@Fire23 Има само едно решение: Иселете се и ќе имате мир. Ти панични напади, на маж ти уште потешко, децата плачат и се плашат... Па со нормални луѓе никој не сака да живее во заедница, не па со некој ваков. Еве пресечи ти, ако не сака тој. Седнете со мажот ти, направете серизен разговор, разгледајте ги опциите, можностите за станбен кредит пример и да ве нема од таму што побрзо. Не знам што ви е, деца имате, ако треба во барака би живеела, само мир да имам.
Овие зборови и неколку реченици кажуваат се! Маж ти не е маж. Не е сериозен. Ќе го убиев и одлежев? Детско неинтелигентно однесување. Свекрва ти колне? Што добива со тоа? Значи моментално испаѓа како ти и маж ти да се грижите повеќе за свекор ти отколку за сопствените деца на кои може да им го уништите целиот живот. Пријавувајте го во полиција на секое негово пијанство. Одете кај твоите. Отселете се. Било што. Замини си со децата. И ако направиш еден чекор најважното НЕ СЕ ВРАЌАЈ НАЗАД, НЕ СЕ ВРТИ! Аман немојте со тоа селско ќе го убиев и ќе одлежам. Само така незрело ли се решава тоа? И да не заборавам дека вие воопшто не го сфаќате свекор ти и не ја разбирате неговата ситуација. Па секако дека ќе продолжи да пие, тоа е ЗАВИСНОСТ, за тоа се бара помош, лекар, не се убива човекот.
Ете ова ви е проблемот. Дури седите таму ќе го трпите. Деца имате и за нив треба најмногу да мислите во каква средина живеат. Освен да се преселите, друго решение нема и сама знаеш.
Не сака да се лечи. Тоа е проблемот. Апче никако не внесува. Ни глава да го боли ни желудник. Од што се плаши да не му штети некако. Си има тој издувен вентил па нема потреба од лекари. Да видиш само како се плаши ако види малку покачен притисок или нешто да не му е добро. За него си се грижи тој многу добро и си се става на прво место, а нас не изеде. Ем ќе не пукне ем после глуми жртва, плаче за да не направи нас криви, па пак си продолжува по свое. Тежок психијатриски случај е, не е само зависноста во прашање. ама не можеме со сила да го однесеме на лекар...
Dusho nikoj ne e dozen da go trpi ova, pred se I sekogas neka ti bidat decata. Ako ne saka mazot ti ,togas ti bidi taa koja ke ja prekini torturata od slusanje na nesoodvetni raboti, vikanja,vreganje-razgovaraj da se preselite ako ne saka toj, i misli deka mu e OK da zivee vo takva sredina neka si sedi tamu, bidi ti taa koja ke se stavi na prvo mesto i decata. Zosto ti da si go narusuvas psihickoto zdravje pa so tek na vreme I decata da imat trauma.
Зошто не се тргните од таму? За било што во животот не можеш сосила нешто на друг да му направиш. Не може да очекуваш сите да се прилагодуваат на вашите потреби за вие да сте среќни ама вие да си седите така без ништо да направите, решението од небо не паѓа. Заминувајте и оставете го сам. И ти и маж ти и свекрва ти. Мислете најмногу на децата, не е мала работа да живееш со насилен алкохоличар, мора да ги тргнете децата од таму. Маж ти што мисли дека ако почека ќе се среди нешто што не се средило никогаш досега?
Мислам дека маж ми се грижи за свекрва ми. Ние ако заминеме таа нема шанси да дојде со нас. Ја познавам. Многу има претрпено од него, но пак му попушта. Пример ќе ја извреѓа, па ќе и нареди да му донесе јадење, или вино па таа оди. Јас да сум гладен би го оставила па нека се снаоѓа но таа не. Зависен е од неа, тој без неа не може да функционира зошто е така научен. И кога би заминале ние без неа ќе ја јаде неа после, па мислам дека маж ми се секира за мајка му. Никако е, ептен комплицирано е . А јас му кажав дека не ми е важен ни тој ни бракот ако децата ми трпат стресови секој ден и дека ќе си заминам кај моите. Посебно пред празици сум ептен вознемирена зошто сите празници досега ни ги има уништено. Не ми се замили празник откако сум во таа куќа.
