Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Некако си контрадикторна со твоиве постови.
    Од една страна ти ги чува децата,ти готви,ти спрема зимница...и ти на сето тоа велиш дека немаш помош!!!Епа што сакаш друго ...уште да земи и сметките да ви ги плаќа!!Тоа сакаш?!
    Не сакаш да бидеш пепелашка..епа извини ама и таа нема потреба да биде бебиситерка на твоите деца.Оди плати си градинка па да видиш како е!!!Можеби тогаш ќе почнеш повеќе да ја цениш и почитуваш.
    И што тоа толку ти згрешила тебе лично жената?
    Можеби била лош родител но,тоа нема никаква врска со тебе.А како баба гледам дека е супер бабичка :)
    И не не изгледа од страна дека ја искористуваш туку ти навистина го правиш тоа и уште не си ни благодарна.
    Многу лицемерно и воопшто не за фалење по форуми!!!
    Така е тоа биди лоша снаа и ќе имаш добра свекрва :^)
     
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.345
    Допаѓања:
    148.270
    Пол:
    Женски
    се на глава ке ти дојде жено!!!животот е тркало,а свекрва ти изгледа се придржѕва до она библиското
    кој тебе со камен ти него со леб.јас имам 70 годишна свекрва без никакви приманја ни пензија ни соцојално НИШТО.во почетокот од бракот со мм живеевме во мој стан додека да си го потсредиме спретот во нејзината кука,па 6 години плакавме дупли сметки и кај неа во куката и во станот кај сто зивеевме,а плус и градевме.сега сме во една кука на разл.спратови ама на две места храна која ние ја купуваме.зборот ми е ако немас корист од некого не знаци дека не треба да го поцитувас.сто треба јас да ја исфрлам на улица да не и давам пари лебце да си купи,стара е не мозе деца да ми цува се снаогаме ама не ја понижувам како тебе.секој си има посебна култура и домашно воспитание.
     
    На Orthophill, AIT, NoellePage и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    како можеш вака да размислуваш на 33 години? зошто да и ги забраниш децата, тие и се внучиња. велиш дека неколку пати неделно заштедуваш за ручек-ете помош, ти ги чува децата, (што не е нејзина обврска како што не ти е обврска тебе да и помогниш во раскревање на масата) кога ти се болни зашто во градинка болни не ги примаат-ете помош, ти прави зимница ( и тоа не и е обврска ако сте делени)-ете помош, значи жената ти помага а ти ја искористуваш. доволно е децата што ти ги чува кога се болни да не ги влечкаш по улици. се е до домашното воспитување. јас никогаш не би можела некому да не му помогнам ако тоа го побара од мене, без разлика за кого се работи. ти си знаеш ама животот е тркало се се враќа, се се плаќа. и ти еден ден ке бидиш свекрва а твојата ќерка снаа. се надевам дека нема да се сетиш на твоите постапки.
     
  4. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    па чекајте малку бе луге...јас како што разбрав никој не праша ниту пак дозна зошто не ја сака ниту пак почитува свекрвата нели...па можеби има стварно некоја добра причина што така постапува...се се случува со причина
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    јас прашав во еден од моите постови погоре. но одговор не добив. прашав дали и има нешто свекрвата згрешено или онака не ја поднесува.
     
  6. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    И она одоговори дека маж и се загубил ради мајка му а нејзе свекрва и не и викала него само на свекор и му се дерела... јас незнам како сеуште нејзиниот маж ја почитува кога според коментарите и во темата Си ја откажав свадбата...девојчево нема никаква почит и култура спрема никој!!! :@
     
  7. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    ги прелистав коментарите во темата си ја откажав свадбата, немам од почеток читано но баш ке видам. не сум меродавна никого да осудувам но да ја видам да помини низ се што поминав јас, колку само ме навреди свекрвами никогаш нема да заборавам да беше еднаш ај ке речев бидна ама.... но сепак сите сме луѓе, мене ми е важно мирно да спијам со чиста совест, неможам да не и подам една чаша вода. незнам, како што реков порано има и лоши свекрви и лоши снаи, кога би ги научиле свекрвите да пишуваат на форумов би имале што да кажат. во секоја куќа има кавга не е никаде совршено, но почит реба да се има, ако не за друго барем да ги научиме нашите деца да почитуваат не се рекло за џабе детето е огледало на родителите.
     
