Ја обожавам и на сите им ја кажувам кога ќе ми речат, а бе ај направи еден атер а тоа што треба да го наравам ми штети мене.
Проблемот не е само во старите, туку и во младите. Влетуваат во врска и во брак без да размислат каков ќе им биде животот во зависност од околностите.
Старите не можат да се сменат, тие биле такви и такви ќе си останат, младите или ќе си останат таму и ќе трпат, или ќе си одат..
Еехх да можам мојот моментален памет после таква врска да им го напикам во глава на овие жени. Да му се завртат на таканареченото мажуле и да му кажат "шо се курчиш бе пичко една ти си поголема пичка од мене" и да му треснат врата пред нос а може и нос да му скршат и да си заминат .
Што ако веќе размислиле и такви се околностите? Мораш да живееш во заедница, немаш финансии за повеќе. Еве ТИ што би направила? Сите знаеме што е подобро и најдобро, не му треба просветлување на човек од форум. Навистина ме интересира. Во врска си долги години со личност која што ја сакаш, решавате да стапите во брак, немате финансии за станбено решение. Кирија според мене е пари фрлени во туѓ бунар. Што ќе правиш? За штедење се знае колку можеш со минималец да заштедиш. Вие не ги согледувате туѓите околности, но знаете што е најправилно пишувајќи од домот каде друг ви плаќа сметки и храна.
Во коментарот и на финансиите мислев. Човек треба да ги има. Минималецот не е моќен, но е подобар од немање пари.Отскочна даска е. Ако некој сака да се одвои, ќе си бара и подобро платена работа.Кирија е далеку подобра опција од заедница. Знам што е најправилно бидејќи ме воспитале да станам независна пред да се впуштам во врска и брак.
Лично јас живеев во мој стан ( додуше наследство од моите) а сега купив уште еден и работев веќе 5 години која раскинав си стоев на мои нозе, сама си го опремив станот со кредити нормално не сум толку богата. Така да не се сите овде што пишуваат од типот тате носи мама меси. А за тие што мора да се во заедница, нека гледаат со кого с емажат. Ако мажот застанува на страна на жената нема да има простор мама и тато да се мешаат.
И јас имам мој стан, не е наследство. Но, сама не го купив. Истовремено имам целосно разбирање за оние што мораат да живеат во заедница. Во Скопје и поретко се нафаќаат на таков чекор, меѓутоа во другите градови па и реткост е самостојно да живееш. Знаеш која е разликата во платите? Тука може и над 1000 евра да земаш, а во друг град, биди среќен со минималец или нешто ситно над. Многу ми се осудувачки коментарите. Немаат луѓето за повеќе и уште толку ги бедирате. Па кој е глуп при пари да седи со старудии по дома.
Тогаш мажите нека си ги бираат и нека не гледаат само розево додека е во врска. Не може да ми каже никој дека не можеш да процениш со кој си во врска особено ако планираш да живееш во заедница. Ни тој ни тие ќе се променат. Жената одлучува дали и сака да влезе во таа фамилија и да се носи со тоа. А тој, ако е мамино синче во врска ќе си биде и во брак. Дете да ми мрзне јас да седам. Курво да ми викаат јас да седам и да го молам да си одиме. Толку ме сака штом дозволува жена му курва да ја наречат. Море мрш.
Ја пример, ако се неговите океј, ќе прифатам да живеам со нив, ама ќе штекам пари за побрзо да се иселиме. Ќе си скратам од се` ако треба. Ама ќе собирам пари за свој мир а ако се лоши со мене дур сме во врска уште, не се мажам. Сериозно боље ич да не влезам у брак, него да треба дур најдеме пари да се карам, да трпам се` и сешто. мирот го ставам и над парите и над љубовта. јас сум таква шо ако неам мир, полудувам
Ова се тие токсични балкански генерациски обрасци кои се пренесуваат од родител на дете и сите тие си живеат во тој зачаран круг на меѓусебна зависност, во удобноста и колку и да им е лошо мислат дека така треба. Мажот ти нема храброст да пресече бидејќи е така одгледуван, да треба да им слугува на родителите доживотно, без разлика како го третираат, снаата туѓинка, нека трпи, кој ја прашува. Да додадеме и зависност на свекорот(викаш дека пијан ве избркал од дома) која е толерирана од другите. Искрено, не мислам дека заедница е невозможна работа ако учесниците во нејзе имаат здрави односи. А тоа е клучното. Еве размислувам, нема друго решение за излез од тотално кинење на тие однсои. Они се стари, сега апсолутно ништо нема да променат кај нив, секогаш вие ќе бидете тие што "не чинат". Има надеж барем сопругот твој да препознае дека не може да го расте детето во таа средина и да си бидете поддршка еден на друг да си работите на своето семејство....мораш да му го ставиш тоа до знаење. Негово е дали ќе му влезе во глава. За доброто на твоето дете, стварно, стварно мора нешто да направиш. Имаш родители во странство, викаш дека можеш да отидеш таму. Тоа ти е огромна шанса, размисли убаво.