Според мене и двете е. Нормален човек не се однесува како него. Не би да набројувам што се има направено заради приватност но според ова што досега сум го видела си има психички проблеми кои уште повеќе доаѓаат до израз кога е пијан. Тогаш едноставно се губи и не знае што прави. Способен е да убие човек. Па после ќе плаче како не памети ништо и другите се криви,а тој не. Се заборавив да спомнам. Еднаш е пријавен во полиција од девер ми. Дојде полицијата и рече ова се семејни работи, разговарајте си и решете. А не се семејни работи. Се работи за психичко, а понекогаш и физичко насилство спрема членови на семејството.
Ако свекрва ти не доаѓа, сами ќе заминете. Не е свекрва ти дете, и таа треба да е одговорна за својот живот. Вака испаѓа психичката состојба на децата помалку битна одколку свекрвата. А пошто и ти си возрасна личност и одговорна како мајка, ако маж ти не доаѓа, ти ќе си превземеш одговорност и ќе си заминеш со децата. Ако треба и во полиција ќе пријавиш. Тешко е, не велам дека е лесно, ама заминување од таму е единственото решение. И јас имав алкохоличар во семејство и ти кажувам како е од прва рака. Мајката се прави за доброто на своите деца, не седете така со скрстени раце и да се жалите од него до недоглед. На маж ти ќе му поставиш ултиматум - или заминуваме во рок од една недела или заминувам сама со децата. Ќе собереш храброст и ќе направиш нешто, децата на вас двајца како родители се потпираат и се надеваат да им пружите здрава средина на растење.
Оваа зависност има назив во психијатријата : codependency. Таа него му треба за да се изживува, тој нејзе за да глуми таа жртва и светица, и да знае дека му треба иако му служи.. Децата се најголеми жртви. Маж ти да си сфати дека неговите СОПСТВЕНИ деца се ПОВАЖНИ од мајка му. Жално но вистинито. За каков мир се враќаш ти? Ни М нема од мир тука. Оставете ја свекрвата, она ќе се снајде. Вие нервно ќе попуштите или некој во затвор ќе лежи на крај. Сите ја играте неговата игра. Освен ако сељаков болен не ве издржува ( а еве ти работиш), факајте ОДМА патот. А ако ве издржува, најдете поплатена работа и пак истото, подалеку заради тие исти деца и ваше психичко здравје.
Не можите да го излечите со секојдневно велење да не пие, џабе не се надевајте на тоа дека со разговор ќе се реши. Велиш не превземате ништо за да се тргните настрана. А сте разговаралее воопшто со сопругот за таа идеја? Си му рекла да се преселите? Како реагирал? Или пак можи и сам спомнал? Само то е решение, никој не е должен да го трпи, а најмалку децата. Не вреди живеење под ист кров по цена на вашето здравје. Себично можи ќе звучам, ама ако треба да бираш меѓу свекрвата и децата, секако децата. Па на неа останува дали ќе си замини или не. А мажот ти ако не можи да се оддели од куќата и ако не си го става мирот на семејството на прво место, нека седи со нив ама без вас. Штом си пишала тука значи стварно не се трпи. Ете седни го и кажи му смирено, дека не се трпи веќе и дека сакаш да си одите. Да видиш како размислува, можеби и тој гледа исто решение. И мислам не те сфаќа сериозно дека ќе си заминиш сама со децата.
Нее напротив, ние го издржуваме него. Сметки, јадење, пиење, желби... Тој платата на сметка и ќе си потроши некогаш нешто ситно за негово лично задоволство. Ни на деца им дал ни пак нам. Инаку баш точно го опиша, буквално се иживува и ужива во тоа, тоа го храни...
