Па види ако го немам тоа сето нема ни да ми биде маж. Јас не би можела да живеам со партнер кој не е стабилен и созреан па да подлегнува на мамичка и да не знае шо значи граница и како се поставуваат истите.
Значи ако сакаш на детето да му ја облече плавата блуза, ќе кажеш на свекрвата зелената сакаш и ќе му ја облече плавата. Така сфатив
И јас искрено неможам да поднесам такво живеење но живеам со надеж дека еден ден се ќе се среди, а до тогаш само трпение.....
Денес читав некоја глупа измислена приказна за снаи и свекрви, па ај викам да ѕирнам во темава. Во очи ми падна мислењето на едн членка, за викање по гости, блискост и сл. Моите свекор и свекрва исто така со другите сватови се поблиски, со моите не. Не се замарам ни јас околу тоа. Пример золвата е поинаква, таа се јавува кај моите да им честита родендени, настани, кога доаѓаат кај мене ги поздравува и сл. Свекор и свекрва ептен сосила некогаш кажуваат да ги поздравам, ништо повеќе. Ниту се скарани, ниту нешто има за лутење, ама блискост нема. А искрено и подобро така.
Читав и јас и некако бев поделена со мислења. Моите се океј со свекор/свекрва. Празници, слави, имендени ( родендени не, моите не ни слават, само ние децата идеме). Јас па несакам да имаат блискост. Почитување е доволно. Е имам и другарка што се омажи буквално на 2 улички над нас. И уште во врска додека беа со маж и , постојано сваќиве една кај друга, натака навака, ручеци, викенди. И дојде време преселба, некои безврска работи имаше, сега јадење гурабии една за друга сваќиве, кога ќе се видат лице правење на најјако. Мене ми е тоа безмислено…
Јадење гурабии Не знам во мојот случај дали се јадат гурабии. Не се интересирам. А шо викаш на почеток криво ми беше зошто моите на едно кафе не се поканети, а после во муабет меѓу редови свекрвата знаеш шо ми рече ? Моите дале ќерка во оваа куќа, они треба повеќе да почитуваат и да се замараат. Е фала не. Искрено поарно дистанца отколку безобразно лицемерие.
Моите и свекорот и свекрвата имаат Ок однос да речеме без некоја поголема близина. Се гледаат неколку пати годишно, за родендени, имендени и куќни слави. Настрана од тоа чести дружби немаат и сметам така е подобро. Кога ќе стаса бебето верувам ќе биде почесто доаѓањето и гледањето пред се затоа што сме во иста куќа со свекорот и свекрвата ама да се прашувам јас и едните или другите би биле присутни во различно време. Моиве хормони многу "продавање умови" и гужви, па и не поднесуваат. Тешкото е што бебе стасува на зима, па некој период ќе сме по дома инаку сите средби културно во парк ќе ги организирав. Золвата мислам дека не ни има контакт со моите родители, ниту пак јас со нејзините свекор и свекрва. Во различно место се, па ако случајно се видиме на некоја прослава може да се дружиме час/два. Можеби јас/ние сме премногу диви како карактер меѓутоа не гледам потреба што јас би разговарала секој ден со свекрвата на золвата.