мене ме фура шо на форумов е подобро да живееш со свекор и свекрва него да каеш дека имаш нешо од твоите пошо памтам тогаш коа им зборев зашо влагаат необезбедени у брак, ми се имаше пуштено некој дека иам се` на тацна од моите, дека ќе сум имала стан од нив, дека не сум знаела како е. океј, еве мене среќата ми е таква а зашо другите, шо немаат таква среќа, не ги затријат рацете малце па коа сме млади е најдоброто време за штедење и планирано трошење финансии неам деца за ранење, трошоци помалце се` е ствар на приоритет ако ми е приоритет утре со маж ми да живеам у наш заеднички дом, ќе си скратам од нокти, од журки, од луксзни шопингувања, и ќе штедам за стан плус не сите почнуваат да работат за минималец, или работат со години за минималец. пошо тоа на форумов се врти како СИИИИИИИИИТЕ 1,800,000 жители у државава да живеат со примања од 18,000 месечно. апсолутно не е така
Проблемот е што ти мислиш дека луѓето немаат за стан затоа што трошат на нокти и не работат. Не знам како да ти кажам дека не гледаш реално на работите.
Факт е дека не може секој да си дзоволи се. Ама затоа велам ако жената има разбран, маж кој знае да ја одбрани и да и биде поддршка да постави граница на неговите до каде смеат да одат, нема да има проблем никаде. Се додека мажето ќути пред мама и тато додека жена му ја нарекуваат со погрдни зборови за мене нема мир во таа заедница.
пари од неработење не се наоѓаат пари не се штедат од нерационално трошење еве се вработувам 24,000 прва плата. Пример дома сум ослободена од давачки, освен сама ако неќам да купам нешто итн сметка за телефон пример сама плаќам и ми остануваат 21,000 за трошење сите да ги спичам у мол и у кафичи месецот? не, ќе почнам да размислувам подолгорочно, ќе си тргнам 3-4000 на страна тој месец, другите ќе ги трошам. Ако ми останат плус, супер и тие ги тргам на страна и ги заборавам. и секој месец така, до моментот коа треба да се мажам и да мислам за станбено прашање еве и да иам давачки за дома. пак 24,000 нека е платата, 6000 пример дома треба да даам. Од тоа шо ќе остане пак сама бирам колкав износ ќе тргнам на страна, ама така и ќе си скратам од некои задоволства ако треба да бирам дали ќе си кратам задоволства коа ќе сум млада и сингл, или ете у врска а не живеам со дечкото, или ќе треба у иднина да кратам коа ќе иам и деца. Секогаш го бирам првото пошо е факт дека пари не растат на дрво некогаш треба и математики да се напраат, не е само живеј од денес за утре па ќе зиаме кредити, или ќе позајмуваме од роднини, или ај ќе помогнат моите/твоите значи збориме за особи шо влагаат у брак со 0000000000 салдо на трансакциска сметка шо по мене не е океј прво ако ти работиш 5-6 години и немаш ни денар уштедено, значи дека нешо не праиш као шо треба не е поентата на идењето на работа, да ја спичиш цела плата до крај на месец треба да мислиш и на следниот може следниот месец ќе имаш непредвидливи давачки, шо ќе праиш? класичен клапсур е тоа
Математикава е едноставна како за во задача по математика. Во реалноста, има уште триста милиони трошоци кои влегуваат во игра, а затоа што животот не се планира, излегуваат и непланирани проблеми. Освен ако не работиш работа што е супер платена додека немаш обврски да плаќаш сметки дома ниту да се грижиш за некој друг, шансите целосно сам/а да заштедиш за пристоен стан до твојата 27-28 година(кога повеќето луѓе се земаат) се мали. Скоро сите кои влегле во брак обезбедени имаат помош од нивните.
Феминке двајца кога работат со добри плати и малку стискање ќе си заштедат за стан еве да речеме не мора цела сума туку некоја заштеда, некое нивно вложување и станбен кредит. Куќа и стан се средуваат цел живот и тоа ако двајцата се трудат без мешање трети лица. Е сега ако чекаш преку леб погача… Во случајов членката мора да излезе од таму и да се разведе од тој човек, велам разведе затоа што тој воопшто не води соодветна грижа ем за бебето ем за нејзе, ем мама и тато што ќе речат. Кога ќе се начукаат искрени ќе си бидат. Им пречат.
Јас бунар ќе ископав со парите фрлени на кирија тогаш. Ако парот бил долги години во врска пример, можел да собере некоја пара во меѓувреме, ако не за кирија, за некакво учество за кредит. Сите рмбаме за да имаме нешто, не може од небо да ни падне. Го правиме наредниот чекор со план ваљда некаков, не со крстење дека се некако магично ќе се реши. Остајте ја @Feminka22 дека не разбира како се трошат финансии, девојчето фино си кажува дека колкава ти е чергата, толку ќе се оптегниш во моментот.