Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    5.182
    Ова со славиве стварно е многу незгодно. И ние кога се земавме свекрва ми имаше коментар да сме ја преземеле славата, јас искрено се направив како да не слушнав. Таа си е здрава и жива фала му на Бога, нека прави додека може штом си го избрале тој ден за слава да им биде. И ние имаме куќна слава кај баба ми, жената е 70 години па еве секоја година сите сме таму за денот. Ниту некогаш им наложила на моите да ја преземат славата, ниту на стрико ми или тетка ми. А и на крај краева, се знае на слава дека одат само најблиските и тие што ќе си ги викнеш сам, не е како за именден што пречекуваш над 100 луѓе вечерта. Барем вака е во нашиот крај, не знам за други места.

    Безвеза е да му наложиш на некој за вакви работи. Можда сакаме да си земеме друга слава, можда нејќеме ич да имаме таква обврска. Имаме 2 имендени, но сплет на околности се уште не славиме ништо официјално со гости, бидејќи не сме досредени дома. Не велам да се заборави целосно тој ден, ама ете може да се оди до црква барем и да се запалат свеќи. Ние живееме одвоено, годинава на денот јас купив ручек за дома и спомнав дека тоа е за денот да се почастиме и да го спомнеме празникот.

    На крај краева, зошто стално синот е тој кој треба да презема слава? Оти не им речат на ќерките да си ја прават славата кај што ќе се мажат? Стварно не ми се јасни овие поделби од страна на свекрвите. Како што си ќутат за ќере, така нека си ќутат и за синот. Не знам што им е толку тешко ова. Сакам на еден ден да имам мозок на една свекрва, па да сфатам што мисли.
     
    На Anyshka, Women35, spacegirl92 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Дали озбилно постојат овие работи?:x
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Абе секакви луѓе има на светов и секакви болештини.
     
    На Estella, cresa-jagoda и VDT2906 им се допаѓа ова.
  4. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.672
    Пол:
    Женски
    Мојава е болесник тежок, веќе нема сила , пошто е прочитана приказна и никој не ја перцепира и со ситници сака да ме испровоцира, после јас и сопругот влегуваме у дуел, и искрено што подалеку од вакви луѓе ем ке ви нарушат брачни односи ем не е здрава животна средина, ем имаат потсвесно влијание со манипулирање на синовите и така. Уште ако синот е нивен продолжеток и е манипулатор бегајте , што да ви кажам спасувајте се. Животот е еден.
     
    На Кена Рис, Fire23, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Хахахахаххаха
    Се плашам да не станам јас таква:D
     
    На bertold и steela.honey им се допаѓа ова.
  6. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Како и секој и јас да се пожалам малце. Денес со свекрвата се испокаравме наводно не сум нешто како треба овие 5 6 дена настината сум, а и капак на тоа дека сум со анксиозност (хипохондрија) скроз сум кутната. Вака се беше океј наназад годините каде живееме заедно, муабет имавме едно друго, ќерка ме нарекуваше ми викаше те сакам едно друго.. Лани ни се случи првата караница малку маж ми беше виновен за тоа, ама не сакам да му се дерат, јесте родители се ама толку е одделен, само го вреѓаат како за ништо не го бива, а не е така, за ништо немаат помогнато, само прирекуваат јас јадење правам, од мои пари јадете, не ти знам што... Се испокаравме што се испокаравме значи толку ме подолна се и сешто ми рече, ајде после изгледа се осети ми се извини ме гушна, ајде јас простив како таков наивен човек, се беше океј, нон стоп прашувам помош дали и треба, и посветувам внимание, ја насмевнувам, сето тоа, си ги завршувам обврските и сето тоа. Како што напоменав на почетокот не сум како што треба овие дена и не можам рака да мрднам, не ги закачив алиштата, таа вчера си ги одделила нејзините од нашите и си ги закачила, а јас секогаш сите ги закачувам и не ги делам. Сабајле мажот ми и рече зошто не ги закачи и нашите и и рекол дека јас не ги делам кога закачувам, и ја слушам во другата соба вика нема ли очи да виде дека е полна корпата, леле така ми пукнал филмот и влегов да се карам значи не можам веќе да ја слушам, од такт ме извади, и цел ден сега плачам.. После си влегов во собата и го слушам мажот ми и вика кој мие садеви нонстоп и кој закачува и дипле алишта нонстоп и таа вика ЈАС, леле си викам смири се и седни си на место оти ако отидев готова ќе беше, после ја слушам му вика како можеше да најдеш иста жена како баба ти (нејзината свекрва), а таа навистина клета жена, многу лошо му направила пред тоа кога била млада.. И сега јас што да правам? Човек сум што простува, а многу ми имаат згрешено сите, пред се на моите родители кои ме малтретираа и физички и психички му простив, секој пат сум од секој навредена и пак седам на страна за да не дојде до хаос, и карактер и став изгубив. Што да правам??????
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Ве вреѓаат, ве праат од гомно подоле и вие им седите, па уште и смешки им правите?
    Како што да правиш? Јасно е што треба да направите.
     