  8. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Девојчево т.е. женава нема почит, култура и почитување према никој....прочитај ја темата Си ја откажав свадбата...место да им даде трошка надеж на тие девојчиња она им вели дека се недозреани дечишта... :@ нцнцн што држи земјава...ама ок сепак тоа е нејзино мислење (за жал).
     
  9. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89


    Јас незнам што толку и се НАБАЦИФТЕ на женава за нејзиното понашање со свекрваи.
    Уопште неможам да разберам за секоја акција постои реакција ....и обратно
    Да била фина старката немало овааа младава така да се понаша
    како и да е тие стари дртала некад претеруваат
    а маживе ко педеришта трчаат по мајките....ова поновово шо е све со едипов комплекс педерчиња...абре пушти го детето да расте бре кој ку*ац ќе го врзуваш насила....многу сум изреволтирана поради тоа..многу луѓе верувајте
     
    На Anyshka и kikav им се допаѓа ова.
  10. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Ема извини вака ама твојов пост навстина неличи на 33годишна жена !
    Срамота!
    Убаво ти кажа некој погоре , еден ден и ти ќе бидеш свекрва , тркалото се врти !

    Беатриче: Ако старката! е толку лоша зошто и прави ручек , и ги гледа децата..
    ајде да зборуваме малку пореално : ГИ НОСАМ ДЕЦАТА КОГА СЕ БОЛНИ , нели МАЈКАТА треба да е таа што треба да биде покрај нив кога им е најтешко :!: ? Или тогаш свекрвата е добра и ги гледа децата и се. :?:
    И друга работа и јас имам пишувано за свекрва ми , мм не сака ни да разговара со нејзе , ама никогаш не сум му рекла не ја почитувај или било што! Каква и да е него сепак му е МАЈКА ! :!:

    едит: Ако јас некого не почитувам ниту му идам на гости , ниту муабет не му правам , од една страна и се гади од жената а од друга страна убаво и е да дојде на готово да јаде и се останато ! :|
     
    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Јас немам свекрва, сеуште не сум мажена.
    Како ќе се однесувам спрема неа рано е да кажам, ама имам мајка и имам брат кој, здравје Боже ќе донесе еден ден дома жена и сигурна сум дека несакам мајка ми вака да е третирана, како свекрвати што ја третираш ти. Душата ме здоболи кога те читав. Па незнам што да е свекрвати, незнам каква да е вака НЕ заслужува.

    Затоа ти посакувам, да си здрава и жива, да си дочекаш и ти вака да те третираат... Уствари половина од ова, доволно ќе е да ја осетиш болката, ако имаш осет- секако!

    Поздрав!
     
    На anuskaNESTLE, ecapereca и NoellePage им се допаѓа ова.
  12. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Некои се само за на клада, ама Бог секогаш ги поживува да се добијат што им следува. Ни срам ни перде да се немало. Па кој бездушник си ти и кое лицемерие ти шишти низ секој пишан збор.Ако ова е вистина и не тролаш, кутри луѓе со тебе. Какви се такви се тие се. КРв не бираш, ниту багажот и роднините на маж ти. Колу мене и да ми згрешиле, секогаш се навраќам на убавите мигови и тие се помоѓни и бришат се. Срцево ми е големо и знам да ценам што имам какво такво. Се водам од паролата прави добро да најдеш добро и верувам оти секоја моја добрина ќе биде исплатена на моето дете. Е тоа е она што ме води да не сум бездушник и безобзирник, настрана моето воспитување. Жално е непромисленоста и лошотијата на една персона(изивни што те ословувам со персона) да ја плаќа едно невино суштество, а тоа е најголемата казна! Никогаш не е касно за прошка!!!
     