Ај да ја активирам темава. Дојдов да се испукам, не дека незнам што да правам, ама преку глава ми е. Пред кратко време на свеки и беше дијагностицирана болест, не е нешто трагично ама има болки во коски кои ќе си ги носи дур е жива и со лекарства делумно се регулира. Е сега проблемот е што жената си влезе во филм дека ја сите нејзини обврски треба да ги превземам, ама не го кажува тоа директно туку наложува суптилно. Демек она мора да мирува, а ја све да чистам и ручек да им правам. Да нагласам, во иста куќа сме, различни спратови, скроз делени со различни влезови. Јас гледам да помогнам и да се најдам колку можам, зошто пак луѓе сме имам разбирање, ама не дозволувам секоја можна обврска да ми се стави на грб. Како на пример, имавме куќна слава минатата недела и ко секоја година и помагаме со мм и свекор ми се вклучи годинава и жената 3 дена пред тоа упорно се трудеше да ми ја префрли мене цела слава, т. е. јас све да си спремам од наредна година, демек моја да е славата, јас преќутно игнорирав, ама дента ми дојде преку глава, све спремив сабајлето, си го легнав детето иде жената после некое време горе демек го пуштила мм да го однесе лебот во црква, нели да го испее попот и било жал мене да ме викне, ќе се разбудело детето,ама од наредна година ја ќе сум превземела. Сите години претходни свекор ми и она си го носат. Ми дојде веќе преку глава и и реков "ти не си умрена ја да превземам слава, спремај си, ние ќе ти помагаме" и си отиде налутена, демек она неможе веќе. Сега пред некој ден му вика на син ми ти и мама ќе ми украсите, ја неможам. Не ти украсувам, ако неможеш немора да ти е украсено ебате, уште после и да раскитувам ја ќе треба. Доволно е што еднаш во неделата и смукам и 1-2пати и симнувам ручек, свекор ми здрав прав, дур лежи нека и љупи компири и кромид за ручек да спреми, за да не ја болат неа рацете. Ама за по комшии чудно ама ич не и е проблем да оди. Му кажав и на мм јас волку можам да помогнам, татко ти е тука нека и помага и он е согласен со мене дури еднаш и рече, дур лежи по креветите нека свари една супа. Иначе мм знае да земе да и обеси алишта по потреба, не стално и уште му вика ти си како мене, да ме гледаш како правам, се ќе знаеш да правиш, а уствари он и све знае да прави, ама ова и беше индиректно префрлање дека треба да и се превземат обврските, демек она веќе стара е, а 60 години има
Арно си и кажала ова за славата. Брее, ќе западнат малку одма се активира тоа дека некој треба да ги гледа, т.е слуга да им биде. Прст да не ги заболи е работава.
Мене така ми набацуваат, демек од друга година па снаа ќе спрема слава и ред други прости работи што имат ефект на оглупавување кај спротивната страна што ги слуша. Снаа ќе спрема кога ќе има нејна слава, у спротивно ќе помогне колку се можностите. И ај чао! Јас божем на памет не ја ставав, ама не можам да останам имуна на простилукот.
Она си го навести ова одамна, дека внуци ќе чувала ја ќе сум готвела за сите и ќе сум чистела, ама наиде на лев карактер па сега кружи одоколу. Башка има тука и друг фактор, сакам синчето да и го однесам во странство, па сега дур може да влијае демек неможе без нас. Што ќе речат комшиите оваа неможе, а снаава не и чуе. Еве ја сега украсува, жива нервозна е, мачно било украсувањето ако сум толку нервозна ич не украсувам
Еј а пази ова, овие работат земјоделие, син и не знае кај се нивите ама затоа снаа ќе ја одменила. Хахахахаха. Се изнасмеав хистерично. Викам важи, однеси го син ти прво, да се научи да работи па после он мене ќе ме научи.
Напрај се и ти на три ипол оф ме боли тука оф ме сецна тука нешто и седни, абре глеј си твоја фамилија твои садови твои алишта и да помагаш и да не помагаш ќе се збори
Абе имав тактика, преку син и да иде комуникација. Ама ова не се издржува Затоа, најдобро безобразни да сме, у спротивно побрзо од нив ќе западнеме
И ние имаме и она викаше од вгодина на кој му се јаде нека сади. Демек ја и мм. А ние буквално се купуваме, дали 3 кромида и 1 кеса компири и имам земено, сама што ми носи горе демек еве добра сум ти носам, тоа не е мој проблем, сум и рекла да не носи, имам, она упорна е, ако за тоа сметс дека морам да работам нива, може само да си смета дека ќе е така
Мм ми вика неможам веќе да се замарам, не се замарај ни ти, колку сакаш најди и се ко до сега, пак ќе речам луѓе сме колку толку и готово.
Ама и нив никој не ги тера да работат. Ако веќе си се запнал, не очекувај ништо за возврат посебно. Јас се лутам кога ќе ми ги испрати кесите со свашта од дома, божем сме студенти. Фала, да, помош е, ама не ми го вади на нос.
Тоа па посебен феномен е, снаата е за се крива. Знаеш демек синчето е глупаво па еве ќе го оддели од мајкичка. А шо хармонично си живееме во Македонијава хахаха