Ни штети на разум и здравје со вакви глупости да се замараме. Јас увек сум викала на сите да ги игнорираат, да не се замараат, ама комплетно почнав да разбирам зашто е толку активна темата
Мислам дека е малку безобразно од твоја страна што си и рекла за славата дека неќеш да и ја продолжиш, мислам со години си ја славеле славата они таму, не значи дека кога ќе умре таа треба и славата да не се слави веќе.. Знам по чичко ми, кога се ожени син му, снаата му рекла не можам да ти ја спремам јас тебе славата, многу гости ти доаѓаат, и човеков кај нас беше, и ептен беше навреден од нејзиниот однос, куќа и направи, кола им купи, фирма отворија им помогна, се дома им среди, она две тенџериња сарми, и една тепсија баклава неќеше да му направи, а толку гости му доаѓаа него, едвај 10 луѓе.. Уште паметам колку му беше жал и криво затоа што така се однесуваше со него снаата, ние му помогнавме да ја спрема славата, две години, потоа си почина, а жена му одамна е почината.. Ти си знаеш, ама пази како се однесуваш, бидејќи не знаеш колку и како можеш да влијаеш на луѓето, особено кога се работи за слави, обичаи, старите луѓе се многу осетливи..
Свекрвата сакала снаата да спрема за нејзини гости. Ми мириса работата ја ќе ти кажам кој да викнеш и ја ќе пречекувам ама ти ќе спремаш. Плус не секој сака слава да слави. Зашто мора да се продолжи и наметне.
Ја и реков дека ќе и помагам да ја спрема, дека несакам да ја превземам. На славата нејзина сестра и и брат и идат, од кај свекор ми никој и они прават, исто и мајка ми. Ја да превземам на мој грб само дпмашните ќе си правиме и крај. Не идат ради мене, за неа идат. Јас имам именден за детево мое. А споредбава не ти е ок, никој куќа не ми дал, па ни кола.
Имам и золва што е во странство. Ама битно еднаш ми го пререче свекрва ми кога ја изнервира мм демек ако немав ќерка, ништо од мене со синов, а золва ми не дека за нешто е најдена, ем не е тука ем не се замара.
Исто така не е навредливо ни најмалку. Штетно е по нашето здравје да правиме работи што не сакаме, за атр на другите, а истовремено да се пуниме со фрустрации. Плус, има луѓе атеисти. Ајде ако не, за свекрвата да не се навреди, јас ќе носам погачи у црква, против моја волја и религиозни сфаќања.
Среди си за себе и толку. Не мораш ни да чистиш,човечки е ручек еднаш неделно и тоа е. На крај краева има и готова храна може да си порача,исти пари се.
Секој еден ќе помогне колку може, ама не и е обврска тоа. И никој не би требало да си зема за право да доделува обврски на другиот, да наредува и да соли памет. п.с Јас сум исто нервозна од слични глупости. Се извинувам за повисокиот тон. Лично си ја сфаќам работава со членката
Прифаќањето на куќни слави треба да е избор,а не наметнување. Нејзиното ми личи ко да сака да и наметне обврска плус. Но и превземањето слава е откако ќе умрат луѓето(не дај боже), со сила ништо.
Да, да ова е токму тоа, баш наметнување обврски. Ми ги тестира границите, да види до кај може да оди, ама заглави некако, не и оди по планот. Колку повеќе обврски прифатам сега, толку повеќе ќе си ги носам.
Не сум некој ептен побожен тип на човек ама мене би ми било некако шубе да прекинам самоволно куќна слава па макар и било еден ручек со најблиските.
Па јас реков ако превземам утреден, ќе си го обележуваме домашните,не реков дека ќе ја отфрлам. Ако живеам во Шведска кога (недај боже) ќе умрат старите што ќе правам? Да се вратам овде и да правам слава само да не се прекине нештото?
Слава може да се слави секаде.Ама по личен избор, не наметнување. И се прашува синот/ќерката/друг што е крв, не снаата/зетот.
Па синот/снаата не се сами,венчани се со некого, така да и двајцата одлучуваат. Ја и мм викаме за второ здравје ако е машко нејќеме да правиме именден со гости, ако има нели таков ден, оваа вика ја ќе си правам за внучето вие немора. И сега? Кога ќе умре она, за мое дете ако ми наметне она да славам именден ќе морам да продолжам, кога јас како родител несакам?
Какво превземање ако не сакаш, готово во пеколот ќе гориме ако не направиме ручеци и пијанки. Ако сакаш да го одбележиш празникот се знае како се одбележува, во црква со молитва, а славење на велико е нешто измислено од луѓето за собирање со роднини и покажување пред народ, а нема врска со тоа колкав верник си. Па уште да и украсуваш за нова година. Мене најмешно ми е кога при свекор жив и здрав, бараат "помош" од снаата зошто свекор е маж, а маж не украсува за нова година и не меси кифли за слави. Јас ни едни кикирки не би купувала за слава, а за новогодишно китење ич па да не правам муабет. Гледај си ги твоите потреби, животот е краток да го поминеш во исполнување на туѓи желбички. И да кажеме пак иако е кажано сто пати, не живејте заедно (доколку можете) ни на различен спрат. Штом е иста куќа се знае дека ќе има нервози.
И ја муабетот за свекор жив и здрав и го направив, ама она го жали, маж бил незнаел, ќе научи и реков ко дедо ми што е сам 10 години чим на 70 научи и да пере и да готви,секој може да научи. Колку повеќе ќутам толку повеќе ме искористуваат. Кажав погоре денес украсуваше па уште нервозна. Украсуваш за тебе, не за мене