Ај да направам една математика По 3000 денари да тргаш месечно, зошто на 25 илјади плата, кога ќе дадеш за сметки, храна, забар и 3 дали ќе успееш да тргнеш, ама да речеме со твоите живееш и делите трошоци и ти помагаат. 3000 денари годишно се 36 илјади или 600 евра. За 10 години тоа се 6 илјади евра. И дечкото да штеди 10 години, заедно ќе имате 12 илјади евра. Еве нека се 15 илјади евра, 20 нека се. Со 20 илјади евра, со денешната цена на недвижнини, ќе купите 10 квадрати. Подрум. Ненаместен. Од штедење од кафиња никој не купил стан. Сите купуваат или на кредит или продаваат наследство. Што е во ред, ама да бидеме реални. Јас порадо би фрлала пари на кирија одколку да живеам со свекрва што не ме остава да ја стоплам собата на бебето. Труд треба многу, ама да не се заборава кај живееме, уште сме земја во развој со висока стапка на немаштија.
Само со членкава ситуацијата не е дека сакаат да се иселат ама не можат и немаат каде. Туку е имаат каде и можат ама типот неќе. Не знам баба ѝ што жена е ама ако барем малку би имала раат таму, нека си оди.
@Feminka22 мачко ако сакаш стан,не 3000 месечно, 30 000 треба да одвојуваш за да после неколку години дојдеш до сума да го платиш.
Живееме одвоено, пробувам што помалку да влегувам во дискусии поради личен мир.. Од едно уво низ друго
Еве и кредит да е Фала Богу дека со штедење од кафе не се купува стан. Не се дрогирам знам шо е реалноста Зборам за штедење ако више знам дека ќе живеам со маж ми у нивна куќа/стан, да иам свој денае настрана Еве фаќам дечко со куќа на два спрата, знам дека ќе живееме горе пошо никој не е будала да купува стан плус нели. Епа пошо тоа не е ни мое, ни заедничко, ќе гледам до брак, па и коа ќе сум у брак да иам свои пари колку и да се. И за една автобуска карта да е за да избегам. Кредит е неизбежен, но не и невозможен. Подобро него е вакви психопатки да ми го ладат детето Значи не ми е поентата со муабетов никад да навредам некој или да го наречам неспособен Него фала Богу ете ме сфати членката Зборам дека треба да се планира и да се мисли. Многу од млдите денед брзаат, ќе напраат дете и ај ќе се зееме. Не е само да се земеш треба од нешо и да живееш Ќе барам работа со појака плата на крај краева Некад и ја не знам зашо ја почнувам темава коа знам дека нема да сум сфатена Ама со некој муабњтов у живо да го водам многу поише ќе се сфатиме и ќе ми ја сфатите поентата
Пресметката е точна скроз. Освен за некој со големи примања, невозможно е сам да заштедиш повеќе. Еве ние двајца со сопругот ја споивме заштедата и тоа зборувам за штедење и наше од плати и од родителите (на штедна сметка) и пак немавме доволно за купување на стан. Плативме скоро половина од сумата и продложвиме со кредит. ... На темата, малце се забега со мислењава ама океј. Жената што пиша има празна куќа кај да оди. Мислам стварно треба да си безмилосен да растиш бебе во тие услови а имаш куќа на располагање. Јас на нејзино место би заминала сама со бебето, ако за него сум толку безвредна што дозволува некој да ме нарекува курва, таков маж не ми треба. @Feminka22 Поентата ти е океј, aма во реалност е поинаку.
Како се бара работа со појака плата? Какви филмови си праите, многу ми се јаки математикиве еј. Не е проблем ни до штедење, ни до рано мажење (има куп жени што се млади мажени па имаат супер живот), ни до младо мајчинство, проблем е до мажот.
Како се бара? сериозно? ако сеа си ХР у не знам Витаминка и работиш за 18,000 веќе месец, два, три, 6 и ти здосадува да те мачат за тие пари отвараш оглас и гледаш кај нудат почетна повисока од таа ако најдеш им викаш папа не секаде е почетна 18,000 нека е дека си праам филмови би го продужила муабетов, ама знам дека ќе се развлече, а стварно иам за учење и иако би сакала да го продужиме, ќе мора да го одложиме можам со една членка да дискутирам, не ми е проблем да куцам, дури и да не сум у право ама знам дека нема да е една, и ќе ми отиде цел ден
За дел од ова си во право. Ама тоа е веќе психологија и колку краткорочно/долгорочно се размислува. Секоја ситуација е индивидуална, некако преедноставено е да се генерализира за финансии.
Кажи еден пример за професија со која се трга доволна сума на пари. Освен програмер и доктор, што е тоа кое можеш да го најдеш на оглас според тебе. Џој спомна 500 евра месечно Тоа се 6000 евра годишно, за 10 год 60 илјади. Пред 2 дена гледав стан од 65 квадрати 117 илјади, ненаместен, пак ни пола не си собрал, а дури ги собереш којзнае колку ќе скокне дотогаш. А со која професија освен овие две погоре, може да се тргааат 500 евра. Треба и деца да се раѓаат во меѓувреме. Не мора на 18-20 да се раѓа, ама не секој сака за збира пари до 45 год па да оформува семејство. Тебе идејата ти е убава, многу е добро така да размислува секој млад, а мислам дека почнуваат да размислуваат, ама некогаш реалноста е подруга, има многу непредвидени трошоци, зејтинот бил до вчера 60 денари, сега е 140, тоа е, да престанеме да јадеме не можеме. Другарка ми цело време ја држеа на 3 месеци договор, остана трудна ја заменаа одма. Закон нема што те штити, цела плата си во минус. Еден човек или еден пар тешко е да оди против цел систем, се знае во какви држави уште живеат повеќе генерации под еден кров, во нашата и слични ко нашата.