Му имам спомнато ама како да не сфаќа сериозно. Ќе премолчи, па после откако татко му ќе се смири некое време глумат како ништо да не се случило. Тие си се навикнати така да функционираат. Инаку јас еднаш си имам заминато заради него, но поради маж ми се вратив а сега ми е криво. Можеше тој поради мене и децата да дојде да живее кај мене. Зошто од тогаш до сега ништо не се промени.
Замини си пак и не враќај се. Ако ве сака и сте му битни ќе дојде и тој. Ако не сте му битни, нема да го делиш животот со таков. Лесно е да се каже, ама тоа е, друго нема.
Види, ако тие се навикнале така да функционираат, тоа е нивен проблем. Со алкохоличар или било кој зависник што не сака да се смени никој на крај до сега не излегол. На тебе останува, што си спремна да жртвуваш за својот мир и психата на твоите деца. Она што ти гарантирам е дека нема шанса децата да немаат последици од ваквото растење кога ќе се поголеми. Размисли добро, дали вреди да остануваш во средината која си, која и да е цената, ако твоите деца еден ден плаќаат за тоа со сопствената психа.
@Fire23 јас ќе ти пишам како детето што беше сведок на слична ситуација дома. Трауми имам и последици од истите, оти мајка ми не не тргнала од дома и сме го сведочеле истото. Верувај ми не сакаш твоите деца да имаат вакви последици. ако имаш можност да се тргнеш од таму и да се иселиш, бегај. На мажот верувам дека не му е сеедно, ама и он во таква средина е сигурно растен. Ама кога ќе види дека ти ќе се тргнеш со децата, големи се шансите дека ќе реши и он да дојде. Жално е за свекрвата да, ама мисли на иднината на твоите деца.
@Fire23 јас мислам да си одиш, ако имаш кај. Убаво ти рекоа и другиве. Они ако сакаат да го трпат, и се навикнале, ти не си должна. А децата уште помалце. Они као се помириле со тоа, како спорт некој да е, не зависност, и тоа една од полошите. Маж ти ми личи како да се помирил со тоа шо е татко му алкос, ама не треба да забораи дека сеа има своја фамилија, жена, деца, не може вие да испаштате ради хировите на татко му. На шо личи тоа Прво он не е безбеден за никој, шо ако ве повреди некој ден не дај Боже, тогаш шо ќе праиме? нека го носат негде на лечење кажи му на маж ти дека ти влијае лошо се` тоа на психата, и дека се плашиш за себе и децата, и дека сакаш под кирија/на страна и дека ако сака може да ви се приклучи слободно. Ја не знам како му се седи у токсична средина. Ја би го исфрлила така татко ми без око да ми трепне жими се. Ја не мислам да си го уништам животот, пошо он сакал да пие. Нека пие, ама на друго место нека си ги лечи комплексите. Безобразни луѓе...
Значи имате и план б ако не можите целосно да сте сами. Прво би почнала со тоа да му кажиш колку си сериозна дека треба да замините заедно, ама не само на збор да се договорите, туку уште одма дела. Ако пак не превзема ништо без збор и драми се паковаш со децата и кај твоите. Никогаш не сакам да го ставам човек да бира меѓу мене и друг, ама во случајот е неопходно. И знам дека не е лесно ова, ама верувам дека за мирот на децата би го направила. Не можам за друго да зборувам од искуство, само дека ништо, ама баш ништо не е вредно колку здравјето, да си го чуваш и своето и на дечињата.
@Fire23 животот со алкохоличар не е живот. Бегајте сите комплет и најдете си го мирот сами. Тоа не пијам повеќе трае недела-две, после пак старата песна. Не ги трауматизирајте децата, ќе им остане за цел живот. Прво за доброто на децата, после и за ваше - иселете се. Свекрвата ако сакате земете ја со вас, но не ви е обврска. Знам дека ти е жал ама нека ти биде повеќе жал за децата. Тие тоа не го избрале сами.