  13. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    еве и со мене и истиот пример...свекрвами е необразована,некултурна жена извинете на изразот за овие 5 години колку што сме во брак никогаш ни нема ништо дадено ни пак помогнато и не ја почитувам...ништо не работи по дома се чека на мене јас чистам,јас готвам,јас се работам а не дека не може така и одговара а за тоа јас сум виновна јас така ја навикнав...по цел ден е пред телевизор и гледа турски серии а јас треба да исчистам,ручек да црнчам по цел ден и за на крај да седне на маса прва нели не е фер и за на крај да ти каже СИН МИ Е ДОЛЖЕН Е ДА МЕ ГЛЕДА...ма немој кое е тоа правило во кој век живееме нели.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.366
    Верувам дека си изреволтирана, очигледно ти се одразува и на речникот.

    Не се НАБАЦИФМЕ на никого. Тука не сме само да се тапкаме по рамо и да ги кудиме свекрвите, се трудиме да бидеме неутрални и непристрасни и да си помогнеме со совети или споделувања на лични искуства.
     
    На Abeja, lolyta777, NoellePage и 7 други им се допаѓа ова.
  15. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
  16. emma79

    emma79 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Ама ме нападнавте. :doh: Не сум јас некултурна и безобразна.Видете,останав трудна и се омажив.Свадба не ми направија.Додека бев бремена,до последен ден работев во таа нивна куќа,трчав од работа,правев ручеци,додека жената си уживаше,воопшто небеше ни дома.Цела работа падна на мој грб.Додека бевме во заедница-се прававев јас, и за мене и сопругот,но и за останатите членови од семејството.Немаа пари за ништо,јас и маж ми работевме,и им ги исплаќавме долговите,се плашев како ќе го пораснам детето..
    Откога си излеговме, искрено ко што кажав и предходно-воопшто не се замарам со таа куќа.Не ме интересира дали имаат или не за јадење,за сметки.Јас моето тамо сум го завршила.Сакаат да ми припомагаат со децава, им дозволувам.Сака да ми готви,нека. Јас сепак,вратена од работа,уморна, негледам зашто да ја поставувам масата,да ја раскрвам и слично.Она уста не отвара, навикната е, а дали пукнува кога јас ќе изезам од тамо-не ме интересира.
    Јас на моите деца ќе им го олеснам животот, нема да ги влечам во длабока дупка-како мојата свекрва.Затоа што она воопшто не размислувала за своите синови-вака и се враќа.Да имаш 3 сина,а да живееш од денес за утре-неможам да разберам..
     
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    потполно се сложувам со тебе, исто и јас го правам.Значи не повикала на ручек, единствено што можам да правам е да ја однесам чинијата до умивалникот. Ако сум сакала јас да мијам садови, ќе сум си ручала дома.Сум миела и јас додека бевме во заедница, а сега не. На ручеци не канам никого, имам време само за нас двајцата да правам, а тоа е понекогаш и пржени јајца, ако дојде случајно добро дошла секогаш ја канам.А, таа е дома по цел ден, пензионерка, па нема да и биде тешко да направи јадење и за нас- што се случува многу ретко.
     
    На Anyshka и Beatriche19 им се допаѓа ова.
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Емма само едно ме интересира . Кој не ТИ направи свадба ? Можеби е погрешно напишано веројатно мајка му немала пари да му направи свадба ( не навлегувам од кои причини дали е нејзино „неекономско“ понашање исл на синот (нели во ресторан секој си го плаќа својот дел) а другото по договор а сопругот исто немал па исвадба немало . И кај мене сопругот си ја плати САМ свадбата неговите дојдоа со рацете во џеб од моја страна моите дадоа пари затоа што јас сеуште не работев , затоа и не побарав злато ниту нешто да ме даруваат од свекрва ми ни поклон од нив не добивме за свадба ако побарав злато на пример ке го купеше мм и она само ќе ми го дадеше , а парите ни требаа за реновирање па го гледав секој денар
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Мене вакво просто девојчиште да ми влезе в куќи, би го снимала и после снимката таап на синот. :devil:
    Edit хихихи сега ја догледав и видов дека и свекрвата слична стратегија применила. :lol:
     
  20. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89


    Danichap поради тоа што не ја слушнавте оваа девојка шо има да каже почнафте да и се набацувате.
    И речников каков таков ми е да ми било се фино и мило и добро немало да пишувам со ваков тон на револт
    толку од мене..
    и секоја чест за снаите шо им вршат тортура на свекрвите :devil:
     
    На Anyshka и HEV им се допаѓа ова.