Хахахахаха Така е, ти си бираш работа и ОДМА те најмуваат нели? Тоа трае со месеци, можеш на 10 интервјуа да отидеш и пак да не те примат, и за тоа време пак да имаш плата од 18, а и 25.000 да е не ти менува. За ти да одиш на интервјуа треба постојано да бараш денови, да лажеш, да се криеш, и знак прашалник е колку ќе успееш во тоа. Да не збориме дека има ризик сегашниот работодавец да дознае, така? И не, нема да си уаааау кандидат ако завршиш факултет, нит магистратура. Ај завршете факултет, пуштете се на пазарот на труд па пишувајте поиздржани мислења, во меѓувреме молете се да не се заљубите нели, не дај боже да се омажите без стан.
Не може само од мажот да чекаш пари за се, мора и двајца да се вложат. Да си самостојна и независна,да немаш деца и маж па да си купиш стан, па да го делиш тоа е веќе друго пак имаш нешто свое што би се рекло. Ти си го остварила. Затоа и реков куќа и стан се гради цел живот ама знаеш дека е твое, на твое име и никој не може да ти командува. Ама кога ќе се зимаш со некого се отвара не 4 него 6 очи за да не има вакви несакани проблеми.
Веќе значи ептен претераа со цените на станови. А пола по Скопје празни стојат, ни живее некој во нив, ни за кирија ги издаваат. Каде бил овој стан ако ти текнува, во која населба поточно?
Искрено ич не ми текнува зошто премногу станови разгледував истиот ден, ама тука се некаде цените, секаде е претерано, 1700 - 1800 од квадрат. Гратис воздухов
боље 10 месеци пробување него да седам и да ме експлоатираат од пробување не умрел никој од глад ќе умреш не се само доктор и ИТ шо зимаат јаки плати, у секој сектор, во одреден дел од кариерата, со напредување, дополнување на знаењата можеш да земеш подобра плата затоа има почетна плата, и после има покачувања ја сеа коа ќе дипломирам нормално ќе зимам 18,000-20,000 пошо нема да знам колку тебе или Стана шо веќе 20 години сте сметководители и сте веќе сениор акаунтерс. вие ќе зимате 50-60,000 после неколку години, ќе дојдам јас на вашето, вие на повисоко, некој на моето ако треба кариерата да ни е рамна линија, и да не прогресирам никако, ни финансиски, ни кариерно, шо ќе ми е? за шо учиме тогаш и вложуваме труд ја иам другарка сеа баш остана без работа луѓе ѕвонеше кај не праќаше CV по разноразни фирми идеше на интервјуа цела недела после 2 недели си најде работа ама она сака да работи. Абе и да се заљубам океј. Ама не значи дека одма треба да рипнам во тавчето ако ни мојот гз не е обезбеден ако јас до крај на месец како самец останувам без платата, со кој мозок ќе се мажам? за утреден и детето да ми е гладно? затоа реков муабетов ќе го продужиме друг пат ја ќе го почнам пак ако сакате ама ќе испозаглавам куцајќи, а пак нема да ме сфатите шо не ми смета, ама коа ќе иам поише време
Не знам, многу качија последниве две години, посебно се ново што градат. Па и се е продадено уште во изградба, што значи купува народот, уште е најдобра инвестиција, во цигли. Ради воздухот тие цени, иначе чист не се наплаќа ... Ај, ем офтопик сум, ем ќе се изнервирам уште толку.
Ако де си правиме муабет Во нормално општество секој заслужува дом. Има работи што се човекови права и секој треба да ги ужива, како вода за пиење, дом, храна, здравствена нега, образование. Што значи и чистачката што нема како да напредува ни после 5 години ни после 15, и таа треба да има можност да има кров над глава, безразлика дали тоа ќе е кирија или нејзин дом. Ако е кирија, да има пари да ја плати и плус да и останат пари кога ќе се разболи да оди на лекар и да не јаде секој ден леб и маргарин туку да може да си купи и портокали и риба и бадеми. Не луксуз, ама да може да живее здрав живот. Сакам да кажам, не мора секој да напредува, да завршува факултет или да докторира за да заслужува пристоен живот. Ама тоа во нормално општество, како во Финска на пример кај што до 2030 година планирале да немаат ни еден бездомник, а и моментално имаат висок квалитет на живот за секого, вклучувајќи ги и тие што работат "обични" работи. Ќе речеш ако нејќеш да се бориш, толку и заслужуваш, и тоа е точно, ама тоа е за се што е надвор од тој пристоен живот. Скапи одмори, скапи коли, брендирана гардероба. А здравје, храна, кров над глава, вода и образование се недискутабилни за секого, од човек со 4то одделение до доктори на науки.
Јас полани кога ми се скрши и падна заб во еден ден ги дадов 4000 за нова коронка, така да Зборот ми е, не секогаш иде како што си планирал, барем не 100% и некогаш ќе се ошуриш за некоја работа, неочекувано.
Ама пак размислуваш малку нереалистично. Никој не ти гарантира ниту дека ќе те унапреди, ниту дека за десет години дупло поголема плата ќе земаш. Ти се водиш според тоа како идеално треба да течат работите, не како навистина течат за поголемиот број на луѓе. А да, најбитното. Огромен број на луѓе не работат во некакви прејаки фирми кај што имаш триста нивоа со нереални плати. Тие огромен број луѓе работат обични професии каде што ако немаш конекции нема ни да напредуваш, или воопшто немаат можност за некакво унапредување. Според математикиве ќе испадне, тие луѓе не заслужуваат маж/жена и деца.