    На Harper, 1209, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Еве по твое што мислиш да направам, мажот ми неќе да оди од тука, стои од моја одбрана да, ама еве тука дека почнавме да си правиме соби и тука сака.. Уште еднаш да ја слушнам да ме навреде си ги собирам парталите и си одам сакал ифе со мене сака не, на улица ли ќе спијам ќе просам ли не ме интересира..
     
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Не навлегувај во конфликт, само игнорирај ја, зошто да се нервираш. Ако има шанси да се тргните од таму тоа ќе вие најдобро решение.
    Зошто заедно алиштата ги перите, секој посебно и за се така.
     
    На Anyshka и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    9.508
    Пол:
    Женски
    Нема што нерви да губиш или мажот на твоја страна ако е заминувате заедно да си живеете или ќе трпите и бракот ќе ви го растури свекрвата со тие намери нејзини да те споредува со неговата баба ,се е јасно тука а највиновен е маж ти извини но свекрвата колку и да те нејќе тебе на него му е мајка и за него би закачила и алишта и би се сложувала со тебе ,значи дека сопругот твој така и дозволува само мора ти да си одлучиш дали сакаш со него да си сеуште бидејќи влијанието нејзино може да биде пресудно дури и да сте во друг дом таа да му ја полни главата со глупости, кривицата е само негова тој не е на твоја страна разбери ти викам од искуство немој после да се изненадиш ,така правеше на мој бивши мајка му и сестра му беа против мене и тој заедно со нив но јас не сакав да согледам да го прифатам тоа е твојот случај е сличен мажот твој штом не те брани плус нејзе ја слуша ти нема што да трпиш и нерви и здравје да си расипеш за такви луѓе .Деца имате ли ,не спомна ништо за тоа ?Во секој случај размисли си дали било една кавга и дека таа се меша или твојот брак не функционира воопшто па потоа реши што ќе правиш .
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Од моја страна е тој дури лани во караница рака крена на татко му, не го удри само ја крена, не дозволува да ме навредува и да ме подолнува никој, и мислам дека не е мамин син како што мислиш ти, знае и те како да и одговори па дури и да ја навреди, едноставно тој ме гледа мене, јас него, ама некогаш не се трпат што прават само нешто да се прирекува, ние не чинеме а ќерка и и зетот чинат, па дури и се кара некој ако и го навреди милото зетче, и тоа и го спомнав прееска, снаата не чини а ако се прави за да и удоволи, а зетот што е оддалечен од неа чини, па дури и со маж ми се скара бранејќи го зет и. Тоа замене не е родител, па што останало да биде салам свекрва.
    Инаку немаме деца.
     
    На Anyshka и hermosa им се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    9.508
    Пол:
    Женски
    Во ред
    Во ред извини ако не е мамин син и на твоја страна штом е не се нервирај кога јасно е дека зетот е медот ти не чиниш снаа си ехее е тоа и јас го поминав на бившиот зет му од сестра му мажот чинеше а за син и не гледаше нејќеше снаа го гледаше зетот со розеви очила.Ако е така остави ги нив да се трпат ,ти не си губи живци поготово ако не заминете од таму ,ќе мора да издржиш се утре другиден и деца ќе треба да чуваш ,мирот да не си го нарушуваш маж ти нека ги стегне негови родители се крај краева така ?Ти не и попуштај за да осети што и како е и помалку ќе си разочарана и посреќна .Подобро би ви било да сте се делеле уште на почетокот ,а сега бидејќи не е така сите ќе мора да се прилагодите
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.394
    Пол:
    Женски
    Леле, тие ве навредуваат, лом ве прават, маж ти рака крева да го тепа татко му.
    Тргнете се од тука ОДМА, а тоа што не доаѓа маж ти, ќе му кажеш ултиматим, или доаѓаш или заминувам сама, а овој муабет што си го правиш сама на себе, само уште еднаш и си одам, само уште еднаш, си го прават еден куп снаи, абе само уште еднаш и ќе види таа, а уствари никогаш не си одат.
    Зошто чекате, да се испотепате еден со друг дома :|
     
    Последна измена: 21 декември 2022
    На Harper, Nausicaa, Angie1432 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    Кога ве читам овде некогаш, моиве проблеми ми се смешни што ги имам со стариве. :drunk: А имам, не дека не.
    Што се се изнаслушав деновиве (и надвор од форум) за проблеми со свекрви, мене ми цвета.
     
