Леле леле иста е и свекрва ми, секогаш нејзините се најблиски и најмили и се друго што ќе ти створи дури одбивност од толку фалби. А не дека е така, ама за неа се светци, нека простат светците за споредбата.
Зашто да не ја одбие? Мене некој да дојде да ми каже нема шанси. Нека е за убаво, ама тоа се трошоци големи и многу време одзема. Зашто да си става таква обврска ако не сака. Нека се осетливи нивна работа, ама не може на друг да натура нејзина обврска. Она ако е стара и ако веќе не може доволно е погача во црква и ручек да си ручаат семејно они без гости и готово а не морало гости, ама ако може друг да и ја прај. Славата не мора никој да ја преземе нив кога ќе ги нема ако не сакаат да прават тука мислам сувишна е секоја дискусија понатаму. Не може нас родителитр да ни диригираат како да го живееме животот затоа што е наш живот.
Мене би ми било шубе да прекинам слава, дали на мајка ми или на свекрва ми, можеби не би чекала гости ама ќе се собереме домашните на ручек, и ќе го одбележиме денот..
Нема зашто да ти е шубе. Слава нели не се наследува како што знам, туку викаш поп и ти ја "доделува" ти кажуваш дека ја сакаш таа и таа слава. Значи не е наследна прво тоа. И да ја земеш и да не ја прајш со гости пак замерка ќе ти најдат и ќе речат " Па тебе никој не те тераше на сила, ти ако не сакаше требаше да кажеш". На луѓето никогаш не можеш да им удоволиш, факт е дека треба да гледаш тебе како ти одговара првично. Не е тоа од генерации пренесено па ајде и ние. Баба ми има слава, вујко мој ја презема и ете сега се лути баба ми како можело да немаат пари гости да викнат. Абе крајот не им се наоѓа
Ако идеме по верски , слава е колач, пченица и вино. Другото е да не кажам луксуз во денешно време( скапо е се реално). Друго предавање слава од постари на помлади , мајката со синот идат во црква и таму се прават некои обреди да ги кажам, се носи погача и незнам уште што. Ова го знам зашто другарка прашуваа во црква како е правилно. А ако некој сака да има слава се отвара книга или попот прашува( бар кај другаркиве што ми кажуваа) дали имаат некој празник/ светец кој имаат длабока желба да им биде заштитник ( се случило нешто на тој ден, сониле сон, имаат нешто што ги поврзува со тој ден длабоко во душата).
Ај и ја да си прашам. Пошто за мене ова е чудно дури и малку језиво да речам. До кој степен може да одат луѓево. Дали е можно мајката(свекрвата)да е посесивна за синот. Како да се натпреварува со снаата за неговото внимание. И да и е љубоморна на снаата. Дали е можно ова? Ова според мене не е здраво. И некако според тоа ми е неверно. Ама постапките друго кажуваат. Па да слушнам ваши искуства.
Можно е мила, и те како , сум слушнала многу вакви случаеви каде мајката(свекрвата) неможи да се помири дека веќе својот син има своја фамилија за која треба да се грижи, а не како пред тоа само ,,мама мама” За жал, единственото нешто што можеш да го направиш е само да си подалеку од неа - ако имаш можности нормално, или игнор , друго незнам што би те советувала Ние сме на различен спрат, иста куќа. Жената дали 2 пати се качила горе, не ми се меша во ништо, а сепак некогаш ми пречи гужвата што се прави и едвај чекам да се иселам, а не па ти со мало бебенце и со таква посесивност Гледај да бидеш смирена и игнор, а и ако имате можности - иселување
Има, има...Правење лице демек јас не се мешам јас сум нај,нај, ама какво зло има внатре, само еден Господ знае. Се каам што не поставив граница уште на почеток, ама не сум учена така, мислев сите се ко моите, отворени луѓе. Дојдов кај заостаната личност, што пред тоа мнооогу добро глумела. Не знам за какво растројство станува збор, а го има, меѓутоа желбата за внимание е огромна!!!
Еден личен пример на темата: Ние тазе земени. Се беше погодил некој период на слави празници и сл. и некако ни се собраа повеќе денови се' само софри и тешки јадења. И седиме така доле кај нив и мм ми вели: "Утре не сакам ништо друго да јадам, само супа". И така утредента, беше околу 9-10 сабајле, и нели млади како млади само што санале од спиење си лежиме во кревет, си муабетиме нешто и од еднаш ја слушаме неа одоздоле: "Петкооооо (наместо името на мм), супата е готоваааа".
Има свекрви што од инает на свадбата на синот и снаата носат бели, долги, сатенски фустани џоа невеста, па сега ти кажи ми дали е можно.
Не знам дали намерно или ненамерно го прават тоа. Ама еве исто лични примери... Во моментов заради здравствени причини на свекорот, се во друго место, настрана од нас. Доколку сопругот не се јави кога звонат, без разлика дали е на работа, се капи или било што, веднаш има звонење кај мене зошто ги игнорирал. Имавме период кога само што ќе се спремаме за излегување веднаш и притребува нешто да да се испазари, или поткрени или симни од повисоко. Па, друг пример само што на пример ќе остави сопругот (синот нејзин) алишта за перење, веднаш да влези в купатило и да ги испери или да пушти машина, без разлика што на пример јас сум чекала ред, да се средам и моите и на сопругот заедно да ги ставам во машина. Кога виде дека не реагираме многу на тоа, не и обрнуваме внимание, намали со тие работи.
