква ситуација, не еднаш многу пати. Ги викаат сватовоте од етрвата, моите не. Првиот пат не ми беше сеедно ама брзо ми поминува во секундата. Со нив се поблиски, блиску живеат и тоа е тоа. Можело е лице да направат ама ете такви се. И многу пати потоа на канење дури откако ќе отидевме ми велеа што не дојдоа и твоите. Како неканети ќе одат, мислам, колку да се извади од ред. Ама јас не ги ни ставам на мисла. Секако немам близина со нив па и кога одам, одам за кеиф на маж ми. Е за разлика од нив моите ги поканија на последната веселба, ама не ги поканија ради нив, туку мајка ми беше решена дека ќе ги покани само поради маж ми затоа што многу го почитува. Јас бев против, ама тоа е нивна прослава па не можев многу да одлучувам. И се што прават во врска со нив прават поради маж ми, да не биде навреден, затоа што и тој внимателно се однесува кон моите. Не се нервирај за глупости, не знам колку време си во брак ама со тек на време ќе навикнеш на овие банални работи. Колку помалку се замараш толку поубаво за тебе. Уживај и не дозволувај да те извадат од патики!
^Маж ти, за да не биде навреден твоите ги почитуваат и канат неговите, а ти ако си навредена, каде не се испочитувани твоите. Јас ни под точка разно не би одела на прославата/роденденот, доколку сум подчинета, а би била доколку не ги поканат и моите покрај другите родители!
Грешка си. И јас работам со сопственички права и сум запишувала досега сопственост и по спратови и по делови и секако, земјата може да биде и на Р.Македонија, објектот запишува права врз основ на легализација. Е после во постапката на утврдување сопственост на земјата ќе имаат нели право и едните и другите врз основ на сопственост на објектот и тоа само за земјиште под објект. Се може сега со елаборати да се уреди. Сори на оф топик.
Абе види искрено мене не ме навредува, не се блиски со моите и тоа е. А и не се замарам. Зошто да си барам проблеми каде што ги нема? Мене ми е убаво во бракот и ништо од надвор не ме допира. А зарем можам јас да им кажувам кој може дома да поканат? Освен тоа сме поблиски со моите, маж ми е близок со моите, јас не сум со неговите. Како и да е, кој како се чувствува така нека си прави, зборот ми беше да не си прават проблеми во бракот за оваа причина. Заправо и сопругот што треба да им рече да ги покани моите родители, тоа би било на сила а и едноставно не ме допира. Тие едвај еднаш годишно се видат на роденден на детето.
Ај да пишам и јас на темава.Мислев дека ми е све мед и млеко ама не било така.....кои глумци биле овие дома ,треба Оскар да им се додели.Никогаш нема да ми стане јасно како некоја снаа друга е мнооогу подобра од таа што ти е дома?И не им е јасно дека ако се караат со нас си го губат и синот и внучињата.Абе шта речи а не заплакати.И вас вашите ве оговараат и не чините или само јас не чинам?
Зависи, во повеќето случаи само на снаите хаос им станува во животот, и приморени се на опција "куфер" или цел живот во нервоза. Да не нагази човек каде што не треба..
Обично е така, тие што се подалеку помили се . Не се замарај. Најмалку контакт што можеш,т.е. само кога мораш и топ ќе ти биде.
Ама забораваат тие ко биле снаи....трпение-спасение....ќе дојдат и моите 5 минути во животов(барем се надевам дека ќе е така).
Зошто она да пие апчиња? Треба жена д има самодоверба и да биде итра за да си го олесни животот, не апчиња да пие.
Дали ме оговара, не знам ама претпоставувам сигурно како и скоро секоја друга. Има работи што ми пречат, пред мене и пред други во мое присуство прави лице дека се е совршено ама во секој случај што помалку контакти кога се има избор тоа подобро. На пример на мојата и смета доколку јас донесам од кај мајка ми ручек, или благо или што и да е, а таа кај ќерката го прави истото. Кога ќерката е тука спрема храна и праќа за минимум 2 недели, да нема потреба да готват. Доколку јас останам една, две вечери, кај моите и пречи, а ако ќерката седи тука и по недела, две не е проблем. Секако ни јас, ни многу други од нас не можеме да погодиме, така да барем јас си го терам животот како мене ми е замислено и толку. Не е дека нема нервози на тој начин ама барем и е јасно дека за ништо не зависам од неа.