    На _adi_5 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  16. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Машки
    Фина лепо ќе и кажеш да разбере. Ако правиш се што ке каже, ке те искористи максимално. Не си го давај животот за никој. Помогни што можеш и што сакаш и толку.
    Сега ги сфаќам на запад што живеат без свекрви и сметаат дека така е нормално и здраво.
     
    На Anyshka, Mother of 2boys, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Во право си нема тука што, ама што да правам после ќе се извине а јас еве исприштив од нервоза од што не можам да и кажам се што мислам и сега пред очи ми е кога рече зема жена како баба ти косата ми се еже ама ќе и вратам јас, мнооогу сум добра сериозно за себе мислам дека сум добра немам став човече, јас со некој кога се карам плачам, место да застанам цврсто и да ја убијам со аргументи јас.....
     
    На Fire23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    овде е проблемот :)
    тоа шо си добра и кога треба и кога не треба, и со кој треба и кој не треба
    така сама си штетиш на себе, на никој друг.
    мора да знаеш со кого како се понашаш.
    утреден никој нема да рече ,,Ааа Зокич добра жена беше, кога сите и` се дереа и ја вреѓаа она ќутеше’’
     
    На Осе, Lisandra, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Сум го научила ова на потешкиот начин. Воспитана сум да не превраќам на никого, ама кога некој човек нема осет и ти прави проблеми тогаш мора да се врати. Ми викаа тоа што тие ти прават е нивна карма тоа што ти правиш тоа е твоја карма, но јас пак и да им вратам не е на некултурен начин. Затоа не трпете и не ќутете кажете си се што ви лежи на душа на шала на смеа, зошто ако држите во себе само болести ќе си закачите. Секаде и сите имаме проблеми но со ќутење не се решава само се ствараат поголеми тензии
     
    На Anyshka, Fire23, Corika и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Fire23

    Fire23 Нов член

    Се зачлени на:
    30 декември 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Јас сум нова на форумов ама имам голема мака и затоа и се зачленив. Имено имам проблем со свекорот а не со свекрва ми, ама мислам дека нема да има проблем што пишувам тука.
    Свекор ми е пијаница. Ај што пие туку и се расправа се кара и навредува кога е пијан.
    Секој ден слушаме погрдни зборови како стоко, гнасотијо, пцуење...најмногу упатени кон свекрва ми или маж ми. Ќе си дојде од работа ќе јаде и почнува со пиење, а понекогаш и пијан доаѓа па уште од врата почнува со дерење. Имаше ситуации кога и со мене се зафаќал, ме има наречено со погрдни зборови, го има свртено маж ми против мене, ме има и избркано од куќата, но заради маж ми и заради мир секогаш сум простувала и сум се враќала таму иако не заслужува. Секој ден има расправии, децата почнаа да плачат и да се плашат, психички ќе не оболи сите.
    Маж ми како да се плаши од него не сака да му го покаже местото или едноставно да пресече и да рече ајде ќе си одиме од оваа куќа.
    Еден период беше мирен, но пред извесно време полуде пак и дојде до толкава расправија со синовите што ситуацијата беше за пријава во полиција, но никој нема храброст да го направи тоа.
    И од тогаш навака секој ден пие и пак истото пак истото го повторува, вреѓа, пцуе. Почнав да се плашам, станав анксиозна заради него. Седам на работа и од нигде никаде имам панични напади, се гушам, не можам да дишам. Кога сум дома или кога си одам од работа се плашам каков ќе го најдам дали пијан или трезен и дали ќе се зафати со мене или со некој друг. Тој сега со мене не се расправа но јас и децата секојдневно трпиме викање и слушаме секакви зборови.
    Маж ми вика мене ми е уште потешко, да немав деца ќе го убиев и ќе го одлежев. Свекрва ми секој ден го колне...животот ни го скрати на сите, а никој не превземаме ништо за да се тргнеме од него.
    Маж ми има 1000 пати разговарано со него, имакажано дека нема веќе да пие, но пак по свое си продолжува а ние патиме.
    И се сака да е по негово. Најмногу ме нервира кога со децава се зафаќа не сакал кинетички песок, не сакал слајм, да не играле со тоа. Не гледај на јутуб, не ставај тетоважи од мастики и 1000 други коментари.
    Стварно не знам што да правам и како да постапам ама во лудница ќе завршам ако продолжам вака.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.