Охооо... Само дебели живци и на игнор, и што подалеку од мајка му живеење. Ние сме штотуку земени, деца немаме уште (10 години сме заедно). Од ист град сме, ама живееме во Скопје. И за викенди си одиме почесто дека од исто место. Дечко ми е единец, и имаат куќа и стан на двете различни страни од градот. Родителите седат во куќата. Ние штом ќе речеме дека ќе си дојдеме, мајка му се нацртува во станот за спиење! Да не бил син и сам... Тој се нервира, и се расправа со неа да си оди. Некогаш си оди, некогаш не. Јас не си трошам нерви на неа, туку директива кај моите и тука си спијам. И само реков дека не сакам после внуци кога ќе има да си мисли дека нешто ќе се смени. Мојов де ќе се скара со неа, де таа ќе го фати на слаба точка дека и е единец (брат му е млад загинат како тинејџер)... И се така во круг. Решивме во станот да ја исчистеме спалната соба, и да си купиме спална наша нова за кога ќе идеме овде нели. Ма не дава женава за жива глава - нејзино било. И да, на нејзино име е... И така јас сум си дома цела време. Понуди како решение да сме си купиле спална, и плус единечен кревет да сме ставиле во спалната Па таа ќе си спие на единечниот кога ние нема да сме тука, а кога ќе идеме ќе спиела во дневна А најјако е што со две спални е станот, ама не сака да ја отстапи спалната. И понудивме и во детска нов кревет да и ставиме, голем. Не сака ни тоа. А не ни живее во станот, во куќата си е со свекорот (тој не се буни за ништо, и мислам дека и не е информиран за лудорииве, тој де вика дека не сака да се меша во ништо). Во Скопје си живееме во наш стан, од нас купен... Ама овде е лудница После, ќе одиме кај нив во куќата на кафе/ручек. И мојов ќе си седне до мене на седмоседот, или ќе се потпре со главата на мене, ќе ме гушне. Женава фучи. Станува и му седнува од другата страна... Па ќе фати да го гушка, да се лигави Дури тренерки кога носи, а бе раката си ја пика од долу кај ногавиците, и го гали до колено (раката внатре во тренерките). Значи воопшто не е нормално, 32 години е син и, женет... Тој ќе и потписне, ќе и рече аман жено тргни ми се. Ќе помине некоја минута и таа пак исто Можам цел роман да напишам... Ама се радувам што сум сепак далеку, и ајде за викенди се издржува. И плус дома ми е искрено и поубаво. Со моите ќе се видам, а и да и е јасно дека не сум на улица најдена.
Втф Раката нејзина ја пика во нејзините тренерки и го гали на колено или во неговите тренерки пика рака до колено. Тргај се понастрана, дури за викенди ви е пречесто, верувај ми. Еднаш на 3 месеци. Аууу.
Женава е психо. Жално што и починало дете, ама ова е многу психо. Познавам луѓе кои изгубиле едно дете, ама вакви работи со друго дете нема. И тоа баш се да кажам имоќни со станови со се. Збори со маж и објасни дека ова е ненормална работа. И ако така се понаша за станот, утре со дете ќе те збудали скроз. Не е поентата ќе седам кај моите да се видам, се е тоа ок , ама женава мора да си знае границите.
Женава да си посетува психијатар Синот нека ја натера да се обрати кај психијатар само него би го послушала
Веројатно во неговите тренерки од ногавицата од долу ја пика, не од горе . @LadyR Баш среќа што сте Скопје. Јас познавам сличен случај на свекрва, живееја заедно со синот и снаата. Свекрвата секоја вечер на сред ноќ им влегуваше в спална додека спијат за да го покрие, демек да не се отскриел во меѓу време, па да не и настини синчето. Снаата не издржа и се разделија. Сигурно имало и други случки слични јас само ова го знаев. Јас на твое место исто би постапила. Нема потреба да влегуваш во кавги додатно кога не си во тој град цело време.
Значи врввввв Од сите можни начини да галиш човек, да ти текне ногавица да кренеш некому Или пак, што ако син му има секс со жена му или се голи, дали наслушнува, си почекува да завршат, па да влезе да го покрие
Леле ова е јако. Ама има и појако. Леле срам ми е да пишам. Значи вака, ова ми го кажува снаата. Се венчале со дечково и ајде во заедница со свекор, свекрва и золва. Паров опрема своја спална соба за нив. Стариве си имаат своја, золвата своја, за голем стан се работи. И од некоја причина, уште од прва брачна вечер свекрва и золва спијат во собата на младите, долу на земја. И така неколку вечери по ред, снаава ми вока абе човек, сакам сп маж ми да легнам, знаеш ко маж и жена ама на овој му било срам да им каже на овие да излезат. И една вечер на оваа и скиснало, дечково заспал и она почнала да го клацка сама креветот и да вика леле бе срааамота, чекај твоите се тука ама продолжувала да клацка во време кое би било потребно за секс. И утредента овие две лути, му викале како не то е срам, иди мрш избањај се, овој збунет. Од таа вечер не им доаѓале веќе. Мене ми беше смешно ама на снаава ич
Немам зборови. Мислев дека се имам видено,прочитано. 32 годишен човек да го тинтра ко мало бебе, да се лигави. Жена у години.